МАТТО планира двојно зголемување на инвестициите во Македонија


Инфраструктурните проекти на Град Скопје и можностите за инвестирање од страна на турските компании, беа клучните теми на состанокот на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО) на кој присуствуваше и градоначалничката Данела Арсовска. Пред Арсовска и УО, претседателот на МАТТО, Ајдован Адемоски информираше за активностите на комората и изрази своето задоволството […]

Инфлацијата во САД највисока од 1982 година


Инфлацијата во САД во февруари порасна за 7,9 отсто на годишна основа, објави Канцеларијата за статистика на Министерството за труд. Тоа е најголемото забрзување на стапката на раст на потрошувачките цени од јануари 1982 година, кога американската економија се соочи со двојна закана – зголемување на инфлацијата и опаѓање на економскиот раст, јави Си-Ен-Би-Си. На […]

Возовите повторно застанаа – нема плата за вработените


 Железничкиот сообраќај во земјава од седум часот утрово е во прекин. Причина за бојкотот на работата е неисплатениот надомест за материјални трошоци што машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“ требал да го добие заклучно со вчера. Како што вели претставникот на машинскиот персонал, Душко Чакаровски, утрово, пред седум часот, сообраќале само две лини, за […]

Владата го ограничи извозот на одделни житарки, брашно, сончоглед и сончогледови масла


Се ограничува извозот на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед, одлучи Владата на 26-тата седница.   -Одлуката за ограничување на извозот на овие стоки Владата на Северна Македонија  ја донесе како превентива за да се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и […]

Пад на акциите на Волстрит, инфлацијата највисока во изминатите 40 години


На Волстрит синоќа цените на акциите паднаа бидејќи инфлацијата во САД достигна нови највисоки нивоа во изминатите 40 години, па инвеститорите стравуваат дека американската централна банка ќе мора да ја заостри монетарната политика поагресивно од очекуваното. Dow Jones падна за 112 поени, или 0,34 отсто, на 33.174 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,43 […]

Русија најверојатно ќе го изгуби статусот на „најповластена нација“ поради Украина


САД заедно со Г-7 и Европската унија, ќе преземат денеска иницијатива за да го отповикаат статусот на Русија „најповластена нација“ поради нејзината инвазија на Украина, изјавија за западни медиуми извори запознати со ситуацијата. Одземањето на статусот на Русија на фаворизирана нација го отвора патот на САД и нивните сојузници да воведат царини на широк опсег […]

Институтот за меѓународни финансии прогнозира пад од 15 проценти на руската економија


Руската економија ќе има пад од околу 15 отсто во 2022 година под влијание на острите санкции воведени поради нејзиниот напад врз Украина, се наведува во анализата на Институтот за меѓународни финансии (IIF). Институтот ја намали својата прогноза за растот на бруто домашниот производ (БДП) на Русија за 2022 година за 18 процентни поени во […]

Дизелот поскапува, нови цени на нафтените деривати


Нафтените деривати од ноќеска на полноќ ќе поскапат во просек за 1,67 отсто, соопшти вечерва Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според РКЕ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат и ќе останат 93 и 95 денари, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за три денари и ќе […]

ЕЦБ ги зголеми проценките за инфлацијата во еврозоната


Европската централна банка (ЕЦБ) денеска ги зголеми проценките за инфлација во еврозоната, најавувајќи дека може да ги прекине монетарните стимулации во третиот квартал, и покрај проценките дека руско-украинскиот конфликт негативно ќе влијае на економијата. ЕЦБ сега проценува дека инфлацијата ќе биде повеќе од двојно повеќе од овогодишната цел од два отсто и би требало да […]

Чакаровски: Железничкиот сообраќај од утре во прекин


Машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“ најавува дека од утре во седум часот ќе го прекине железничкиот сообраќај. Причина за бојкотот на работата, како што вели претставникот на машинскиот персонал Душко Чакаровски, е неисплатениот надомест за материјални трошоци што требале да го добијат заклучно со денеска. Според Чакаровски, бојкотот е согласно Одлуката од ноември […]

„Пошта на Северна Македонија“ и „Бугарски пошти“ потпишаа меморандум за соработка


Следејќи ги заложбите на двете влади, за зголемена динамика на соработка и имплементација на заеднички проекти, директорите на Бугарски пошти ЕАД и на АД „Пошта на Северна Македонија“, денеска во Софија потпишаа Mеморандум за разбирање за поштенска соработка. Mеморандумот за разбирање за поштенска соработка се однесува на развој на меѓународни поштенски услуги и е-трговија, имплементација на […]

Ковачевски за „Еуроњуз“: Имаме стабилни економски политики и во време на кризи (видео)


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски во интервју за европската телевизиска мрежа „Еуроњуз“ говори за актуелни прашања, за одржувањето на економската стабилност во земјата и за напредокот и за стратегијата на Владата за полноправно членство во ЕУ, истакнувајќи ја новата енергија во дијалогот со Бугарија, која ќе помогне за совладување на предизвиците […]

Голдман Сакс, првата голема банка од Вол стрит, го затвора бизнисот во Русија


  Голдман Сакс соопшти дека целосно ги затвора своите операции во Русија, што ја прави првата голема банка на Волстрит што го сторила тоа откако Русија ја нападна Украина. Најавата на Голдман доаѓа откако Ситигруп соопшти дека ќе почне да ги прекинува своите операции во Русија. Но, тој процес најверојатно ќе потрае подолго бидејќи Сити […]

Заврши расправата за Предлог-завршната сметка на Буџетот за 2020


Пратениците денеска во рамки на продолжението на 50-та седница расправаа за Предлог – завршната сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, во второ читање. Расправата траеше два дена, а ќе се гласа дополнително. На почетокот на седницата, претседателот на Собранието Талат Џафери соопшти дека дел од пратениците се отсутни поради тоа што […]

Ковачевски побара од институциите и министерствата да штедат


Премиерот Димитар Ковачевски ги повика министерствата и институциите во државата на максимално ниво да ги рационализираат трошоците што не се неопходни, вклучувајќи ги и привилегиите на актуелните функционери. „Тоа значи дека сѐ она што не е неопходно во услови на криза воопшто да не се набавува или да не се троши. Тоа не се однесува […]

ЕБОР: Дополнителни 1 милион евра за енергетска ефикасност во соработка со Комерцијална банка


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) соопшти дека ги поддржува еколошките инвестиции во Северна Македонија со кредит во износ од ЕУР 1 милион за Комерцијална банка Скопје преку Програмата на ЕБОР за финансирање на  зелена економија – GEFF . Средствата ќе бидат достапни за физички лица за инвестиции во мерки за заштеда на енергија, како што се изолација, прозорци, топлотни […]

Леб, масло и брашно во продажба по набавни цени


Лебот, зејтинот и брашното тип 400 од денеска ќе се продаваат по набавна цена, додека за другите основни прехранбени производи се намалува маржата на 4 проценти во трговијата на голема и на три процени во трговијата на мало. Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки веќе е објавена во Службен весник и ќе […]

Москва забрани извоз на над 200 стоки


  Русија забранува извоз на над 200 различни видови стоки, објави владата во четвртокот. Списокот на стоки допрва треба да биде објавен. Според Москва, таа ќе забрани испраќање „одредени видови дрва“ до „државите кои извршиле непријателски дејствија“, како и производните стоки од кои Русија зависи од увозот. „Списокот вклучува технологија, телекомуникации, медицинска опрема, возила, земјоделски […]

Богатите Руси го префрлаат богатството во Дубаи


Англија – Богатите Руси се преокупирани со трансфер на барем дел од своето богатство од Европа во Дубаи за да го заштитат својот имот од поостри санкции против Русија поради инвазијата на Украина, изјавија финансиски и правни извори, објави Фајненшал тајмс. Дубаи, финансиски и деловен центар познат по недостигот на строга регулатива, долго време е познат […]

Светскиот економски форум ги замрзнува односите со Русија


Швајцарија – Светскиот економски форум, најпознат како домаќин на годишниот состанок на елитите во Давос, Швајцарија, ги замрзнува сите свои односи со руските ентитети по инвазијата врз Украина. Рускиот претседател Владимир Путин последен пат учествуваше на настанот на виртуелниот состанок „Давос Агенда“ во јануари 2021 година. Претходно тој лично присуствуваше на настанот. Форумот соопшти дека „нема […]