Во 2021 реализирани 79 отсто од капиталните инвестиции


Минатата година реализиравме 79 отсто од капиталните инвестиции и со истото темпо продолжуваме и оваа година. Патиштата имаат значаен удел во овие инвестиции. До крајот на мандатот во 2024 година моја цел како премиер и на оваа Влада е да имаме модерни и безбедни патишта што ќе значат побрзо движење, но и силна и развиена […]

Преговори за зголемување на платата во националната Пошта


Владата во рок од седум дена треба да изготви финансиска конструкција за примена на линерано покачување на нето платата на вработените во А.Д Пошта на Северна Македонија по што ќе продолжат преговорите за зголемување на платите, информираа од Сојузот на синдикатите на Македонија по денешната средба на Синдикатите во АД Пошта со директорот Јани Макрадули […]

Лукаревска: Под лупа 84 објекти на КАМ маркетите


Во досегашната работа на Управата за јавни приходи утврдено е дека одредени производи не се ставени во стапката „Г“ во која требало да бидат ставени. Кај одредени деловни единици константирано е дека тоа што значи основен производ и е во делот на одлуката на Владата, не се почитува до крај, истакна вечерва директорката на УЈП, […]

Претседателите на стопанските комори на Македонија и Србија во контрола на граничните премини


Претседателите на стопанските комори на Северна Македонија и Србија, Бранко Азески и Марко Чадеж, на 29 март ќе ги посетат граничните премини Прешево-Табановце (Србија-Северна Македонија) и Ќафасан-Ќафе Тане (Северна Македонија-Албанија) за да извршат увид како функционира регионалната иницијатива „Отворен Балкан“. На денешната средба во Стопанската комора на Србија, Чадеж и Азески го поздравија поставувањето на […]

Средба на македонски и грчки компании – И во период на криза, можности за инвестиции и соработка


Триесетина компании од Северна Македонија и Грција денеска во Скопје разговараат за можностите за инвестирање и за начините за продлабочување на соработката. Станува збор за прва трговска мисија што ја организираат Американската стопанска комора во Северна Македонија и Американско-грчката стопанска комора. Според вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, она што му е потребно на регионот, […]

Нема проблем со производството на маслото за јадење, велат од „Витаминка“


За наредните месеци нема проблем со обезбедување на суровините за масло за јадење, а прилепската прехранбена индустрија „Витаминка“ успешно го снабдува, со 40 насто, домашниот пазар, рече генералниот директор Сашо Наумоски пред премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши кои денеска ја посетија компанијата. Според Наумоски, нема проблеми со производството на масло за […]

Менувачниците ќе можат да купуваат евра од банките


За да се заштити јавноста од ширење непотребна вознемиреност во однос на можноста за купување ефективни странски пари ‒ евра, покрај засилената супервизорска контрола на менувачниците, Народната банка воведува уште еден дополнителен заштитен механизам на менувачкиот пазар, соопштија од НБ. Имено, со измени и дополнувања на Одлуката за менувачки работи, усвоени од Советот на Народната […]

Бектеши: Се прави анализа на антикризните економски мерки, ако треба ќе има дополнителни


Во Министерството за економија денеска ќе направиме анализа, а утре на седница на Владата ќе информираме како се спроведуваат мерките кои се во функција, а ако треба ќе донесеме и дополнителни мерки, со цел да ги намалиме ценовните шокови, посебно за производите за кои е замрзната маржата, најави денеска министерот за економија  Крешник Бектеши. -Ги објавивме […]

Бензините поевтини за половина, а дизелот поскап за еден денар за литар


Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар, а цената на дизел горивата се зголемува за еден денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,01 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 […]

НБ: Во февруари годишен раст од 6,1 процент на вкупните депозити и од 8,9 проценти на вкупната кредитна поддршка


Вкупните депозити во февруари се зголемени за 6,1 процент на годишна основа што се должи на зголемените депозити и кај корпоративниот сектор и кај домаќинствата, но со поголем придонес на домаќинствата. На месечно ниво се бележи пад од 0,4 проценти како резултат на падот на депозитите на корпоративниот сектор и умерениот раст на депозитите на […]

Ќе се бара стратешки инвеститор за „Еурокомпозит“, најави премиерот


Премиерот Димитар Ковачевски денеска од Прилеп најави дека за „Еурокомпозит“ ќе се бараат инвеститори и оти фабриката ќе се реструктуира. Како што истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на „Витаминка“, штом ќе има резултати во однос на изнаоѓањето инвеститор, веднаш ќе бидат информирани вработените, менаџментот и граѓаните на Прилеп каде е лоцирана компанијата. […]

Секое домаќинство или фирма ќе може да стави фотоволтаик на покрив


Во фаза на изработка се законските решенија со кои ќе се овозможи граѓаните да произведуваат електрична енергија на нивните покриви и да ја продаваат на откупувачот и дистрибутер на електрична енергија, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски. Како што истакна при денешната посета на компанијата „Витаминка“ во Прилеп, веќе се работи на обезбедување на либерализиран пристап […]

Во 2021 активно население 943.004 лица, невработеноста 15,7 отсто


Во 2021 година активното население во земјава изнесувало 943.004 лица, од кои вработени се 795.087, а 147.917 лица се невработени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Од податоците може да се види дека стапката на активност во овој период е 56,0 отсто, стапката на вработеност 47,2, додека стапката на невработеност изнесува 15,7 отсто. Според […]

„Пари“: Пензиската дупка за 10 години „проголта“ 4,2 милијарди евра од државната каса


Растот на пензиите повторно го актуелизира прашањето за одржливоста на пензинскиот фонд. Добрата вест е што во Буџетот за 2022 година е пресметано дека ќе требаат многу помалку пари да се префрлат од централната каса, отколку што тоа било во 2021 година. Имено, годинава се проценува дека „пензискста дупка“ , односно износот за пензии што […]

„Градете ја својата иднина, користете ги парите паметно“ – тема на Глобалната недела на парите 2022


Координациското тело на финансиските регулатори за финансиска едукација и финансиска инклузија, во соработка со асоцијациите и институциите од приватниот и граѓанскиот сектор коишто се активни во доменот на финансиската едукација, десетта година по ред ја одбележуваат Глобалната недела на парите од 21 до 27 март 2022 година. Како што соопшти Народната банка, годинашнава тема „Градете […]

Повторно зголемени цените на нафтата


Цените на нафтата повторно  се зголемија во азиската трговија поради немање знаци за напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, додека пазарите продолжуваат да стравуваат за недоволно снабдување, наведува Си-Ен-Би-Си. Поради тие трендови, Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) на крајот на минатата недела повика на брзо намалување на потрошувачката на нафта. Фјучерсите на двете референтни сорти […]

Се „кројат“ нови мерки за ублажување на цените


Владата ќе направи анализи и ако утврди дека дополнително може да влијае во делот на ублажување на цените ќе донесе нови мерки во текот на неделава. Веќе се  санкционираат дел од трговците што не ги почитуваат постојните мерки – за ослободување од ДДВ на основните прехранбени производи, и за утврдените маржи. Власта смета дека мерките […]

„Бизнис надвор од границите“ – прва трговска мисија на компании од Грција во Северна Македонија


Американската Стопанска комора во државава денеска и утре е домаќин на првата трговска мисија на компании од Грција во Северна Македонија „Бизнис надвор од границите“, организирана заеднички со Американско-грчката стопанска комора. Главна цел на трговската мисија е да се истражат потенцијалите за нови инвестициски можности за директни инвестиции во нашата земја, зголемување на билатералната трговија […]

Бектеши: Ако треба ќе донесеме дополнителни мерки за ублажување на цените


На Владата и се на располагање дополнителни автономни мерки и ако утврдиме дека дополнително може да се влијае во делот на ублажување на цените откако ќе се направат потребните анализи ќе бидат донесени, најави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши. Како што рече Бектеши во гостување на ТВ Сител, досега се направени над 1100 контроли […]

Испрограмирани 21,5 милиони евра ИПА помош за патната инфраструктура и безбедност на патиштата


Испрограмирани се 21 500 000 евра ИПА помош за 2022 година кои чекаат одобрување, за подобрување на патната инфраструктура и поголема безбедност на патиштата, напиша во објава на Фејсбук  вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.   Преку ИПА фондовите, истакнува Маричиќ, се реализираат проекти кои се во интерес на граѓаните.   -Процесот на евроинтеграциите е […]