Димитриеска-Кочоска: Поддршката на домашните компании преку унгарскиот заем е инвестиција во економскиот раст


Средствата по поволни услови кои беа обезбедени од унгарската Експорт-импорт банка, не ги гледаме како трошок за буџетот, туку како инвестиција, затоа што поддршката за домашните компании е инвестиција во економскиот раст, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на својот ФБ профил. „Пред повеќе од две години, ја препознавме потребата за развој на […]

Компаниите од DAX индексот објавија рекордна добивка, но поделија 41.000 откази


Четириесет од германските компании кои го сочинуваат берзанскиот DAX индекс објавија рекордна оперативна добивка во вториот квартал, а воедно намалија повеќе од 40.000 работни места, според студијата на консултантската фирма EY објавена во петокот. Комбинираната заработка пред камати и даноци (EBIT) се зголеми за речиси 16% на 52,6 милијарди евра (60,7 милијарди долари), околу 7 […]

Словенечкиот БДП скокна за пет проценти во вториот квартал


Во вториот квартал од оваа година, бруто домашниот производ (БДП) на Словенија беше за пет проценти повисок во реални услови отколку во истиот период минатата година. Така, растот дополнително се забрза во споредба со првиот квартал, кога достигна 3,2 проценти според ревидираните податоци. „Ова е највисок економски раст од првиот квартал од 2022 година“, рече […]

ЕУ од суфицит отиде во дефицит: Трговскиот биланс се влоши за 89 милијарди евра


Европската унија ја заврши првата половина од 2026 година со дефицит во трговијата со остатокот од светот од 14,9 милијарди евра, откако имаше суфицит од 74,1 милијарди во истиот период минатата година. Ова значи дека трговскиот биланс на ЕУ се влоши за годината за дури 89 милијарди евра, според најновите податоци на Еуростат. Извозот на […]

Николоски ја сврте плочата – во јануари ги поддржа протестите на транспортерите, сега вели не се најдобро решение


Вицепремиерот Александар Николски денеска изјави дека протестите на транспортерите, кои евентуално ќе ги организираат доколку во септември не се најде решение за нивниот престој во Шенген зоната, „не се најдобро решение“. Ова е дијаметрално спротивно од ставот во јануари годинава кога целосно застана зад блокадите на граничните премини, организирани од превозниците. Тој смета дека најавата […]

Македонската асоцијација за управување со цврст отпад – MaSWA од септември со нов циклус обуки за управување и постапување со отпад


Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (MaSWA) од септември започнува нов циклус акредитирани професионални обуки наменети за стручно, теоретско и практично оспособување во областа на одржливото управување и постапување со отпад. Обуките обезбедуваат сеопфатна подготовка за полагање на стручниот испит за управување и постапување со отпад, согласно законските барања и предвидената програма. Програмата е […]

Македонското небо добива највисоко ниво во контрола на безбедност, поставен нов АТМ систем во М-НАВ


Поставувањето на новиот АТМ систем во М-НАВ е од исклучително значење  за повисоко ниво на безбедност, сигурност и ефикасност во управувањето со воздушниот сообраќај, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски при посетата на М-НАВ и контролната кула Скопје.  Значењето е уште поголемо ако се земат бројките дека има преку 12 […]

Голема наградна игра за третиот роденден на Diamond Mall – атрактивен автомобил е главната награда


Diamond Mall и годинава ќе ја продолжи традицијата за одбележување на својот роденден со голема наградна игра, за своите лојални купувачи. Главната награда на годинешната наградна игра, која се организира по повод третиот роденден на Diamond Mall, е автомобилот Geely Cityray, а богатиот награден фонд го дополнуваат и ваучери за шопинг. Извлекувањето на наградите ќе […]

„Аирбнб“ и „Трипадвајзор“ стануваат партнери


„Аирбнб“ и „Трипадвајзор“ (Airbnb и Tripadvisor) се здружија со цел турите, активностите и разгледувањето на „Трипадвајзор“ да ги донесат кај „Аирбнб“. Платформата, која првично беше основана за краткорочни изнајмувања, забележа раст на огласите за речиси 80 проценти во изминатата година. Компаниите не открија колку огласи ќе бидат вклучени во новото партнерство. „Трипадвајзор“ моментално има околу […]

Европа бара нови рудници и повеќе геолошки истражувања – Иловица меѓу македонските минерални потенцијали


Европа мора да инвестира повеќе во геолошки истражувања и да го забрза развојот на нови рударски проекти, се наведува во најновиот технички извештај на Европската инвестициска банка. Во документот „Предизвици и решенија за истражувањето на минерали во Европа“, ЕИБ предупредува дека континентот располага со значителен минерален потенцијал кој сè уште не е доволно искористен. Како […]

Готовината е сè уште најприфатениот метод на плаќање во еврозоната


Готовината е сè уште најшироко прифатениот метод на плаќање на физичките продажни места во еврозоната, и покрај силниот раст на мобилните и другите дигитални плаќања, според нова студија на Европската централна банка (ЕЦБ). Според резултатите објавени денес, 92 проценти од компаниите што продаваат стоки и услуги на физички локации прифаќаат готовина, во споредба со 90 […]

„Тисенкруп“ ја зголемува прогнозата, побарувачката за челик расте


„Тисенкруп“ ја зголеми долната граница на својата прогноза за профит за 2026 година во четврток, поттикната од нејзините единици за челик, поморство и трговија со материјали, како и намалувањето на трошоците поврзани со тековната програма за ефикасност. Германската компанија, која произведува сè, од делови за автомобили до фабрики за ѓубрива, моментално е во процес на […]

Загубите во земјоделството во ЕУ поради климатските промени може да достигнат 40 милијарди евра годишно


Брисел – Годишните загуби во земјоделскиот сектор на Европската Унија поради климатските промени до 2050 година би можеле да достигнат 40 милијарди евра, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извештај на осигурителната компанија „Хауден“, изработен за Европската инвестициска банка. Според истражувачите, во сегашното климатско сценарио загубите би се зголемиле од сегашните околу 28 милијарди на […]

Во јуни издадени за 39 отсто повеќе одобренија за градење од лани


Во јуни годинава се издадени 296 одобренија за градење, што е за 39.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 363 610 илјади денари, што е за  31.0 % повеќе во однос на истиот месец лани. […]

УЈП го презентираше системот е-фактура пред банкарскиот сектор


Во соработка со Македонската банкарска асоцијација (МБА), Управата за јавни приходи одржа работилница посветена на проектот е-Фактура, на која присуствуваа околу 50 претставници од банкарскиот сектор, соопштија од УЈП. Работилницата претставува уште еден чекор во заедничките напори за дигитализација на процесите поврзани со фактурирањето и јакнење на соработката меѓу институциите и деловниот сектор. Како значаен […]

„Хитроу“ ја загуби титулата најпрометен аеродром во Европа


Лондонскиот Хитроу ја загуби својата позиција како најпрометен аеродром во Европа во јули, со 7,86 милиони патници што поминале низ неговите терминали, додека аеродромот во Истанбул регистрирал 8,15 милиони. Бројот на патници на „Хитроу“ е намален за 1,5 проценти во однос на јули минатата година, додека во Истанбул е зголемен за 2,3 проценти, објавува Гардијан. […]

Министерството за финансии префрли 2,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на инвестициски проекти


Министерството за финансии префрли нов трансфер во износ од 176,5 милиони денари или 2,9 милиони евра од централниот буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициски проекти во домашните комании. Со овој трансфер, како што наведува, вкупната поддршката на Владата кон домашните компании достигна 14,7 милијарди денари или 239 милиони евра. -Ова е значителен поттик […]

Власта манипулира дека државата економски полетала, намерно премолчува бројки, реагира Левица


ДПМНЕ манипулира за наводен економски успех, зад пропагандата остануваат поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра трговски дефицит. ДПМНЕ повторно се обидува економската состојба во државата да ја сведе на неколку внимателно одбрани проценти, наредени во партиска графика и ослободени од секој контекст што би можел да им ја расипе приказната, се наведува во […]

Германските компании очекуваат вештачката интелигенција да доведе до намалување на платите, објави Институтот Ифо


Многу компании во Германија очекуваат платите да се намалат во следните пет години како резултат на употребата на вештачка интелигенција, според најновата студија на Институтот Ифо со седиште во Минхен. Се очекува работниците со помалку од пет години професионално искуство да бидат особено погодени, при што околу половина од компаниите веќе користат ВИ очекуваат нивните […]

Македонија најлоша во регионот според квалитет на услугите на продажните места


Македонија го зазеде последното, шесто место, меѓу земјите од поранешна Југославија, според  квалитет на услугите на продажните места, во истражувањето „Регионална услуга-ГОСТ“ кое традиционално го спроведува агенцијата Хераклеа.    Како што пренесуваат медиумите од регионот, ова е 18-то истражување за квалитет на услугите спроведено од Хераклеа од 1 до 30 јуни во соработка со агенции […]