Спречен шверц на дрога, оружје и муниција од албанска на македонска територија


Во две одделени акции албанската полиција уапсила три лица при обид за шверц на дрога и оружје за Северна Македонија.

Според полицијата во акцијата „вреќи“ во селото Рајце, кај Прењас, во близина на Струга, уапсен е Е.А.(28) жител на Фуш Круја кој во автомобил „тојота“ превезувал две вреќи со вкупна тежина од 27,3 килограми канабис.

-На влезот во градот Елбасан се уапсени С.М. (21) и сопатникот А.М.(22), двајцата жители на Дивјак. Во автомобил „ауди“ полицијата пронајде едно парче огнено оружје „калашников“ и 114 куршуми. Во двата случаи крајната дестинација на заплената била Северна Македонија, стои во полициското соопштение.

Процедуралните материјали се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност Елбасан за понатамошни дејствија.