Русите се повеќе купуваат крипто валути, Лагард предупредува дека се користат за да се избегнат санкции


Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард во вторникот изјави дека криптовалутите се користат за избегнување на санкциите воведени кон Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
– Крипто секако се користи при обидот да се избегнат санкциите, рече Лагард во своето обраќање на самитот на Банката за меѓународни порамнувања (БИС).
Банката за меѓународни порамнувања е меѓународна финансиска институција во сопственост на централни банки која „промовира меѓународна монетарна и финансиска соработка и служи како банка на централните банки“.
Лагард истакна дека конверзијата на руската рубља во криптовалути е во пораст, додавајќи дека е на највисоко ниво од мај 2021 година.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на 14 март рече дека официјалните лица работат на спречување на Русија и нејзините елити да ги користат крипто валутите за да ги заобиколат западните санкции.