Презентација на предлог годишните планови и програми за работа за 2022 година на Министерството за економија


Министерството за економија организира „Отворен ден “ на кој јавно ќе бидат презентирани Предлог-годишните планови и програми за работа за 2022 година.

На настанот може да учествуваат граѓани, комори, бизнис здруженија, како и претставници на компании кои имаат предлози, сугестии и идеи за активностите и мерките кои ги спроведува Министерството за економија преку годишните програми.