Приходите на „Антропик“ скокнаа од 9 милијарди долари на 65 милијарди
Годишните приходи на „Антропик“ надминаа 65 милијарди долари на крајот на јули, изјави денес извор запознаен со ситуацијата. Ова го потврди силниот раст на компанијата пред можната јавна понуда на берза подоцна оваа година, објави Ројтерс.
Најновата проценка на годишните приходи, врз основа на проекција на тековните нивоа на продажба за целата година, се зголеми од 47 милијарди долари во мај, додека на крајот на 2025 година беше околу 9 милијарди долари.
Бројката беше споделена со инвеститорите како дел од редовниот финансиски извештај, рече изворот. Блумберг прв ја објави проценката во понеделник.
За 2028 година, се очекува приходите да бидат околу 190 до 200 милијарди долари, и токму овие проекции треба да играат важна улога во одредувањето на проценката на компанијата кога ќе стане јавна.
„Антропик“ неодамна се етаблираше како еден од лидерите во развојот на вештачката интелигенција, а нејзината алатка за програмирање е сè попопуларна меѓу програмерите, што му носи стабилен приход од деловните корисници.
„Антропик“ поднесе барање за иницијална јавнА понуда (IPO) претходно оваа година, и заедно со конкурентот „ОпенАИ“, се обидува да профитира од силниот интерес на инвеститорите за компаниите со вештачка интелигенција.
„Антропик“ беше проценет на 965 милијарди долари во мај, откако собра 65 милијарди долари нов капитал во истиот месец, повеќе од двојно од проценката од 380 милијарди долари во февруари.