Испрограмирани 21,5 милиони евра ИПА помош за патната инфраструктура и безбедност на патиштата


Фото: Б. Грданоски

Испрограмирани се 21 500 000 евра ИПА помош за 2022 година кои чекаат одобрување, за подобрување на патната инфраструктура и поголема безбедност на патиштата, напиша во објава на Фејсбук  вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

 
Преку ИПА фондовите, истакнува Маричиќ, се реализираат проекти кои се во интерес на граѓаните.
 
-Процесот на евроинтеграциите е скап процес, а финансиската поддршка што земјата ја добива преку ЕУ фондовите е во насока на воведување на европските стандарди дома, порачува Маричиќ.