Градежниците се надеваат дека ќе можат да работат и во неделите


Се надевам дека ќе се примени исклучокот во Законот за недела неработен ден со кој министерот може да даде препорака дека градежништвото може да работи и во недела, порача денеска Андреја Серафимовски, претседателот на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Северна Македонија. -Градежништвото е изоставено од законското решение …

Градежниците се надеваат дека ќе можат да работат и во неделите Read More »

Бочварски: Реализацијата на капиталните инвестиции во делот на транспорт и врски ќе биде околу 91 процент


Реализацијата на капиталните инвестиции во ресорот транспорт и врски очекувам да биде над 90 проценти, односно околу 91 процент, порача денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. -Согласно анализите кои ги правиме и она што треба да го исплатиме до крајот на тековнава година очекувам капиталните инвестиции да бидат околу 91 процент. Наредната 2022 …

Бочварски: Реализацијата на капиталните инвестиции во делот на транспорт и врски ќе биде околу 91 процент Read More »

Нови 42,2 милиони евра од Развојната банка – поддршка за 132 проекти на мали и средни компании


Развојната банка денес ја повлече втората транша во износ од 42,2 милиони евра за мали и средни компании од заемот од Европската инвестициска банка. Со оваа транша, е предвидена поддршка на 132 проекти на домашни мали и средни компании и средно-пазарнокапитализирани компании кои ќе вработат нови 373 лица. Од траншата, најголем дел на средствата се …

Нови 42,2 милиони евра од Развојната банка – поддршка за 132 проекти на мали и средни компании Read More »

Минималната плата од 18.000 денари има за цел подигање на работничките права, велат од Владата


Aнгажманите на Владата се минималната плата да биде 18.000 денари што има за цел подигање, проширување на работничките права, истакна денеска портпаролот на Владата Мухамед Хоџа на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање за ставот на Сојузот на стопански комори дека мерката е популистичка и дека ќе влијае на дестабилзиација на пазарот на труд. – Оваа …

Минималната плата од 18.000 денари има за цел подигање на работничките права, велат од Владата Read More »

Осум нови даватели годинава на поштенскиот пазар, најавени измени на Правилникот за нотификација


Осум нови даватели на поштенски услуги почнале со работа на поштенскиот пазар во државава од почетокот на годинава, а пет го изгубиле статусот.  Заради променетите навики на граѓаните и фирмите, а особено со растот на е-трговијата, од Агенцијата за пошти очекуваат трендот на интерес за лиценцирање да ја одржи нагорната линија во текот на следната …

Осум нови даватели годинава на поштенскиот пазар, најавени измени на Правилникот за нотификација Read More »

ССК се противи на „вештачко“ зголемување на минималната плата


Зголемувањето на минималната плата како резултат на политички популизам, а не на функционални пазарни механизми, на зголемена продуктивност на работната сила и зголемена економска активност, ќе доведе до намалување на работните места, раст на цените на производите и раст на сивата економија, порачуваат од Сојузот на стопански комори (ССК). Алармираат дека ваквата одлука ќе ги …

ССК се противи на „вештачко“ зголемување на минималната плата Read More »

Онлајн предавање за создавање одржлив финансиски концепт на компаниите


Како да се стигне до добро буџетирањето и управување со побарувањата, кешот и ликвидноста, зошто е важна финансиската дисциплина за македонските компании, кои процеси се ефикасни за управување со обврските и долговите во бизнис секторот, кои се клучните индикатори за анализа на финансискoто здравје на компаниите и што промени пандемија од Ковид -19 во работата …

Онлајн предавање за создавање одржлив финансиски концепт на компаниите Read More »

Со регулација на нестaндардните форми на вработување до нови работни места


Состојбата со нестандардните форми на вработување и унапредувањето на работничките права беше тема на работилницата организирана од Меѓународната организација на трудот (МОТ), а на која учествуваа експерти, претставници на Министерството за труд и социјална политика, на синдикатите и на организациите на работодавачи. Вовед во дискусијата беше анализата за нестандардните форми на вработување која ја спроведе …

Со регулација на нестaндардните форми на вработување до нови работни места Read More »

Хрватската народна банка очекува мирна транзиција по прекинот на пресметувањето на Либор


Од првиот ден од 2022 година, Libor, референтната каматна стапка што со децении се користи за одредување на цената на финансиските инструменти, ќе престане да се наплаќа, по светскиот скандал, кога беше откриено дека банките ја местеле во нивна корист. Исклучувањето на Libor значи дека сите инструменти кои ја имаат таа цена во цената ќе …

Хрватската народна банка очекува мирна транзиција по прекинот на пресметувањето на Либор Read More »

ЕК одобри „Мајкрософт“ да ја купи „Нуанс“ за 16 милијарди долари


Европската комисија му даде зелено светло на Мајкрософт да ја купи Nuance Communications, компанија специјализирана за вештачка интелигенција и говорна технологија, со вредност на трансакцијата од 16 милијарди долари. Тоа ќе биде втора по големина аквизиција на Мајкрософт, по купувањето на LinkedIn од 26,2 милијарди долари во 2016 година. Со новото купување, Мајкрософт сака да …

ЕК одобри „Мајкрософт“ да ја купи „Нуанс“ за 16 милијарди долари Read More »

Една година стратешко партнерство меѓу „Еден на Еден“ и гигантот „TBWA“


Во време на најсериозните социо-економски предизвици за секоја компанија, цел која е особено тешка за остварување е да се изнајдат нови патишта кон раст и развој. За една од најголемите независни маркетинг агенции кај нас, „Еден на Еден“, патот кон ова оди преку стратешкото партнерство со една од најголемите агенции во целиот свет, њујоршката „TBWA“, …

Една година стратешко партнерство меѓу „Еден на Еден“ и гигантот „TBWA“ Read More »

Курсот на еврото повторно е под прагот од 1,13 долари


Германија– Курсот на еврото денеска повторно е под прагот од 1,13 долари, објавија германските финансиски публикации. Во меѓубанкарската трговија во Франкфурт утринава единствената европска валута остана речиси непроменета на 1,1277 долари. Европската централна банка вчера одреди референтна стапка на еврото од 1,1295 долари. 

Благ раст на цените на акциите на Азиските брзи, се тргува внимателно


Јапонија – На азиските берзи денеска цените на акциите благо пораснаа бидејќи инвеститорите се повеќе склони кон ризични инвестиции на крајот на годината, но се тргуваа внимателно бидејќи омикрон сојот на коронавирусот продолжува брзо да се шири низ светот. Азиско-пацифичкиот берзански индекс MSCI, без јапонскиот, порасна за 0,3 отсто околу 7 часот наутро, зајакнувајќи втор …

Благ раст на цените на акциите на Азиските брзи, се тргува внимателно Read More »

Презентација на предлог годишните планови и програми за работа за 2022 година на Министерството за економија


Министерството за економија организира „Отворен ден “ на кој јавно ќе бидат презентирани Предлог-годишните планови и програми за работа за 2022 година. На настанот може да учествуваат граѓани, комори, бизнис здруженија, како и претставници на компании кои имаат предлози, сугестии и идеи за активностите и мерките кои ги спроведува Министерството за економија преку годишните програми.

Работна средба на Здружението на градежништво индустријата на градежни материјали и неметали со министерот Бочварски


Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Северна Македонија денеска ќе одржи работна средба со министерот на транспорт и врски Благој Бочварски. Целта на средбата е отворање дискусија за состојбите во областа на високоградбата и инфраструктурата, импликациите од ценовните поскапувања на градежните материјали и производи врз трошоците за изведба, …

Работна средба на Здружението на градежништво индустријата на градежни материјали и неметали со министерот Бочварски Read More »

„Газета експрес“: Косово даде виза на Македонија да ѝ се продадат три милиони тони јаглен


Министерството за економија на Косово вели дека, на политичко ниво, кај косовската страна постои готовност да ѝ се продадат три милиони тони јаглен на Северна Македонија, објави попладнево „Газета експрес“. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, во писмениот одговор до порталот се вели дека барањето за купување јаглен било изнесено при последната посета …

„Газета експрес“: Косово даде виза на Македонија да ѝ се продадат три милиони тони јаглен Read More »

Обезбедени средства за реализација на автопатската делница Букојчани – Кичево од Коридорот 8


Се обезбедуваат средства за реализација на проектот за изградба на патната инфраструктура од Коридорот 8. Министерот за финансии Фатмир Бесими и директорот на Канцеларијата на ЕБОР во Скопје, Анди Аранитаси, денеска го потпишаа договорот за гаранција на Република Северна Македонија наменет за финансирање на патниот дел од Коридорот 8 (прва фаза) со што се обезбедуваат …

Обезбедени средства за реализација на автопатската делница Букојчани – Кичево од Коридорот 8 Read More »

Нова рекордна цена на гасот


Цената на гасот продолжува да урива историски рекорди од час во час на денешното тргување во Европа и веќе надмина 2.100 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат најновите податоци на лондонската берза ИЦЕ. Цената на јануарските фјучерси во холандскиот TTF центар попладнево достигна 2.120 долари за 1.000 кубни метри или 181,47 евра за мегават час, …

Нова рекордна цена на гасот Read More »

Производителите на автомобили ќе се борат со кризата со чипови со години, велат консултанти


Производителите на автомобили како „Фолксваген“ и „Џенерал моторс“ треба да се подготват за глобалниот недостиг на полупроводници да трае подолго од следната година и да ги редизајнираат автомобилите за да им требаат помалку од високотехнолошките компоненти, соопшти консултантската компанија Роланд Бергер. Тесните грла ќе продолжат во текот на цела 2022 година, рекоа аналитичарите на минхенската …

Производителите на автомобили ќе се борат со кризата со чипови со години, велат консултанти Read More »