Уште еден удар за Русија: Си заминуваат големите адвокатски фирми


  Големите адвокатски фирми ги прекинуваат врските со руски клиенти, па дури и ги затвораат своите канцеларии во Москва, бидејќи американските и европските санкции ги погодија клиентите со блу-чип, а Русија е отсечена од сегменти на глобалниот финансиски систем. Големите адвокатски фирми се само еден од мноштвото сектори кои бегаат од Русија поради нејзината инвазија […]

„Макпетрол“: Намалувањето на маржата ќе предизвика криза со горивата и блокада на економијата


Ненадејното намалување на маржите за трговија со горива од 4,5 на три денари, односно за 33 отсто, што историски претставува најниска маржа за трговците, создаде непазарни услови кои ќе доведат до криза со снабдувањето со нафта и нафтени деривати, предупредуваат од „Макпетрол“. Имајќи ја предвид нагласено тесната поврзаност на редовната испорака на горивата со нормалното […]

Скопскиот аеродром по 7. пат најдобар аеродром во Европа во неговата големина


Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, е награден од страна на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI–Airports Council International) со наградата за квалитет на аеродромските услуги (ASQ Award) за Најдобар аеродром во неговата големина и регион (од 2 до 5 милиони патници годишно во Европа) и Најдобри хигиенски мерки по регион (Европа) за 2021 година. […]

Петрески: Инфлацијата е увезена однадвор, засега нема потреба од корекција на каматите


Универзитетскиот професор Марјан Петрески смета дека во моментот нема потреба од корекција на каматите бидејќи засега инфлаторните притисоци доаѓаат само од страна на понудата. – Оваа инфлација е во целост увезена однадвор, преку цените на примарните производи, односно на енергенсите и храната. Засега инфлаторните притисоци доаѓаат само од страна на понудата, односно помалата понуда. Нема […]

Ангеловска-Бежоска ‒ Ван Гелдер: Монетарната политика е соодветна и помага за ублажување на ефектите врз економијата


Народната банка води приспособлива монетарна политика. Внимателно ги следи движењата и прави анализи за преземање мерки коишто ќе овозможат балансирање на ефектите од сѐ повисоките цени, со потребата од одржување соодветна поддршка на економијата. Банкарскиот систем има капацитетот да се справи со евентуалните шокови, а истовремено и да му пружи солидна кредитна поддршка на реалниот […]

Патрик Мартенс: Се заканува прекин на производството во компаниите од автомобилската индустрија во земјава


Директорот на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, Патрик Мартенс, во денешната Утринска телеграма, предупреди дека на компаниите во земјава кои се дел од меѓународните синџири на снабдување им се заканува прекин на производството како последица од војната во Украина. „Сите сме шокирани од војната која започна против Украина и страдањата кои му се […]

Раст на бројот на вработени и на извозот во компаниите од зоните


 Во технолошко-индустриските развојни зони во февруари е забележан раст на бројот на вработени за четири проценти и раст на извозот над 30 проценти, покажува редовната месечна анализа што ја прави Дирекцијата на технолошко-индустриските развојни зони. Според овие податоци, извозот во февруари достигнал 340 милиони евра што е и за 30 проценти повеќе во однос на […]

„Амазон“ целосно се повлече од Русија


Глобалната онлајн компанија „Амазон“ го прекина пристапот до својата видео платформа Amazon Prime во Русија и повеќе нема да испорачува нарачки на клиентите во Русија и Белорусија, соопшти компанијата. Исто така, веќе нема да може да се купи нивната неодамна објавена видео игра Нов свет во Русија. „Амазон“ на тој начин се повлече од Русија. […]

Дизелот поскапува за 8,5, а бензините за 3,5 денари за литар


Цената на дизел горивото од ноќеска на полноќ се зголемува за 8,5 денари за литар, а бензините поскапуваат за 3,5 денари, одлучи доцна вечерва Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,88 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 […]

Ковачевски: Утре пред пратениците измените на законите за антикризните мерки


Уште утре пред пратениците ќе се најдат измените на законите кои се важни за имплементацијата на мерките кои Владата ги определи за ублажување на кризата, најави премиерот Димитар Ковачевски.  -Потпишани се измените на Законот за акцизи и на Законот за данок на додадена вредност и апелирав до сите пратеници да се на ниво на задачата, […]

Битиќи: Моделот што го предложивме за намалување на цените на нафтените деривати е одржлив


Сметаме дека е подобар и одржлив моделот што го предложивме за намалување на цените на нафтените деривати отколку да одевме со еднократно намалување на акцизите, истакна вечерва вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. -Гарантираме дека овој модел независно дали имаме пораст на цена на берза или намалување ќе осигура намалување на цените и ќе ја […]

Бислимоски: Не можеме да си дозволиме луксуз да се откажеме од рускиот гас


Во моментов земјава 100 проценти од потребите за природен гас ги обезбедува од Русија и е 100 процентно зависна исто како и Молдавија и Босна и Херцеговина и затоа не можеме да си дозволиме луксуз да се откажеме од рускиот гас, порача вечерва претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски. […]

Ова се 26-те владини мерки и препораки за економска заштита на граѓаните и компаниите


Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со вицепремиерот Фатмир Битиќи, со министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за економија Крешник Бектеши, и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, ги презентираа мерките за заштита на животен стандард и ликвидност на компаниите. Во продолжение ги пренесуваме  26-те мерки за заштита на животниот стандард  и ликвидноста на компаниите, […]

АМЕРИТ бара мерки за помош на транспортерите


Итна средба со Владата поради растот на цената на нафтата на која ќе бидат  договорени конкретни мерки за ублажување на ударот од кризата кај транспортерите, побара денеска Стопанската интересна заедница за патен транспорт Македонија сообраќај АМЕРИТ, каде членуваат транспортни фирми за превозот на стока и на патници во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај. Лефтер Андонов, […]

Бесими-Брнз: Можности за продлабочување на економската соработка со САД, како главен стратешки партнер


Продлабочување на економската соработка со Соединетите Американски Држави, економските последици коишто би можеле да настанат како последица од руско-украинската војна, како и реализацијата на инфраструктурни проекти, чија што реализација е клучна за развојот на нашата држава, беа темите на коишто министерот за финансии, Фатмир Бесими дискутираше со амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз. Воедно, посочуваат […]

Цената на нафтата се намали под 125 долари за барел


Цените на нафтата денеска паднаа под 125 долари, под влијание на оценката на трговците дека шокот во снабдувањето може и да не се влоши по американското ембарго на руската нафта и најавата на ИЕА за нов циклус на продажба на нафта од стратешките резерви. Цената на барелот на лондонскиот пазар попладнето падна за 3,56 долари […]

Со предложените мерки дизелот ќе поевтини 10,5 денари, а бензинот 11,5 денари, велат од Владата


Со дел од 26-те мерки за заштита на животниот стандард и ликвидноста на компаниите, за заштита на животниот стандард како и мерките за финансиска поддршка на деловните субјекти, цената на дизел горивото наместо 85,5 денари, колку што изнесува сега, ќе се намали за 10,5 денари и треба да изнесува 75 денари, додека бензинот наместо 91,5 […]

За Славески, Владата предложила комплициран модел што не гарантира поевтини деривати


Наместо да го прифати предлогот за намалување на акцизата кај нафтените деривати, како што предлага ВМРО-ДПМНЕ, со што цената на бензинот би се намалила за 13 денари, а на дизелот за девет денари, премиерот Ковачевски денес предложи комплициран модел за намалување на акцизата кој не само што не го разбра јавноста, туку и не гарантира […]

Ќе има ли нова цена на бензините – од РКЕ велат зависи од пресметките


Во тек се пресметки чии резултати ќе покажат дали се исполнети предусловите Регулаторната комисија за енергетика и водини услуги (РКЕ) да носи нова одлука за цената на горивата или не. Како што информираат од РКЕ, се анализираат клучни елементи кои влегуваат во крајната цена а тоа се берзанските котации на нафтените деривати и курсот на […]

Продажбата на гориво на бензинските пумпи се зголемила пет пати, купувале и од соседните држави


Ние се снабдуваме со нафта и нафтени деривати преку грчките пристаништа и нема никаков застој во тоа снабдување. Најважно од се е дека во моментот Северна Македонија непречено се снабдува со нафта и нафтени деривати, одговорија премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши, на прес-конференцијата на новинарско прашање дали Владата има одговор како […]