Чешка фирма која произведува тенкови на надувување: Работата ни цвета поради војната


 

Чешка фирма која произведува воени тенкови на надувувањ, кои служат за мамење на непријателските сили, вечи дека работата цвета по почетокот на војната во Европа. Компанијата „Инфлатех“, која произведува повеќе од 30 различни лажни воени објекти, од тенкови до оклопни возила и авиони, вели дека ланската година забележае раст на работењето од 30 отсто и очекуваат дека овој тренд ќе продолжи уште најмалку три до пет години.

„Да, можам да замислам на партнерска земја која е во неволја да ѝ пратиме наши производи, А можеби веќе има такво нешто. Ако нема, сигурно ќе има, вели шефот на компанијата Војтеч Фрејзер, а пренесе Скај њус. „Инфлатех“, со седиште во градот Дечин, изработува до 50 лажни воени возила месечно. Ги продава на различни земји, а извозот мора да го одобри чешката влада.