Секоја четврта германска компанија стравува од губење на конкурентноста надвор од ЕУ
Секоја четврта германска компанија, или 25,4 проценти од анкетираните, стравуваат од губење на конкурентноста на пазарите надвор од Европската Унија, според извештај објавен денеска од Институтот за економски истражувања (Ifo) од Минхен.
Дополнително, 17 проценти од анкетираните компании веруваат дека конкурентската позиција на германските индустриски производи се влошува дури и на европскиот пазар.
„Германската индустрија сè уште не успева да ја врати изгубената позиција на меѓународните пазари“, оценува раководителот на истражувањето на Ifo, Клаус Волрабе.
За споредба, само 5,2 проценти од германските компании веруваат дека нивната конкурентност надвор од Европската Унија се зголемила, додека овој удел е малку поголем кога станува збор за конкуренција во Европа и изнесува 6,3 проценти.
Ситуацијата е особено тешка во германската автомобилска индустрија, каде што дури 43 проценти од компаниите пријавуваат влошување на нивната конкурентска позиција на пазарите надвор од ЕУ.