Виз Ер со нови летови Скопје-Малта и Охрид-Лондон Лутон, реобновува седум рути


Нискобуџетната авиокомпанија Виз Ер  денеска најави постепено повторно отворање на седум линии и воведување на две нови линии од Скопје и Охрид до дестинации во седум држави, почнувајќи од март и мај. -Македонците повторно ќе можат да летаат од Скопје до Билунд, Бремен, Рим-Чампино, Турку и Векше и од Охрид до Фридрихсхафен и Меминген. Дополнително, […]

Инфлацијата во Велика Британија на рекордно тридецениско ниво од 6,2 проценти


Инфлацијата во Велика Британија во февруари достигна 6,2 проценти што е највисоко ниво регистрирано во земјата после три децении, објави Националната служба за статистика. Цените на стоките за широка потрошувачка во земјата растат што придонесе за инфлаторен скок, од 5,5 отсто во јануари на 6,2 проценти минатиот месец. Официјалните податоци британската статистика ги објави во […]

ММФ: Војната во Украина ќе доведе до забавување на економскиот раст


Војната во Украина ќе придонесе за забавување на економскиот раст во светот, но нема да предизвика глобална рецесија, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, објавувајќи ги новите прогнози на ММФ за април. Таа на форумот на магазинот„ Форин полиси“ рече дека глобалниот економски раст ќе успее да остане позитивен оваа година и покрај […]

Во втората половина лани 4.400 хипотеки и 17.817 трансакции со недвижности


Во периодот јули – декември 2021 година во државава се запишани 4.400  товари врз недвижностите со вкупна вредност од 1.424.429.882 евра и 13.636.862.460 денари, покажуваат податоците на Агенцијата за катастар на недвижности. Во Центарот за катастар на недвижности Скопје се запишани 1.636 хипотеки во вредност од 727.618.991 евра и 6.552.248.496 денари, а во останатите 29 […]

Ќе има доволно пченица, пченка и брашно, Србија ја крева „рампата“ за Северна Македонија


Граѓаните да бидат спокојни, ќе има доволно количини пченица, пченка, брашно и масло за јадење, порача вчера од Белград министерот за земјоделство, шумарство и водостапанство Љупчо Николовски. Тој имаше работна средба со српскиот вицепремиер и министер за земјоделство, Бранислав Недимовиќ на која, како што соопшти, е договорено во следните 7 – 10 дена да се […]

Бектеши: Политички центри пласираат лажни вести за да создадат паника меѓу граѓаните околу кризата


Одредени политички партии и центри се занимаваат со лажни вести, само за да креираат паника и на таков начин, индиректно, вештачки, да влијаат на зголемување на кризата, рече вечерва министерот за економија Крешник Бектеши. Во гостување на дебата на Телевизија 24, Бектеши уште еднаш истакна дека нема простор, ниту потреба од паника кај граѓаните зашто […]

Групацијата „Тотал“ не сака да купува нафта од Русија


  Француската енергетска групација „Тотал“ сака да престане да купува руска нафта до крајот на годината. Групацијата најави дека не треба да се склучуваат нови договори или да се продолжат постоечките. Како европска компанија, сакате да се однесувате одговорно, се вели во соопштението за печатот на „Тотал“. Групата ја осудува „руската воена агресија против Украина, […]

Суецкиот канал од 1 мај наметнува нова 15-процентна царина за танкерите со нафта


Управата на Суецкиот канал најави дека на 1 мај ќе воведе дополнителни давачки од 15 отсто за нафтените танкери, а веста денеска беше објавена на официјалната страница на администрацијата на каналот. Согласно циркуларното писмо, Управат ана Суецкиот канал од 1 мај ќе наплаќа дополнителна такса од 15 отсто од вообичаената транзитна такса за минување на […]

Италија го помага Ферари со 106 милиони евра


Државна помош во износ од 106 милиони евра наменети за инвестиции во технолошки развој и производство во погоните во областа Емилија – Ромања ќе добие италијанскиот производител на луксузни спортски автомобили Ферари. Парите ќе бидат обезбедени врз основа на Меморандумот за разбирање што Ферари го потпиша со италијанското Министерство за економија, државната Агенција за инвестиции […]

Оперативниот план за вработување вреден 1,8 милијарди денари ќе опфати речиси 15.000 лица


Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2022 година денеска е прифатен од страна на Владата. Со него се очекува да бидат опфатени 14.685 лица за што ќе бидат одвоени повеќе од 1,8 милијарда денари. – Со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот […]

Цените на горивата остануваат исти, Екстра лесното масло за домаќинство поскапо за два денари


 Цената на бензините и на дизелот останува иста, само Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за два денари за литар, одлучи попладнево Регулаторната комисија за енергетика. Со тоа, од полноќ, Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по цена од 75,5 денари за литар. Еуросупер БС-95 останува со цена од 79 денари за […]

Почнува сеидбата во северозападна Украина


Регионот Ривне во северозападна Украина почна со сеидбата на пролетни култури и планира да засее 420.000 хектари и да ги поддржи регионите каде жетвата би можела да биде погодена од војната со Русија, изјави денеска гувернерот Виталиј Ковал. Во регионот Ривне, во близина на границата со Белорусија, започна сеидбата на пролетна пченица, овес и шеќерна […]

Што се случува со КАМ маркетите, пломби и жолти ленти на објектите


  Граѓаните кои денеска се упатија да пазарат од КАМ маркетите беа затечени и збунети од глетката пред повеќе продажни места на оваа компанија, наидувајќи на жолти ленти од Управата за јавни приходи, а некаде информација дека се прави „попис“.  Од КАМ, преку штуро соопштение до медиумите велат дека во моментов има инспекциски надзор. „Ве […]

Стратешките проекти и влез на инвестиции од ОАЕ теми на состаноците на Бесими со Фондот за развој на Абу Даби


Стратешките проекти кои се приоритетни за Владата на РС Македонија и кои имаат придонес во економскиот развој и можностите за нивно финансирање и унапредување на соработката со Обединетите Арапски Емирати, се теми на дводневните состаноци на министерот за финансии Фатмир Бесими со претставници на инвестициски фондови од Обединетите Арапски Емирати, кои, иако планирани да се […]

Цената на нафтата повторно во пораст: 118 долари за барел


Цената на нафтата од утрово нагло се зголеми. Вредноста на барел на лондонскиот пазар утринава скокна на 118 долари, додека на американскиот пазар беше 114 долари за барел. Тоа е раст од околу 10 проценти во однос на вчерашниот ден. Пред десетина дена цените на нафтените деривати паѓаа и под 100 долари. Претходно, барелот вредеше […]

ФЕД е подготвена да ги зголеми каматните стапки побрзо доколку е потребно


Претседателот на американските Федерални резерви (ФЕД), Џером Пауел изјави дека централната банка ќе преземе силни мерки против инфлацијата, која, како што вели, го загрозува инаку силното економско закрепнување. „Пазарот на трудот е многу силен, но инфлацијата е превисока“, рече Пауел во говорот пред членовите на Националната асоцијација за бизнис економија (NABE), пренесува Си-Ен-Би-Си (CNBC). Неговото […]

Анѓушев: Со новата компанија РЕС ќе го смениме сегашниот концепт на снабдување со електрична енергија


Новата компанија на македонскиот енергетски пазар Renewable energy supply (РЕС) ќе понуди сосема нов пристап во снабдувањето и трговијата со електрична енергија, вели проф. д-р Кочо Анѓушев, кој е еден од основачите на РЕС, во интервју за „Фактор“. „Концептот што досега постоеше, според мене како концепт е истрошен и тоа најдобро се покажа баш во […]

Во друштвата за управување со инвестициски фондови и во брокерските куќи кај нас нема руски капитал


Ескалацијата на руско-украинскиот конфликт и предизвиците кои овие случувања ги наметнаа пред се, на енергетски план, генерално гледано доведоа до првични негативни рефлексии врз тргувањето на Берзата, проследено со одраз на цените на акциите, кои се движеа од првичен и еднократен пад од 8,39 отсто на МБИ 10 на берзанскиот ден кога започнаа воените дејствија, […]

Текстилните компании имаат зголемени нарачки од странските партнери


Пазарите во Европа се отворија по корона кризата, по што македонските текстилни компанија бележат зголемени нарачки од странските партнери. Ангел Димитров менаџер на фабриката „Мода“ во Свети Николе и член на Организацијата на работодавачи вели дека дел од странските компании производството на текстил во моментов сакаат да го преселат од Украина или некои други земји. […]

Николовски: Србија за 7 до 10 дена ќе ја тргне забраната за извоз во Северна Македонија


Во рамки на инструментите што ги нуди Отвoрен Балкан, денеска во Белград министерот за земјоделство, шумарство и водостапанство Љупчо Николовски на работниот состанок со српскиот вицепремиер и министер за земјоделие Бранислав Недимовиќ, постигна договор во следните 7 до 10 дена да се тргне забраната за извоз од Србија во Северна Македонија на производите пченица, пченка, […]