Детскиот саем КИД ЕКСПО повторно ќе ги отвори вратите за најмладите 


  За само неколку денови, на 30 и 31 март во хотелот Александар Палас од 10 до 19 часот ќе се одржи второто издание на најголемиот детски саем во земјава, наменет за децата и  за целото семејство. Оваа детска манифестација која годинава ќе се одржи по втор пат е препознатлива по задоволните и весели лица […]

Вештачката интелигенција би можела да укине 7,9 милиони работни места во Велика Британија


Развојот на вештачката интелигенција би можел да доведе до укинување на 7,9 милиони работни места во Велика Британија, а најзагрозени категории се жените, младите работници и вработени кои се послабо платени, се вели во новиот извештај на Институтот за истражување на јавните политики. Институтот истакна дека воведувањето нови технологии за вештачка интелигенција во следните три […]

Русија има проблеми со наплата на нафтата додека Кина, Турција и Емиратите ги заоструваат контролите


Руските нафтени компании се соочуваат со одложувања до неколку месеци за плаќањата за сурова нафта и гориво, бидејќи банките во Кина, Турција и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се претпазливи од секундарните американски санкции, рекоа осум извори запознаени со ова прашање. Доцнењето на плаќањата ги намалува приходите на Кремљ и ги прави нерегуларни, дозволувајќи му на […]

Цените на чоколадото во Германија највисоки во последните 20 години


Увозните цени на зрната какао неодамна пораснаа во Германија, со најголем пораст во последните 20 години, потврди германскиот завод за статистика. Во јануари 2024 година цената е зголемена за 73,4 отсто во однос на претходната година, што се очекува да се одрази и на потрошувачката цена на чоколадото. Во март, швајцарскиот производител на чоколади Lindt […]

Народна банка: 200 лица едуцирани во Глобалната недела на парите


Преку постојано одржување обуки и други активности за финансиска едукација и зголемување на свесноста на населението за нејзиното значење, Народната банка придонесува кон подигнувањето на нивото на финансиската писменост во земјава. Минатата година со процесот на финансиска едукација беа опфатени 1.644 лица − ученици од основното и средното образование, студенти, деца од предучилишна возраст, ученици […]

(Во живо) Изјави на Мицкоски и Бранко Азески по состанокот во Стопанската комора


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес одржува работен состанок со претседателот на Стопанска комора на Република Македонија, Бранко Азески. Средбата е во просториите на Стопанска комора на Република Македонија. По завршување на средбата, во 10:15 часот, Мицкоски ќе даде изјава за медиуми.  

Собраниската Комисија за економски прашања ќе расправа за Законот за трговските друштва


Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за економски прашања, на чиј дневен ред е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва. Како што стпои во образложението на собраниската веб-страна, донесувањето на Предлог на Законот за трговските друштва, има за цел да се регулираат две, мошне значајни области, за деловните […]

Агенцијата за пошти со прв информативен караван за корисниците на поштенските услуги


Агенцијата за пошти во соработка со Канцеларијата на Народниот правобранител ќе спроведе прв информативен караван „АП поблиску до корисниците на поштенските услуги“. Активноста ќе се реализира во две фази со пролетен и есенски караван. Пролетниот караван ќе се спроведе утре и задутре и ќе опфати четири едукативни средби со граѓаните, студентите и претставници од бизнис-секторот, […]

ЕУ усвои Закон за подобра заштита на производите со географско потекло


Советот на ЕУ усвои Регулатива за подобрување на заштитата на географското потекло и на квалитетот на вината, алкохолните пијалаци и земјоделски производи, со која истовремено се поедноставува процедурата за регистрација на заштитените брендови.  Според ЕУ, како што јави дописникот на МИА од Брисел, оваа Регулатива ќе донесе видливи придобивки за руралната економија и ќе го […]

Владата се заинтересира за никотинските вреќички


Министерството за здравство треба да изработи анализа со којашто ќе се утврди дали никотинските вреќички се безбедни за населението од здравствено токсиколошки аспект и дали производот треба да биде во слободна продажба во државава или при евентуално одобрување на пазарот треба да се стави забрана за продажба на лица помлади од 18 години. Такво задолжението […]

Битола немаше ниеден, сега се градат два големи трговски комплекси


  БИТОЛА – Битола досега немаше ни еден, а сега во исто време се градат два мега трговски комплекси во градот, што значи дека ова лето градот на конзулите ќе прерасне во нов трговски центар на југозападна Македонија. Градилишта на две локации, едното на влезот на Битола од кај Дулие, каде се гради новиот  продажен […]

Руски милијардер го купи „Звечево“


Компанијата „Звечево“ од Пожега доби нов сопственик, компанијата „Флексвеј“ (Flexway) на рускиот милијардер Денис Штенгелов, пренесува Индекс.хр. Мнозинскиот сопственик на „Звечево“, Здравко Алвир, продаде повеќе од 75 отсто од акциите во загрепската подружница на „Звечево“ на „Флексвеј“, чие седиште е во Дубаи. Основач на хрватската филијала на „Флексвеј Адријатик“ е компанијата „Флексвеј“ со седиште во […]

Кина поведе постапка против САД во СТО поради субвенциите за електрични автомобили


Кина почна постапка против САД во Светската трговска организација (СТО) поради „дискриминаторските“ субвенции за производство на електрични автомобили, соопшти денеска кинескиот комитет при СТО. Во соопштението се посочува дека Кина покренала постапка поради „во основа, дискриминаторски субвенции“ во американскиот Закон за намалување на инфлацијата (ИРА), што, како што наведуваат, резултираше со исклучување од американскиот пазар […]

Минатата година Албанија со 1,5 милијарди евра директни странски инвестиции


Премиерот Еди Рама денеска изјави дека Албанија достигнала бројка од 1,5 милијарди евра директни странски инвестиции. Во својот говор на Националната конференција за образование и стручна обука, Рама рече дека, деновиве Албанија била оценета од “Стандард и Пурс” со ново ниво, за првпат, и отиде на стабилна позитивна Б+ од неколку години во ББ- и […]

Луксембург и Ирска со најголем, а Бугарија и Грција со најмал БДП по жител во ЕУ според куповната моќ


Луксембург и Ирска беа на чело на ЕУ и во минатата 2023 година во однос на висината на домашниот бруто-производ (БДП) по жител, изразен според куповната моќ, а од земјите во регионот, Словенија е на чекор до европскиот просек, Хрватска е веднаш до Унгарија, со малку намалено заостанување зад просекот на Унијата, додека на опашката […]

Словенија е лидер во регионот на поранешна Југославија со просечна нето плата од 1.477 евра


Во однос на просечната плата во јануари 2024 година, Словенија е лидер меѓу земјите од поранешна Југославија со 1.477,34 евра, додека Северна Македонија е на дното со просечна нето плата од 643 евра. На второ место е Хрватска (1.239 евра), на трето е Црна Гора со 819 евра, а со две евра помалку е Србија […]

Какаото поскапо од бакарот, цената надмина 9.000 долари за тон, поскапеа и велигденските чоколада


Какаото на њујоршката берза за еден ден поскапе за повеќе од 700 долари за тон и неговата цена надмина 9.000 долари за тон, па беше поскапо од бакарот. Како што пренесува Блумберг, фјучерсите на какаото во Њујорк дополнително се зголемија по веста за финансиски проблеми во Гана, вториот најголем светски производител на оваа суровина. Какаото […]

Кина ги забрани „Интел“ и „АМД“ процесорите од САД


Кина воведе нови правила насочени кон спречување на употребата на американски процесори, поточно „Интел“ и „АМД“, а намерата е да го блокира „Мајкрософт виндоус“ и другите производи од странски бази на податоци во корист на домашни решенија, пишува „Фајненшл тајмс“ (The Financial Times). Овој потег може да има значително финансиско влијание врз двете компании. Наводите […]

„Амазон“ лани повлече од продажба седум милиони фалсификувани производи


Американскиот малопродажен и технолошки гигант Амазон повлече од продажба повеќе од седум милиони фалсификувани производи во 2023 година, покажува денеска објавен извештај. Во 2020 година, компанијата формираше оддел за борба против фалсификување, кој досега поднел тужби и кривични пријави против повеќе од 21.000 правни и физички лица одговорни за нивната продажба, рече потпретседателот на Амазон, […]

Трговци: Половната облека од ЕУ е извор на приход за Кенија


Ограничувањет9о на извозот на половна облека од Европската Унија може да му наштети на кенискиот сектор за малопродажба на облека, кој вработува два милиони граѓани, предупреди претставник на трговеците со облека. ЕУ извезла 1,4 милиони тони користен текстил во 2022 година, што е повеќе од двојно од 2000 година, според трговските податоци на Обединетите нации […]