Француски производител на воена опрема: Ќе вработиме 12.000 луѓе


Францускиот производител на воена опрема „Thales Group“ денеска објави дека годинава има намера да отвори повеќе од 12.000 работни места, најмногу во Европа и во сегментите на истражување, развој и индустриски операции. Со ангажман на нови работници сакаат прес сѐ, да го задоволат растечкиот тренд за работење со пазарите на воздухопловството, одбраната и сигурноста и […]

Битиќи: Максимална заложба за исполнување на препораките од Извештајот на ЕК


  Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска во Брисел учествуваше на билатералниот скрининг состанок од Кластер 2, „Внатрешен пазар“ од Поглавје 9 „Финансиски услуги“, при што порача дела државава оваа година ќе се потруди максимално да ги исполни препораките од Извештајот на Европската комисија. Според Извештајот, Северна […]

Нов начин на утврдување на нефункционалните кредитни изложености од следната година


  Советот на Народната банка денеска усвои нова Одлука за методологијата за управување со кредитниот ризик со која се врши натамошно усогласување со новите регулаторни барања што започнаа да се применуваат во Европската Унија, а придонесуваат за натамошно јакнење на стабилноста на банкарскиот систем. Со Одлуката се определува нов начин на утврдување на нефункционалните кредитни […]

Зголемениот поврат на ДДВ наскоро на собраниска седница


Управата за јавни приходи со посредство на Министерството за финансии ги поднесе измените за мерката „Мој ДДВ“ за скенирање на фискални сметки со кои се предвидува зголемување на износот што им се дава на граѓаните за поврат на данокот на додадена вредност (ДДВ) и тие сега се во собраниска процедура, потврди денеска директорката на Управата […]

Јануарска плата се уште не зеле 35.939, а декемвриска 12.692 вработени


 Управата за јавни приходи (УЈП) навреме ги има преземено сите законски надлежности што ги има во делот на присилна наплата – опомени, решенија, блокади, … за работодавачите навреме да им ја исплатат платата на вработените лица, информира денеска директорката на УЈП Сања Лукаревска.   -Обврска за пресметка за плата (МПИН) за јануари 2023 година имале […]

ЕСМ Снабдување со топлина ја презема базата на податоци за потрошувачите во Автокоманда


 ЕСМ Снабдување со топлина соопшти дека во законска постапка ја презема базата на податоци од претходниот снабдувач со топлинска енергија ЕСМ Подружница Енергетика – Скопје, потребна за изработка, достава и наплата на фактурите, вклучително и личните податоци за потрошувачите (субјекти на лични податоци) на централниот систем за греење и/или сопствениците на посебен дел во станбени, […]

Поевтинуваат горивата


Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и  дизел горивото поевтинуваат за денар, а бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 за половина денар од ноќеска на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 81,50  денари за литар, 83,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98, а 76 денари на ЕУРОДИЗЕЛ […]

Највисока годишна бруто-плата во 2021 имал скопјанец – 2 милиони евра, тргувал со тутун


  Предминатата 2021 година, иако кризна, се покажа како прилично бериќетна за голем број граѓани. Според податоците на Управата за јавни приходи, кои беа обелоденети денеска, највисока бруто-плата за цела 2021 година во вкупен износ од 122,3 милиони денари или 2 милиони евра била исплатена на граѓанин на Скопје во дејноста трговија на големо со […]

Пензионерите може да си ја подигнат февруарската пензија


Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година (понеделник) започнува етапната исплата на пензиите за месец февруари, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: За пензии со висина до […]

Пад на превезената стока со железницата


Во четвртото тримесечје од 2022 година, во патниот патнички превоз бројот на патници изнесува 939.000, во градско-приградскио 11.825.000, во железничкиот 131.000, а во воздухопловниот превоз 559.095, објави денеска Државниот зваод за статистика. Во патниот патнички превоз лани вкупно биле превезени 3.460.000 патници, во градско приградскиот, 41.634.000, во железничкиот 406.000, а во воздухопловниот 2.365.847. Во четвртото […]

„Фајзер“ купува компанија која развива терапија за лекување рак


Фармацевтската компанија „Фајзер“ е во процес на преговори за купување на биотехнолошката компанија „Сајџин“ (Sygene), која работи на развој и комерцијализација на целни терапии за лекување на рак и чија пазарна вредност е околу 30 милијарди долари. „Фајзер“ е во рана фаза на преземање на производителот на лекови „Сајџин“, објави Вол Стрит Журнал во неделата […]

„Алкалоид“ лани со инвестиции од 23,9 милиони евра, рекорден извоз од над 157 милиони евра и со 187 нови вработувања во земјава


Македонската фармацевтска компанија „Алкалоид“ АД Скопје ги објави деловните резултати за минатата година, во која реализираше вкупни инвестиции од 23,9 милиони евра, оствари рекорден извоз од над 157 милиони евра и имаше 187 нови вработувања во земјава. Резултатите се дотолку позначајни бидејќи се остварени во услови на голем број предизвици и новонастанати ризици, генерирани од […]

Русија го сопре дотокот на нафта во Полска


  Русија го сопре дотокот на нафта во Полска преку нафтоводот „Дружба“, соопшти денеска Даниел Обајтек, извршен директор на полската рафинерија „ПКН Орлен“. „Ги обезбедуваме залихите. Русија го сопре дотокот во Полска, за што сме подготвени. Од Русија доаѓаат само 10 отсто сурова нафта, а ќе ги замениме со други извори“, напиша Обајтек на Твитер. […]

Светска банка е стратешки партнер на земјата во остварување на развојните цели


Република Северна Македонија одбележа 30 години членство во Групацијата на Светска банка. На денешен ден пред 30 години земјата се придружи на оваа светски водечка финансиска институција која помага на земјите во борбата против сиромаштијата и подобрувањето на стандардите за живеење на луѓето во земјите во развој. Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар […]

Светиниколските конфекции принудени да си ги „крадат“ вработените


Заинтересираност има од страна на работниците да донесат нови работници во светиниколските текстилни конфекции АД „Мода“ и ДОО „Камотекст“, а затоа да добијат парична награда од 5.000 денари. Но, менаџерот на АД „Мода“, Ангел Димитров вели дека им доаѓа пред сè неквалификувана работна сила. -Доаѓаат пред сè луѓе за рачна работа, кои не се нафаќаат […]

Минималната плата од март ќе биде 20.175 денари


 Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од март ќе изнесува 20.175 денари. Ова значи дека граѓаните добиваат повисоки плати за над 2000 денари, информираат од Министерството за труд и социјална политика. Со измените на законот за минимална плата, донесени во март 2022 година, се воспостави нова методологија, која е системско […]

Ковачевски: Природниот гас за потребите на топланите за март ќе се набави по цена од 60,10 евра


АД ЕСМ донесе одлука за избор на набавувач за март за потребите на топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје-Север. Природниот гас ќе се набави по цена од 60,10 евра, а добавувач ќе биде Макпетрол, изјави на денешната прес-конференција генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски. На јавниот повик, како што посочи, се пријавија три компании, […]

Бектеши: Во вторник ќе се замрзне цената на лебот и нема да биде над 33 денари


Во вторник ќе се замрзне цената на лебот и нема да биде над 33 денари и за белиот и полубелиот леб. Ова е само прв чекор од производите наведени во одлуката на Владата. Ќе следат и нови одлуки за замрзнување на цените. Се прават анализи за тестенините и тие средства ќе се користат за укинување […]