Полска го избра „Вестингхаус“ да ја прави нејзината прва нуклеарна централа


 

Полска го додели договорот за изградба на својата прва нуклеарна централа на кандидатура на САД бидејќи земјата се обидува да согорува помалку јаглен и да ја зголеми својата енергетска независност.

Владата во Варшава го избра „Вестингхаус“ за нуклеарниот проект, рече премиерот Матеуш Моравиецки доцна во петокот во твит во кој ја пофали „сигурната, безбедна технологија“ на американската компанија.

„Силниот сојуз Полска-САД го гарантира успехот на нашите заеднички иницијативи“, рече Моравјецки.

„Вестингхаус“, наводно, ги победил француската ЕДФ и јужнокорејската државна компанија Korea Hydro & Nuclear Power за договорот.

Американскиот министер за енергетика Џенифер Гранхолм ја поздрави одлуката на Варшава, нарекувајќи ја „огромен чекор во зајакнувањето на нашите односи со Полска за идните генерации.

Оваа објава, исто така, испраќа јасна порака до Русија: нема да дозволиме повеќе да ја употребуваат енергијата како оружје“, напиша Гранхолм во твитот.