Најголемата швајцарска банка го презема конкурентот Кредит Свис за три милијарди евра


Најголемата швајцарска банка УБС (UBS) се согласи да ја купи конкурентската швајцарска банка Кредит Свис (Credit Suisse) за 3,23 милијарди долари (околу три милијарди евра) во акции, како и да преземе загуби до 5,4 милијарди долари (околу 5,05 милијарди евра), врз основа на швајцарскиот план на властите да се избегнат дополнителни потреси во банкарскиот пазар.

Договорот вклучува и 108 милијарди долари помош (околу 101 милијарда евра) за ликвидноста на УБС и Кредит Свис, која ќе ја плати швајцарската централна банка.

Швајцарската влада обезбедува гаранција за загуба до 9,7 милијарди долари (околу 9,07 милијарди евра) за да ѝ овозможи на УБС да го преземе Кредит Свис, кој ќе се активира доколку дојде до загуби.

Преземањето на Кредит Свис од УБС обезбедува финансиска стабилност и ја штити швајцарската економија во оваа исклучителна ситуација, објави Швајцарската централна банка.