Втора стартап конференција „Pitch. Match. Grow. Vol.2“ на 15 и 16 март во Скопје


PwC Северна Македонија по втор пат организира стартап конференција Pitch.Match.Grow. vol 2 што ќе се одржи на 15 и 16 март, во хотел Мериот во Скопје.

Учесниците ќе можат да добијат корисни информации од прва рака и #StraightToThePoint насоки за: одржување на конкурентна предност на нивниот бизнис; можности за задржување на талентот во компанијата преку доделување на опции на удели или акции за своите вработени како и други стратегии за унапредување на перформансот на вработените; да ги унапредат познавањата за даночните регулативи, да научат повеќе за основите на блокчејн и криптовалути, преку интерактивна работилница во која ќе дизајнираат свое NFT и ќе создадат свој дигитален паричник; да се запознаат со можностите за финансирање на својот бизнис.

Со цел да им помогнеме на стартапите и претприемачите да го претстават нивниот производ/услуга и да ја презентираат нивната идеја, PwC ќе организира состаноци 1-на-1 со македонски корпорации кои пријавените стартапи ги идентификувале како потенцијални клиенти и/или партнери, но имаат потешкотии да закажат состанок или да стапат во контакт со нив.

На конференцијата учесниците ќе имаат можност да ги слушнат искуствата на стартапите 3Lateral / Epic Games, airt.ai, Pixyle.ai, Synapse, Fitkit, Howizer, Native Teams, Kumo.ai кои ќе зборуваат за нивниот пат до финансирање и потешкотиите со кои се имаат соочено за развој на нивниот бизнис. Дополнително, сесија ќе имаат и NVIDIA на која ќе презентираат можности кои ги нуди нивниот сектор за вештачка интелегенција (NVIDIA Metropolis) за сите стартапи од цел свет кои работат во областа на вештачка интелегенција.

Покрај овие обраќања од страна на компаниите, ќе има и панели и сесии на кои ќе учествуваат фирми за ризичен капитал (VCs), бизнис ангели и акселератори и ќе бидат презентирани уникатни и интересни можности кои за прв пат ќе се на располагање на бизнис заедницата во државата, се вели во соопштението до медиумите.