Работна средба на Здружението на градежништво индустријата на градежни материјали и неметали со министерот Бочварски


Фото: Б. Грданоски

Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Северна Македонија денеска ќе одржи работна средба со министерот на транспорт и врски Благој Бочварски.

Целта на средбата е отворање дискусија за состојбите во областа на високоградбата и инфраструктурата, импликациите од ценовните поскапувања на градежните материјали и производи врз трошоците за изведба, реализацијата и администрирањето на отпочнатите капитални проекти, планираните инвестиции и други прашања од интерес за градежните компании.