Двајца малолетници се повредени со остар предмет во тепачка


Тепачка меѓу неколку лица во скопско Рашче вчера пред полноќ.  Како што информираше МВР, вчера во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Рашче, скопско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.Б.(18) од с.Рашче од една страна и тројца малолетници и М.Х.(18), од друга страна. Во пресметката Е.Б. со […]

Починат вработен пронајден во индустриски објект во Гази Баба


Починато лице (49) било пронајдено вчера околу 13:30 часот во индустриски објект на подрачјето на Гази Баба, соопшти полицијата.   -На 13.01.2024 околу 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во  индустриски објект на подрачје на Гази Баба, Г.И.(49) од Скопје кој бил вработен во објектот, бил пронајден починат. Од страна на лекар од Итна […]

Претреси во Скопје, од дилер запленет имот вреден над 600.000 евра


Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материјали заедно со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога, САЕ Тигар и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по насоки од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје спроведоа криминалистичко истражување од септември 2023 до јануари […]

Повторно пожар во Аеродром, една жена вдишала чад


Вчера во 18:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. “Ангел Димовски“ во општина Аеродром настанал пожар во станот на О.М.(72) од Скопје. За среќа нема повредени, а на повозрасната жена и била укажана лекарска помош во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ поради вдишување на чад. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот […]

Жена нападната на Меѓународниот аеродром во Скопје


Двесет и петгодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека на Меѓународниот аеродром во Скопје, каде работела, била физички нападната.  Како што информира МВР, А.И.(25) од Скопје вчера пријавила дека околу 5.45 часот на Меѓународен аеродром во Скопје, каде била вработена во делот на прифаќање на патници во ТАВ, била физички нападната од Е.Н.(47) од […]

Дури 50 кривични против кичевчанецот што си ја уби ќерката, два пати лежел во затвор


Против 29-годишниот кичевчанец полицијата има поднесено 50 кривични пријави за сторени кривични дела велат од СВР Охрид. Тој во меѓувреме дури и два пати има одлежено затвор од кои еднаш со времетраење од 3 месеци а вториот пат 6 месеци. Од СВР додаваат дека веќе е спроведен во затворот во Битола каде е покрената истрага […]

Се бара осомничениот за убиството на Оки да биде екстрадиран во Грција


Грчката полиција, првично преку меѓународна, а потоа преку европска потерница, бара осомничениот за убиството на македонскиот државјанин на Халкидики да биде екстрадиран во Грција за да биде изведен пред грчката правда, а станува збор за 33-годишен кој е притворен во Скопје за учество во двојно убиство во март минатата година во Скопската чаршија, јавува дописничката […]

Приведени четири лица за вчерашното пукање пред болницата, се трага по едно лице


Четири лица се приведени како осомничени за вчерашното пукање и ранување на двајцата браќа од тетовското село Гајре, што се случи околу 18 часот пред Ургетниот центар н Клиничката болница Тетово. Полицијата трага по уште едно машко лице.  -Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер во 23 часот и 10 минути во Тетово ги лишиле од […]

Расчистено убиството на Оки на Халкидики, сторителот е во притвор за двојно убиство во март


  Грчката полиција го расчисти убиството што на 15 јули минатата година се случи во вила на Халкидики, кога смртно беше застрелан 39-годишниот водач на кланот „Дуќанџик“, Орхан Бајрами – Оки. Во истиот настан повреден беше 45-годишен маж. Сторителот, кој е идентификуван, веќе е во притвор во Македонија, осомничен за учество во двојното убиство во […]

Се пукало пред тетовската болница – ранети две лица


Две лица се повредени со огнено оружје пред зградата на Ургентниот центар во Клиничката болница – Тетово, јави дописникот на МИА. Поради природата на повредите едно од лицата е упатено во Клиничкиот центар во Скопје. СВР Тетово вечерва соопшти дека околу 18 часот и 5 минути кај нив е пријавено дека пред влезот на Ургентен […]

Обвинителството покрена истрага за убиството на двегодишното дете од Кичево


Основното јавно обвинителство од Кичево покрена истрага за убиството на двегодишното дете од Кичево, кое почина од здобиените повреди, откако, според првичните сознанија било претепано од неговиот татко. За осомничениот татко се бара мерка притвор. – Осомничениот 29-годишник, на 18 декември, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената ќерка родена 2022 година. Тој […]

Изгоре автомобил и помошен објект во струмичко Муртино


Во струмичко Муртино синоќа изгорел автомобил и помошен објект, информираа од ТППЕ Струмица. Според информацијата од струмичките пожарникари, пожарот избувнал синоќа во 22:15 часот, а во гаснењето учествувале пет пожарникари со едно против пожарно возило. Се додава дека пожарот бил во разгорена фаза и бргу по пристигнувањето пожарот е изгаснат и е спречено ширење кон […]

МЗ: Двегодишната кичевчанка повеќе од 20 дена била во кома, по што починала


По информацијата дека татко ја претепал својата 2-годишна ќерка во Кичево, по што таа починала од Министерството за здравство излегоа сод етали. Имено, како што велат од таму, на 19 декември, во Ургентниот центар во ОБ Кичево во коматозна состојба е примена двегодишна пациентка,која во болницата е донесена од нејзината мајка. Поради критичната состојба малата […]

Загина 76-годишник во пожарот во Аеродром


Загина 76-годишник, во пожарот во згради во скопски Аеродром, откако огнот избувнал на шестиот кат и постоела голема опасност да се рашири. „Имавме пријава за пожар во станбена зграда на ул. „Пандил Шишков“ во Скопје на шести кат , пожарот беше веќе во развиена фаза имаше опасност да се крене на погорните катови“, вели Звонко […]

Татко во Кичево ја претепал 2-годишната ќерка – починала во болница


На 10.01.2024 година во 15.30 часот, на улицата „Маршал Тито” во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево, од слобода го лишија Ф.Д.(30) од Кичево информираат од Охридската полиција. Тој се сомничи дека на 18.12.2023 година во семејниот дом во Кичево и нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка, која била пренесена за укажување лекарска […]

ЦУК: Повозрасно неподвижно лице најверојатно настрадало во пожар во Аеродром


Центарот за управување со криза (ЦУК) соопшти дека утрово во 06:33 часот на единствениот број за итни случаи 112 е добиена пријава за пожар во стан во зграда на 6-ти кат на ул. „Пандил Шишков“ во Општина Аеродром. Екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје веднаш излегле на терен и го изгаснале пожарот […]

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец


Во напуштена куќа на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат Т.Ш. (49) од скопското село Кучевиште, информира МВР.  Случајот бил пријавен доцна синоќа, во 23:40 часот во СВР Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а бил извршен и увид од екипа на СВР Скопје. По насоки на Јавен обвинител телото на починатиот […]

Запленети 248 грама злато што двајца патници се обиделе нелегално да го изнесат од државата


На граничниот премин Табановце биле запленети 248 грама злато, со проценета вредност од околу 12 илјади евра што двајца сопатници во обид да го скријат планирале да го изнесат од државата без да го пријават кај царинските органи. – Патниците кои патувале со патничко комбе на излез на Табановце од страна на Мобилен тим на […]

Тетовчанка пред година платила изработка на мебел, не добила ни мебел, ниту парите ѝ ги вратиле


Четириесет и седумгодишна жителка на тетовско село вчера во 11 часот и 25 минути во СВР Тетово пријавила дека пред нецела година се договорила со лице од Порој да и изработи мебел за нејзиниот дом и притоа му платила определен паричен надоместок. Меѓутоа, и по два месеци, колку што бил договорот, а и потоа, мебелот […]

Бранителот бара куќен притвор за таткото на Вања


Владимир Туфегџиќ, бранител на осомничениот Александар Ѓорчевски, татко на киднапираната и убиена Вања Ѓорчевска, бара на неговиот клиент ефективниот притвор да му се замени со куќен притвор.Тоа ќе му помогне на семејството кое е погодено од трагедијата, тврди Туфегџиќ. Туфегџиќ побарал обвинителот да го викне Ѓорчевски на распит, бидејќи тој во истрагата нема дадено свој […]