Ковачевски: На чекор сме од исполнување на предизборното ветувања – просечна плата од 30.000 денари


Владата на СДСМ е на чекор од исполнување на едно од најважните предизборни ветувања – просечна плата од 30.000 денари, напиша денеска на  својот фејсбук-профил премиерот Димитар Ковачевски.
 
Според него, мерките за раст на плати и добрите економски политки, овозможија и во услови на двегодишна пандемија платите континуирано да растат.
 
-Остануваме посветени на растот на прходите и поддршка на сите граѓани. Покрај платите растат и пензиите, а обезбедуваме и финансиска поддршка за ранливите категории на граѓани во услови на криза. Преку 400 милиони евра се обезбед ени за мерки кои значат повеќе приходи и полесно пребродување на економските предизвици со кои се соочуваме, напиша Ковачевски на Фејсбук.
 

Според податоците на Државниот завод за статистика кои беа објавени денеска, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари годинава изнесува 29.980 денари и е за 6 отсто повисока отколку во истиот месец лани