Како до поголемо и поконкурентно домашно производство на храна


Земјоделството беше еден од секторите врз кои глобалната криза и во 2022 година удри најсилно. Светот се соочи со предизвикот како да обезбеди доволно храна. Трошоците на производителите се зголемуваа, а цените на берзите растеа. Во вакви услови, кои, според експертите, се уште се неизвесни, а последиците допрва ќе се чувствуваат, за земјава беше приоритет како […]

Инфлацијата во Германија паѓа втор месец по ред, во декември беше 9,6 отсто


  Инфлацијата во Германија се намали втор месец по ред во декември и за повеќе од очекуваното, зголемувајќи ги надежите дека најлошото од кризата на трошоците за живот наскоро може да заврши. Германските потрошувачки цени се зголемија за 9,6 отсто, забавувајќи се од 11,3 отсто во ноември, покажаа прелиминарните податоци објавени од германската канцеларија за […]

Анкета: Приближно 80 отсто од Американци очекуваат економски проблеми во 2023 година


Голем дел од Американците очекуваат економски тешкотии и во новата година, откако високите трошоци за живот и инфлацијата ја влошија 2022 година, покажуваат денеска објавените резултати од најновата анкетата на Галуп. Речиси 80 отсто од испитаниците очекуваат дека новата година ќе донесе поголеми економски тешкотии од 2022 година, а две третини од нив предвидуваат голем пораст на цените, покажува истражувањето […]

Ле Мер: Енергетските компании да направат повеќе за да им помогнат на пекарите


Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер денеска изјави дека енергетските компании не прават доволно за да им помогнат на пекарите во земјата да се справат со зголемените сметки за струја.   Ле Мер, кој подоцна во текот на денот ќе се сретне со претставници на енергетските компании во земјата за да разговараат за ова […]

Мицкоски вели дека власта ја направи ЕСМ загубар, од таму прашуваат дали би ги укинал субвенциите за граѓаните и фирмите


  Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска обвини дека државната АД ЕСМ од профитабилна компанија станала загубар поради погубните политики на СДСМ, а од енергетската компанија возвратија дека ги субвенционираат сметките на граѓаните за електрична енергија и прашуваат дали партијата на Мицкоски ќе ги остави граѓаните и фирмите да ја плаќаат струјата по пазарни […]

„Етихад“ и „Емирејтс“ најбезбедни авиопревозници во 2022 година


 Авиокомпаниите „Етихад“ и „Емирејтс“ се на самиот врв на глобалното рангирање на најбезбедни авиокомпании во 2022 година, според анализата на агенцијата за анализи на воздушни несреќи со седиште во Хамбург (JACDEC). Водечката германска авиокомпанија „Луфтханза“ се најде на 14-то место по безбедност на глобалното рангирање на 25 најголеми компании. Меѓународниот воздушен сообраќај беше главно безбеден […]

Дефицитот понизок за 117,6 милиони евра во однос на планот, реализација на капиталните инвестиции од 88 отсто во 2022


  Во 2022 година вкупните приходи се реализираа со високи 99 отсто од проекцијата, додека расходите се нешто пониски од очекуваното. Буџетскиот дефицит е понизок за 117,6 милиони евра во однос на проектираното, или во споредба со претходната, 2021 година, за 8,7 отсто, со што е на зацртаната патека на фискална консолидација, соопштија од Министерството […]

Во Германија пристигна првиот танкер со течен природен гас од САД


  Во германското пристаниште Вилхелмсхавен во Северно Море денеска пристигна првата редовна пратка на течен природен гас (ЛНГ) од САД. Испораката е дел од напорите на Германија да ги обезбеди потребните количини природен гас, што претходно ги набавуваше од Русија. Танкерот „Марија енерџи“ се закотви во пристаништето Вилхелмсхавен, каде течноста повторно ќе се претвори во […]

Горивата поскапуваат од 1,5 до два денари


– Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,5 до два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,68  отсто. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и […]

Измешани перспективи за германската економија во 2023 година


  Германските економски прогнози за оваа година се мешани. Рецесијата не се очекува да биде толку длабока како што се предвидува, а инфлацијата се очекува да остане висока, околу 7 отсто во текот на годината. Како што предвидува министерот за економија Роберт Хабек, земјата обезбеди снабдување со енергија и без руски енергетски извори, но најголемиот […]

Користењето на платежни картички бележи раст и во третиот квартал од 2022 година


Граѓаните се повеќе ги користат платежните картички за купување. Податоците на Народната банка за третиот квартал од 2022 година покажуваат раст кај вредноста и кај бројот на остварени трансакции за 14,9 и за 8,5 проценти. – Годишниот раст на бројот на плаќањата во трговијата, кој произлегува пред сѐ од повисокиот годишен раст на бројот на […]

Пристап до Интернет преку мобилна мрежа 1 418 946 претплатници, раст кај корисниците на сателитска телевизија


Вкупниот број претплатници на пристап до Интернет со широк опсег во вториот квартал годинава изнесува 502 200, а пристап преку мобилни мрежи (2G/3G/4G) имале 1 418 946. Во вториот квартал од 2022 година се регистрирани 1 932 608 претплатниците во мобилната телефонија за 3,48 проценти повеќе споредено со вториот квартал од претходната година, а просечно […]

Јужна Кореја ја казни „Тесла“ со 2,2 милиони долари, не известила за помал опсег на ниски температури


  Јужнокорејскиот антимонополски регулатор соопшти дека ќе ја казни „Тесла“ со 2,85 милијарди вони (2,2 милиони долари) затоа што не ги информирала своите клиенти за пократкиот опсег на возење на нивните електрични возила (ЕВ) на ниски температури. Корејската комисија за фер трговија (KFTC) објави на својата официјална локална веб-страница од август дека „Тесла“ го преувеличува […]

„Пари“: Колку ќе се зголеми износот на фактурите за струја?


  Дури 99,2 проценти од домаќинствата, според потрошувачката на електрична енергија влегуваат во првата и во втората тарифа, покажуваат податоците што ги презентираше Регулаторната комисија за енергетика. Како што знаеме, од 1 јануари во овие два блока има намалување на цената на струјата. Крајната цена за потрошен киловат-час (со вклучен пренос и дистрибуција) во првиот […]

Лукаревска: За да зборуваме за оданочување на богатите, прво треба да ги дефинираме кои се тие


Го укинуваме прогресивното оданочување, но не се откажуваме од прогресијата. Работиме на нов модел кој ќе биде во насока да се опфатат сите приходи во едно домаќинство. Јас не сум против прогресивното оданочување, но, за да зборуваме за оданочување на богатите прво треба да ги дефинираме кои се тие, да се утврдат прагови кои ќе […]

Инфраструктурни очекувања и работи во старата и новата година


  За градежната механизација во годината што измина имаше работа претежно во продолжување и заокружување на тековни инфаструктурни проекти во патната мрежа, некои почнати и пред повеќе години, во железничката, каде стартуваа работи по двегодишна пауза, во гасоводната исто така за завршување на почнатите  магистрални делници. За инфраструктурата во старата година за одбележување е новиот […]

Паѓаат ли паѓаат – цените на гасот во Европа се спуштија под 800 долари


  Европскиот пазар на гас ја дочека 2023 година со нов значителен пад на цените. Поради топлото време и рекордните испораки на ЛНГ, цената на гасот во холандскиот центар ТТФ во понеделникот, 2 јануари, падна под 800 долари за илјада кубни метри за прв пат од почетокот на војната. Фјучерсите на гас за испорака во […]

Газпром: Извозот на руски гас надвор од поранешниот советски блок падна за 45,5 отсто во 2022 година


Извозот на гас од руската компанија Газпром надвор од земјите од поранешниот советски блок падна за 45,5 отсто во 2022 година. Газпром ги објави овие податоци во денешната анализа на операциите во минатата година обележана со нагло намалување на испораката на руски енергетски производи во Европа како резултат на санкциите на Западот поради руската офанзива врз Украина. Во соопштението, извршниот […]

ТЕЦ Осломеј превентивно исклучен, проблеми со вентилацијата


АД ЕСМ денеска соопшти дека термоелектраната Осломеј од превентивни причини е исклучена од работен режим по забележана појава на вибрации во системот во делот на вентилацијата, кој минатата недела беше зафатен со пожар при самозапалување на јаглен. – Се вршат повторни проверки од страна на надворешната овластена фирма и се очекува набрзо пречката да биде […]

„Мета“ го купи производителот на паметни леќи „Луксексел“


  „Мета“, компанијата мајка на Фејсбук го купи „Луксексел“ (Luxexcel), холандски стартап специјализиран за паметни очила. Веста за купувањето прво ја објави „Де Тијд“, а подоцна ја потврди и „Техкранч“ (TechCrunch). „Возбудени сме што тимот на ‘Луксексел’ се приклучи на ‘Мета’, продлабочувајќи го постојното партнерство меѓу двете компании“, рече портпаролот на „Мета“. Компанијата не ги […]