Денеска нова аукција за деветата еврообврзница, износот зависи од каматата


Фото: Б. Грданоски

Денеска се одржува аукцијата за деветата еврообврзница. Агентите и потенцијалните инвеститори се известени, а според изразениот интерес кај инвеститорите се очекува успешна аукција, соопштија од Министерствот за финансии. 

Сумата на која ќе биде запишана еврообврзницата ќе зависи од постигнатата цена на пазарот, а во насока на нашите заложби за задржување на најоптимално должничко портфолио според трошоци и рочност, велат од Министерството.

„Во насока на транспаретност и отчетност Министерството за финансии ќе извести веднаш за условите по завршување на аукцијата, додека пред нејзино затворање укажуваме на ценовната чуствителност на информациите и објавите“, се вели во соопштението до медиумите.

Инаку, ова е втора аукција на деветтата обвзница откако првата беше практично поништена поради тоа што немаше потпис од министерот за правда поради тоа што тој даде оставка заради реконструкцијата на Владата.

Од Министерствот тогаш соопштија дека за да биде валидна еврообврницата во вкупен износ од 600 милиони евра, потребен е потпис, односно мислење од министерот за правда.

Согласно процедурата за избор на нови министри во Владата на Република Северна Македонија, Собранието на 13 февруари 2023 година прими оставки од четворица министри, меѓу кои и министерот за правда, кои се прифатени од Собранието. Законски, за издавање на еврообврзницата, потребно е мислење на министерот за правда, кој е меѓу министрите кои поднесоа оставки до Собранието, стоеше во соопштението до медиумите.

Претходно, на 8-ми февруари, Министѕерството за финансии соопшти дека е издадена деветтата еврообврзница во вредност од 600 милиони евра, со рок на враќање од четири години и со каматна стапка од 6,25 отсто, а со другите трошоци, фактичката камата е 6,5 отсто. Со парите од обврзницата треба да се враќаат обврските по основ на стари долгови, кои доспеваат за отплата годинава. Станува збор за сервисирање на стари долгови кон надворешни кредитори, односно 594 милиони евра за главница и 138 милиона евра за камати.

Подоцна министерот за финансии Фатмир Бесими објасни дека каматната стапка ќе го одреди и износот на кој ќе биде издадена Еврообврзницата.

„Ние имавме плафон на 800 милиони евра и одлучивме да издадеме Еврообврзница од 600 милиони евра за да ги платиме обврските кон странство, односно еврообврзницата што доспева во јуни од 450 милиони и каматите околу 30 милиони за истата, како и други заеми што доспеваат кон странство. Идејата беше тоа што ќе го обезбедиме со Еврообврзница да платиме она што е обврска кон странство. Доколку каматата е над 7 проценти и повеќе, може да се разгледа опцијата да се издаде Еврообврзница само на 500 милиони евра, па во текот на годината да се видат повторно условите, односно доколку се олабават каматите, затоа што се очекува во втората половина од годината инфлацијата да се намали и растот да се зголеми, но имаме многу непознати и никој не знае што ќе се случи во Украина“, истакна министерот Бесими.