Во тек е етапната исплата на октомвриските пензии


Од денеска почна етапната исплата на октомвриските пензии. За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата е на 31.10.2022 година (понеделник); За пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата е на 01.11.2022 година (вторник); За пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата е на 02.11.2022 година (среда) и За пензии со висина над …

Во тек е етапната исплата на октомвриските пензии Read More »

Во Софија ќе биде потпишан договорот за меѓусистемско поврзување за снабдување и дистрибуција на гас


Бугарија– Во Софија денеска ќе биде потпишан Договорот за меѓусистемско поврзување за снабдување и дистрибуција на гас на Интерконективната точка Ќустендил-Жидилово. Договорот ќе го потпишат „ГА-МА“ и „Булгартрансгаз“. На потпишувањето ќе присуствува министерот за економија Крешник Бектеши и извршните директори на Национални енергетски ресурси АД Скопје, Бајрам Реџепи и на ГА-МА, Александар Арсиќ. 

Светски ден на штедењето


Денеска се одбележува Светскиот ден на штедењето кога се потсетуваме колку е важно да се има заштеда и долгорочно да се штеди за остварување на поставените цели. Светскиот ден на штедењето е воведен во 1924 година на Првиот меѓународен конгрес на штедилниците во Милано, Италија. Италијанскиот професор Филипо Равица на последниот ден од конгресот го …

Светски ден на штедењето Read More »

Полска го избра „Вестингхаус“ да ја прави нејзината прва нуклеарна централа


  Полска го додели договорот за изградба на својата прва нуклеарна централа на кандидатура на САД бидејќи земјата се обидува да согорува помалку јаглен и да ја зголеми својата енергетска независност. Владата во Варшава го избра „Вестингхаус“ за нуклеарниот проект, рече премиерот Матеуш Моравиецки доцна во петокот во твит во кој ја пофали „сигурната, безбедна …

Полска го избра „Вестингхаус“ да ја прави нејзината прва нуклеарна централа Read More »

Славески тврди дека минималната плата сега вредела 15.000 денари


  Откако премиерот Димитар Ковачевски синоќа на трибината во Крива Паланка го повика високиот функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески, да дојде и да им каже на рударите дека минималната плата од 18.000 денари била многу, со реакција се јави Славески во која тврди дека реалната вредност на минималната плата е помала. „И по осум месеци …

Славески тврди дека минималната плата сега вредела 15.000 денари Read More »

Прехранбените компании ќе плаќаат струја по 80 евра мегават час


  Премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција, по денешната седница на Влада, информираше дека се донесени одлуки со кои ќе обезбеди поевтина струја за компаниите кои вршат производство на основни прехранбени производи, основните и средните  училишта, како и за јавните претпријатија од областа на водоснабдувањето кои работат со пуктни и прочистителни станици. За компаниите ќе биде …

Прехранбените компании ќе плаќаат струја по 80 евра мегават час Read More »

Банките останаа отпорни и покрај кризите, вели гувернерката Ангеловска-Бежоска


  Банкарскиот систем во регионот остана отпорен и покрај предизвиците во текот на здравствената и тековната криза, поради претходно соодветно поставените регулаторни заштити и механизми, оцени гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на гувернерската панел –дискусија што во рамки на 16. Годишна конференција ја организираше Банката на Албанија со Лондонската школа за економија и политички науки. Говорејќи за …

Банките останаа отпорни и покрај кризите, вели гувернерката Ангеловска-Бежоска Read More »

Железничкиот Коридор 8 денеска доби нов импулс со градбата на пругата


  Рехабилитацијата и зафатите на Коридорот 8, железничката пруга која ја поврзува Република Северна Македонија и Република Бугарија, стануваат реалност. Со посветена соработка градиме наша заедничка иднина, обезбедуваме можност за стопанството, бизнис заедницата, вложуваме во функционално модерно железничко поврзување, вложуваме во поврзување на целиот овој регион. Ова денеска го порача премиерот Димитар Ковачевски на продолжувањето …

Железничкиот Коридор 8 денеска доби нов импулс со градбата на пругата Read More »

(Видео) Премиерите Ковачевски и Донев на отпочнување со градба на железницата кон Бугарија


Премиерот Димитар Ковачевски заедно со неговиот бугарски колега Галaб Донев, во придружба на министри од двете влади, претставници од Делегацијата на ЕУ и Европската банка за обнова и развој присуствуваат на oтпочнување со градба на источен дел од железничкиот Коридор 8, секција Куманово – Бељаковце – Крива Паланка. На настанот ќе се презентира проектот за …

(Видео) Премиерите Ковачевски и Донев на отпочнување со градба на железницата кон Бугарија Read More »

Влада: ЕСМ целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и малите потрошувачи


АД ЕСМ на 28 октомври 2022 година произведе 11.073 MWh електрична енергија и целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи, информираат од владината прес-служба. Во Термоелектраните произведени се 8.503 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.507 MWh.

Маск: Твитер засега не ја менува уредувачката политика


САД – Уредувачката политика на Твитер засега не се менува и политиката за уредување на содржините останува иста, најави Илон Маск, откако за 44 милијарди долари ја купи оваа социјална мрежа.   „Да бидам премногу јасен, сè уште не сме направиле никакви промени во содржината на политиките за умереност на Твитер“, твитна Маск.   Во нов …

Маск: Твитер засега не ја менува уредувачката политика Read More »

МФ: Македонија го задржа кредитниот рејтинг на „Фич“ , потврда за доброто владеење на макроекономските политики


  Република Северна Македонија го задржа кредитниот рејтинг „ББ+“ со негативен изглед кој е резултат на спроведувањето добри политики на владеење, кредибилна и кохерентна макроекономска и финансиска политика конзистентна со долго одржуваниот фиксен девизен курс. Кредитниот рејтинг  „ББ+“ со негативен изглед е потврден во најновиот извештај на Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“. За Република Северна Македонија …

МФ: Македонија го задржа кредитниот рејтинг на „Фич“ , потврда за доброто владеење на макроекономските политики Read More »

Од Скопје и Охрид ќе се лета до 48 дестинации, раст на патничкиот, пад на карго сообраќајот


Со зимскиот распоред на летови  што почнува утре (30 октомври) од скопскиот аеродром ќе има вкупно 41 дестинација, до каде ќе летаат 13 авиокомпании, а на охридскиот аеродром седум редовни дестинации со четири авиокомпании. Разликата со летните распореди на летање се само сезонските летови и на скопскиот и на охридскиот аеродром. – Скопскиот аеродром има …

Од Скопје и Охрид ќе се лета до 48 дестинации, раст на патничкиот, пад на карго сообраќајот Read More »

Можни прекини во е-услугите на УЈП поради планирани активности во ИТ системите


Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници и корисниците на електронските услуги на системот е-Даноци, дека поради планирани активности и интервенции во делот на ИТ системот на УЈП денеска можни се прекини во е-услугите во период од 9 до 17:00 часот.  – Може да има прекини на е-услугите, во функционирањето на МПИН системот, со што ќе …

Можни прекини во е-услугите на УЈП поради планирани активности во ИТ системите Read More »

Ковачевски и Донев во Шупли камен на стартот на изградбата на железницата на Коридор 8


Во присуство на премиерот Димитар Ковачевски и неговиот бугарски колега Галаб Донев денеска кај местото Шупли Камен во близина на Куманово официјално ќе биде означено продолжувањето на изградбата на пругата кон Бугарија, на која нема градежни активности од јуни 2020 година. На настанот ќе биде презентиран проектот за претстојните фази од изградбата на делницата, а …

Ковачевски и Донев во Шупли камен на стартот на изградбата на железницата на Коридор 8 Read More »

Можни прекини во Е-услугите на УЈП поради планирани активности во ИТ системите


  Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека утре се можни прекини на електронските услуги на системот поради планирани активности и интервенции во делот на ИТ системот. – Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници и корисниците на електронските услуги на системот е-Даноци, дека поради планирани активности и интервенции во делот на ИТ системот …

Можни прекини во Е-услугите на УЈП поради планирани активности во ИТ системите Read More »

„Фолксваген“ и „Континентал“ ќе инвестираат милијарда долари во капацитети во Мексико


  Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ и добавувачот на делови „Континентал“ најавија инвестиции од речиси милијарда долари во производство на бензински автомобили, електроника и делови за сопирачки во Мексико. Компанијата ќе инвестира 763,5 милиони долари до 2025 година за да изгради нова фабрика за бојадисување во рамки на својот производствен комплекс во државата Пуебла и да …

„Фолксваген“ и „Континентал“ ќе инвестираат милијарда долари во капацитети во Мексико Read More »

Фон дер Лајен и Вучиќ најавија гасно поврзување на Србија со Северна Македонија


  Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и српскиот претседател Александар Вучиќ денеска за време на обиколката на работите на изградбата на гасниот интерконектор Ниш – Димитровград во Јелашница најавија дека Србија ќе изгради гасна конекција со Северна Македонија, која ќе чини над 70 милиони евра, што ќе биде важно за диверзификација на …

Фон дер Лајен и Вучиќ најавија гасно поврзување на Србија со Северна Македонија Read More »

Довербата во економијата на Еврозоната на најниско ниво во последните две години


 Довербата во економијата на Еврозоната овој месец паднала на најниско ниво во последните речиси две години, последица на забележаниот значителен пад во производствениот и во услужниот сектор, покажуваат денеска објавените резултати од истражувањето спроведено од Европската комисија. Очекувано, индексот на економската доверба во октомври се намалил на 92,5 поени од 93,6 минатиот месец, на ниво …

Довербата во економијата на Еврозоната на најниско ниво во последните две години Read More »

Новиот предлог модел за субвенционирање презентиран пред лозарите од Тиквешкиот регион


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, директорот на Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), Никица Бачовски и државниот советник во Министерството, Трајан Димковски денеска во Кавадарци пред земјоделците од Тиквешкиот регион го презентираа новиот предлог модел за субвенционирање во земјоделството. Преку Агро советот и потсекторските групи на Министерството новиот …

Новиот предлог модел за субвенционирање презентиран пред лозарите од Тиквешкиот регион Read More »