Тинејџер од Кавадарци фотографирал туѓа картичка и со неа си извршил трансакции


Полицијата обзнани случај со крадење на туѓи податоци во теретана.

Осомниечен е 17-годишник од Кавадарци за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.

„На 22 јануари пријавениот во теретана во Кавадарци ја фотографирал дебитната картица на Т.Т.(31), при што извршил повеќе трансакции и се стекнал со противправна имотна корист од околу 4.739 денари“, објави МВР.

Два вакви случаи беа расчистени минатата недела, исто на територијата на Кавадарци.