Две жени во Скопје биле нападнати од сопрузите – тепани се и малолетници


Фото: Б. Грданоски

Во последното деноноќие, повеќе пријави стигнале до полицијата за тепачни низ Скопје, при што настрадале сопруги, малолетници и други лица. ж

Во вторникот, во 23.20 часот во СВР Скопје, 40-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 20.30 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот сопруг С.Л.(43) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Дваесет минути подоцна во СВР Скопје, Ј.К.(33) од Скопје пријавил дека пред казино на подрачјето на Гази Баба физички бил нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Дента пак, во 13.40 часот во СВР Скопје, Г.О.(48) од Скопје пријавил дека на 17.02.2024 околу 22.00 часот на подрачјето на Центар, неговиот малолетен син физички бил нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Утрото во 8.30 часот во СВР Скопје, Ѓ.П.(47) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Центар физички бил нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во 07.46 часот во СВР Скопје, Н.С. (49) од с.Волково, скопско пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, физички бил нападнат од Н.А.(38) од Скопје, кој употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.02.2024 во 08.50 часот во СВР Скопје, Т.Г.(51) од Скопје пријавила дека на 19.02.2024 околу 21.40 часот во училишен двор на подрачјето на Карпош, по претходна вербална расправија, нејзиниот малолетен син физички бил нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во 16 часот во СВР Скопје, Т.С.(48) пријавил дека во населбата Илинден-скопско, по претходно недоразбирање во сообраќајот, физички бил нападнат од Н.П.(27), двајцата од населба Илинден, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во 13.00 часот во СВР Скопје, 57-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 11.30 часот во домот на подрачјето на Шуто Оризари физички била нападната од својот сопруг И.Д.(63) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.