Гуверерката на руската централна банка побарала да биде разрешена, Путин одбил


Елвира Набиулина важи за исклучително способна гувернерка

 

По руската инвазија на Украина, шефицата на руската централна банка, Елвира Набиулина побара  да биде разрешена, но рускиот претседател Владимир Путин го одбил нејзиното барање. За ова пишува Блумберг, повикувајќи се на четири извори.

Според нив, сега напуштањето на функцијата претседателот на Русија би го сметал за предавство.

Централната банка и Кремљ не одговорија на истрагата на Блумберг за наводниот обид на Набиулина да ја напушти функцијата.

На 9 март, поранешниот премиер на Украина Олексеј Гончарук на Фејсбук напиша дека Набиулина сака да поднесе оставка, но Путин не го прифатил нејзиното барање. Информациите за желбата на Набиулина да поднесе оставка ја потврдија два извори на украинскиот весник „Обозревател“ и извор од британскиот весник „Гардијан“. „Набиулина размислуваше да поднесе оставка од самиот почеток на војната. Но, тоа ќе има директни последици за неа и нејзиното семејство “, рече тој.

На 9 март, Кремљ соопшти дека не знаеле за желбата на Набиулина да поднесе оставка. На 18 март Путин ѝ предложи на Државната дума таа повторно да биде назначена за шеф на Централната банка за уште еден петгодишен мандат. Набиулина е на оваа позиција од 2013 година.