Во 2021 активно население 943.004 лица, невработеноста 15,7 отсто


Фото: Б. Грданоски

Во 2021 година активното население во земјава изнесувало 943.004 лица, од кои вработени се 795.087, а 147.917 лица се невработени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од податоците може да се види дека стапката на активност во овој период е 56,0 отсто, стапката на вработеност 47,2, додека стапката на невработеност изнесува 15,7 отсто.

Според Државниот завод за статистика, стапката на невработеност во 2020 изнесувала 16,4 отсто.