Во Осло промовирана Македонско – норвешка трговска комора


Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска во рамки на официјалната посета на Кралството Норвешка, ја инаугурираше Македонско – норвешката трговска комора.

Како што соопшти МНР, на настанот присуствуваа повеќе реномирани норвешки компании кои имаат отворени бизнис релации со Република Северна Македонија, меѓу кои Normak, Innovation Norge, Pemco, Norske Solar, Exco, Sparpark, SM Enterprenour/Recover.

Исто така, на свеченоста учествуваа и претставници од Министерството за надворшни работи на Норвешка меѓу кои Арне Санес Бјорнштад, кој е специјален пратеник за Западен Балкан, и Кристин Мелсом, директор за југоисточна Европа при МНР на Норвешка и други.

-За време на состанокот Османи истакна дека актуелните инвестиции на Innovation Norge во Нормак и потенцијалните инвестиции на споменатите компании, како и воспоставувањето на Македонско – норвешката трговска комора ќе дадат силен поттик на бизнис заедниците за нивна поблиска и поинтензивна соработка со што ќе се придонесе кон зголемување на трговската размена, стои во соопштението.