Министерот за економија на Германија: Поради војната во Украина ќе бидеме посиромашни


 

Германскиот министер за економија Роберт Хабек изјави дека Германците ќе бидат посиромашни поради агресијата на Русија врз Украина.

„Не е можно ова да заврши, а германското општество да не ја плати цената за тоа. Тоа е незамисливо. Верувам дека веќе ја плаќаме цената која е мала во споредба со страдањата во Украина“, рече Хенкок порано оваа седмица.

Агенцијата за статистика на Германија објави дека инфлацијата минатиот месец во оваа држава изнесувала 7,3 отсто, што е највисоко во послендите 40 години. Основна прилина за економското влошување е поскапувањето на нафтата и гасот. Овие енергенти се поскапи за 40 отсто во однос на минатата година.

Поскапувањето на енергентите беше проблем и пред војната во Украина. Војната дополнително придонесе за раст на цените. Загриженоста поради овој проблем е посебно изразена во Германија, затоа што е најголемиот европски купувач на руски енергенти.

Германците инсистираат да продолжат да плаќаат за нив во евра и долари. Русите најавија дека непријателските земји ќе мора да плаќаат во рубли, пренесе Си-ен-ен.