Кинески „Џили“ влегува со удел во фабриката на „Форд“ во Валенсија


 Кинескиот гигант „Џили“ (Geely) и американски „Форд“ постигнаа договор за производство на автомобили во фабриката на „Форд“ кај Валенсија. По месеци преговори, „Џили“ ќе произведува возила на линија што не е користена претходно. Главниот мотив за производство во Шпанија е да се избегнат европските царини, коишто беа воведени за да се забави пробивот на кинеските […]

Доверителите бараат поделба на „Варта“


Доверителите на германската компанија „Варта“, која се соочува со проблеми, размислуваат да го одвојат својот бизнис за батерии за домаќинства од групацијата и бараат промена во структурата на сопственост, изјавија во четврток инвеститорите вклучени во спасувањето на компанијата. Група доверители предводени од Дојче банк и инвеститорите „Блубеј“ (RBC BlueBay), Blantyre и „Вајтбокс“ (Whitebox) ги оправдуваат […]

Производството на нафта во Русија забележа најголем пад во последните 20 години


Руското производство на нафта забележа најголем пад во последните 20 години во јуни од 2006 година, поради повторените напади врз рафинериите во земјата, соопшти денес руската агенција за статистика Росстат. Производството се намали за 12 проценти во однос на мај и за 21,7 проценти во однос на претходната година. Падот за првата половина од годината […]

Средба на Сојузот на одгледувачите на овци со претставници на АХВ за сипаниците кај малите преживари


Членови на Управниот одбор (УО) на Сојузот на одгледувачите на овци „Модерен овчар“ денеска ќе имат средба со претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во врска со болеста сипаници кај малите преживари. Како што информира членот на УО на Сојузот, Моме Младеновски за МИА, состојбата со сипаниците кај овците во земјава континуирано се […]

Трамп ја заобиколува одлуката на Врховниот суд и воведува нови царини, на удар ЕУ, Кина и Индија


Откако судот му ја ограничи можноста да воведува глобални царини преку вонредни овластувања, Доналд Трамп бара нова правна врата за продолжување на својата трговска офанзива. Овојпат образложението не е трговскиот дефицит, туку неуспехот на американските партнери ефикасно да го спречат увозот на производи создадени со принудна работа. Американската администрација подготвува царини за увозот од 60 […]

Евро банкнотите добиваат нов изглед. Еве ги десетте финални предлози


Европската централна банка презентираше десет финални предлози за дизајнот на идните банкноти во евра и започна јавна консултација на која граѓаните можат да ги искажат своите мислења за новиот изглед на банкнотите. Анкетата е отворена до 21 септември, а конечната одлука се очекува до крајот на годината. Предлозите се поделени на две теми: „Европска култура“ […]

Горивото во ЕУ е за 13,7 проценти поскапо отколку пред една година


Цените на дизелот и бензинот во Европската Унија значително се намалија во јуни во споредба со мај, но горивата и мазивата за личен транспорт сепак беа за 13,7 проценти поскапи отколку во истиот месец минатата година, според најновите податоци на Евростат. Годишниот раст на цените е значително забавен. Во април изнесуваше 20,8 проценти, а во […]

Европа снемува дизел? Залихите на најниско ниво во последните 11 години


Европскиот пазар на дизел се соочува со сериозни проблеми со снабдувањето, предупредуваат аналитичарите на американската инвестициска банка Морган Стенли, а ситуацијата би можела дополнително да се влоши во наредните месеци бидејќи залихите продолжуваат да паѓаат. Американската банка проценува дека европските резерви на дизел ќе паднат на најниско ниво до крајот на 2026 година. Главниот проблем […]

ЕЦБ го губи оптимизмот во врска со каматните стапки, сите опции се отворени


Европската централна банка се соочува со обновена неизвесност во врска со каматните стапки откако скокот на цените на нафтата го поништи неодамнешниот оптимизам за смирување на инфлацијата. Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, изјави дека сите опции за септември се отворени, вклучително и уште едно зголемување на стапките, поради енергетската криза, објави „Еуроњуз“. Само пред шест […]

Стапки на невработеност во земјите – членки на ОЕЦД: Финска е на врвот на листата


Просечната стапка на невработеност во земјите на ОЕЦД беше 4,9 проценти во мај 2026 година, но условите на пазарот на трудот продолжија значително да се разликуваат од земја до земја, додека економскиот раст забави во некои делови од развиениот свет. Оваа анализа ги рангира сезонски прилагодените стапки на невработеност на населението над 15 години во […]

Група од 120 британски милионери бара повисоки даноци за најбогатите


Група од 120 британски милионери, меѓу кои поранешниот фудбалер Гери Линекер и музичкиот продуцент Брајан Ино, во отворено писмо до новиот британски премиер Енди Барнам побараа да бидат повисоко оданочени, истакнувајќи дека најбогатите треба да придонесуваат повеќе за финансирање на јавните услуги. Во писмото, организирано од движењето „Патриотски милионери“, се наведува дека потписниците можат да […]

Цената на нафтата Брент накратко надмина 100 долари за барел, додека Тесла и Алфабет го влечат Волстрит надолу


Цените на нафтата повторно се зголемија во четврток, бидејќи продолжените борби на Блискиот Исток се закануваат да го забават глобалниот проток на сурова нафта. Во меѓувреме, Волстрит тоне со остри падови за две од неговите највлијателни акции, Алфабет и Тесла, јави АП. S&P 500 падна за 0,8% и можеби се движи кон својата прва последователна […]

Светските стандарди во рударството ја ставаат безбедноста на прво место


Безбедното управување со јаловината е меѓу најважните предизвици во модерното рударство. Затоа, меѓународните стандарди воведени во последните години ја промовираат примената на „суво одлагалиште“ – технологија која значително ги намалува ризиците поврзани со традиционалните влажни јаловишта. Во анализата објавена во „ScienceDirect“, експертите нагласуваат дека ваквиот пристап претставува нов индустриски стандард. Наместо течен отпад, се добива […]

Мерцедес се соочува со можна забрана за продажба во САД


Германскиот производител на автомобили Мерцедес-Бенц би можел да биде исклучен од американскиот пазар откако комитет на американскиот Сенат поддржа закон со кој се заоструваат ограничувањата за производителите на автомобили со значителна кинеска сопственост. Предлог-законот сè уште треба да биде одобрен од Сенатот, потоа од Претставничкиот дом и од претседателот на САД, така што промените сè […]

Изработена првата национална Водородна студија


Со техничка поддршка од Европската Унија, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) успешно ја заврши првата сеопфатна Водородна студија за Македонија – стратешки документ што ја отвора вратата кон идната водородна економија и ја позиционира државата како дел од европската енергетска иднина. Студијата, како што велат од МЕРМС, е изработена со техничка помош […]

Цените на гасот во Европа на највисоко ниво во последните три и пол години


Цените на гасот во Европа го достигнаа највисокото ниво во последните три и пол години, на врвот на летната сезона на складирање во ЕУ, во услови на ескалација на конфликтот на Блискиот Исток и прекин на транзитот на танкери низ Ормускиот теснец. Мегават-час гас за испорака во август накратко достигна 63,94 евра на холандската берза […]

Европската комисија го казни „Гугл“ со 890 милиони евра. Како ќе реагираат САД


Европската комисија денес го казни „Гугл“ со 890 милиони евра за кршење на Законот за дигитални пазари, што е најголемата казна досега изречена според законот. Комисијата донесе две одлуки. Првата утврди дека „Гугл“ не се придржува до Законот за дигитални пазари (DMA) со фаворизирање на сопствените услуги во својот пребарувач, за што изрече казна од […]

Повторно намалување на ДДВ за горивата, најави Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата ќе интервенира со дополнителни мерки откако продолжи растот на цената на горивата. Се анализира дали мерките ќе бидат таргетирани или генерални како претходно. Една од опциите е и повторно намалување на ДДВ за горивата. За преземање на овие чекори, како што изјави денеска Мицкоски, има правни механизми откако беше […]

Силни инвестиции и оперативна извонредност: EOS Group завршува успешна деловна година


EOS Group ја заврши деловната 2025/26 година со силни финансиски резултати, рекордно ниво на инвестиции и значајни достигнувања во областа на одржливоста, потврдувајќи ја својата позиција како еден од водечките европски инвеститори во професионалното управување со побарувања. Компанијата во текот на годината инвестираше една милијарда евра во портфолија на побарувања, го зголеми оперативниот профит и […]

Со даночно затајување управител и правно лице го оштетиле Буџетот за 8.070.791 денари


Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава против едно физичко лице – сопственик и управител на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Како што УФП соопшти […]