Гуверерката на руската централна банка побарала да биде разрешена, Путин одбил


  По руската инвазија на Украина, шефицата на руската централна банка, Елвира Набиулина побара  да биде разрешена, но рускиот претседател Владимир Путин го одбил нејзиното барање. За ова пишува Блумберг, повикувајќи се на четири извори. Според нив, сега напуштањето на функцијата претседателот на Русија би го сметал за предавство. Централната банка и Кремљ не одговорија […]

Барањето за плаќање на рускиот гас во рубљи е „раскинување на договорот“, предупредува Берлин


Германија во средата го критикуваше „раскинувањето на договорот“ откако рускиот претседател Владимир Путин рече дека Москва повеќе нема да прифаќа плаќања во долари и евра за испорака на гас за Европската унија.   Таквото барање „значи раскинување на договорот“, изјави министерот за економија Роберт Хабек на прес-конференција во Берлин.   „Сега ќе разговараме со нашите […]

Бочварски: Се разработуваат можности за намалување на цените на патарините


Како Влада разработуваме модалитети и можности за тоа колку може и дали е можно да се намалат цените на патарините. И од тој аспект ние разработуваме модалитети кои ќе бидат одржливи, изјави вечерва министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Тој посочи дека ќе се работи на патарините кон Тетово и Гостивар за да се […]

Нафтата поскапа за четири денари по литар, цената на бензинот останува иста


Цената на бензинот од полноќ останува иста, додека цената на дизелот се зголемува за четири денари по литар одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ). Со оваа одлука, како што посочуваат од РКЕ, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,17 проценти во однос […]

Цената на нафтата се зголеми до 122 долари за барел


Цената на нафтата во средата се зголеми на меѓународните пазари до 122 долари за барел, поттикната од прекинот на извозот на руска и казахстанска нафта преку каспискиот нафтовод. На лондонската берза цената за барел нафта се зголеми за 6.35 долари во однос на претходниот ден, достигнувајќи 121,8 долари. На американскиот пазар барел нафта денеска се […]

Дер Лајен ќе бара од Бајден плин за Европа за следните две зими


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска во Европскиот парламент најави дека утре ќе разговара со американскиот претседател Џо Бајден за да го обезбеди снабдувањето на Европа со течен гас во следните две зими. -Утре ќе разговарам со претседателот Бајден за тоа како да се даде приоритет на снабдувањето со течен природен гас […]

Не е постигнат договор за усогласување на платите со минималната плата


На Економско-социјалниот совет не е постигнат договор за усогласување на останатите плати со минималната плата. Од Конфедерацијата на слободни синдикати веќе најавија протест за 30 март пред Собранието и Владата и можност за радикализирање на идните чекори, а од Синдикатот на образование, наука и култура (СОНК) велат дека ќе дадат поддршка на протестот на КСС, […]

По одлуката на Путин цената на гасот скокна за 20 отсто на над 1.350 долари


Цената на гасот во Европа скокна за околу 20 отсто по одлуката на Путин увозниците од „непријателските земји“ да плаќаат во рубљи. Цената на гасот во Европа надмина 1.350 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на лондонската берза ICE. Априлската цена на фјучерсите во центарот ТТФ во Холандија се искачи на 1.353 долари за […]

Ковачевски: На чекор сме од исполнување на предизборното ветувања – просечна плата од 30.000 денари


Владата на СДСМ е на чекор од исполнување на едно од најважните предизборни ветувања – просечна плата од 30.000 денари, напиша денеска на  својот фејсбук-профил премиерот Димитар Ковачевски.   Според него, мерките за раст на плати и добрите економски политки, овозможија и во услови на двегодишна пандемија платите континуирано да растат.   -Остануваме посветени на […]

Путин бара „непријателските земји“ да плаќаат во рубљи за рускиот гас


Рускиот претседател Владимир Путин денеска соопшти дека Русија ќе прифати плаќања само во рубљи за испорака на гас за „непријателските земји“, кои ги вклучуваат сите членки на ЕУ, откако Москва беше погодена од невидени санкции поради нејзината инвазија Украина. – Русија отсега ќе прифаќа плаќање за извозениот природен гас во непријателските земји само во рубљи, […]

КСС на 30 март на протест, доколку нема усогласување на платите, најавува генерален штрајк


Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) на 30 март ќе излезе на протест пред Собранието изразувајќи незадоволство што досега не е направено усогласување на останатите плати со миниминалната плата во јавниот сектор. – Дел од гранските синдикати и КСС донесоа одлука да излеземе првично на улица на 30 март во 15:30 часот пред Собранието и да […]

УЈП: Завршија контролите во КАМ, нема затворен објект, под лупа и други маркети


Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека завршија контролите на терен во „КАМ“ и ниту еден маркет не е затворен, ниту до овој момент се изречени казни кон овој даночен обврзник. – Законска обврска на УЈП е да го штити интересот на граѓаните и на државата. Во таа насока, а по пријава на граѓани и […]

„Лимак Холдинг“ – инвеститорот на „Diamond of Skopje“ – учествуваше во градењето на најдолгиот висечки мост во светот


Компанијата „Лимак“, која го гради мултифункционалниот комплекс „Diamond of Skopje“ во центарот на Скопје, беше дел од меѓународниот конзорциум од градежни компании кои го изградија најдолгиот висечки мост на светот „Чанак Кале 1915“ во Турција, кој беше официјално отворен за сообраќај на 18. март оваа година. Со вкупна должина на мостот од 4.608 метри, централен […]

РКЕ ќе носи нова одлука за цената на горивата


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во текот на денов ќе донесе нова одлука за цената на нафтените деривати што ќе важи од ноќеска на полноќ. Како што информираат од РКЕ, исполнети се предусловите за носење нова одлука. -Предусловите се исполнети, РКЕ ќе одржи седница на која ќе донесе соодветна одлука за цената […]

Русите се повеќе купуваат крипто валути, Лагард предупредува дека се користат за да се избегнат санкции


Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард во вторникот изјави дека криптовалутите се користат за избегнување на санкциите воведени кон Русија, јавува Anadolu Agency (AA). – Крипто секако се користи при обидот да се избегнат санкциите, рече Лагард во своето обраќање на самитот на Банката за меѓународни порамнувања (БИС). Банката за меѓународни порамнувања е […]

Во јануари просечната месечна нето-плата 29.980 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари годинава изнесува 29.980 денари и е за 6 отсто повисока отколку во истиот месец лани. Просечната бруто-плата, пак, изнесува 44.762 денари и е за 6,1 отсто повисока отколку во јануари 2021 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето на месечната нето-плата се должи, пред сѐ, […]

ССК се вклучува во регионална иницијатива за справување со климатските промени


Претседателот на Сојузот на стопански комори (ССК) Трајан Ангелоски стана член на Управниот одбор на невладината организација „Зелен навигатор на Западен Балкан“, чие основачко собрание се одржа вчера во Нови Сад. „Зелен навигатор на Западен Балкан“ е независно и непрофитно здружение на компании, единици на локална самоуправа, како и други институции и организации од приватниот […]

Една третина од работничките во текстилната индустрија се соочуваат со здравствен проблем


Првото професионално истражување од „Гласен Текстилец“ од Штип и тим на експерти покажа дека една третина од  текстилните работнички имаат потврдена медицинска дијагноза, а останатите работници се во ризик. Најчести здравствени проблеми со кои се соочуваат се видот, крвниот притисок и кардиоваскуларните заболувања. – Кај секој вработен во текстилната индустрија се регистрираат дури три различни […]

АСО: Бројот на претставки решени во корист на осигуреници зголемен 2,5 пати


Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) лани добила 206 претставки од незадоволни осигуреници за работата на осигурителни компании и други учесници на пазарот. Бројот на претставки од осигуреници минатата година е зголемен за 2,4 пати во споредба со 2020 година. Бројот, пак, на претставки решени во корист на осигуреници e зголемен 2,5 пати, покажуваат официјалните […]

ЕСМ: Ја менаџираме енергетската и топлинската криза, работиме и на инвестиции во обновливи извори


Директорот за развој и инвестиции на АД ЕСМ, Благој Гајдарџиски, учествуваше на регионалната конференција за енергетика „Самит за енергетската иднина” што се одржа во Требиње. На панелот „Патиштата и динамиката на транзиција на електростопанствата од регионот” директорот Гајдарџиски ги изложи проектите во обновливи извори на АД ЕСМ и планот за идни инвестиции кои се во […]