Уште една малолетничка нападната од познанички, овојпат во Аеродром


Фото: Б. Грданоски

Уште една пријава за физичко насилство меѓу малолетници стигна до полицијата. 

– На 09.02.2024 во 23.00 часот во СВР Скопје, М.Т.(48) од Скопје пријавила дека околу 21.30 часот во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, нејзината малолетна ќерка физички била нападната од неколку малолетнички. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата во денешниот дневен билтен.