Падна германскиот извоз на оружје


Според прелиминарните проценки, германските власти издале дозволи за извоз на оружје во првиот квартал од 2024 година во вкупен износ од 5,2 милијарди евра, објави денеска Министерството за економија на Германија на својата веб-страница.

Германскиот извоз на оружје е повеќе од двојно зголемен во споредба со првиот квартал од 2023 година, кога изнесуваше 2,4 милијарди евра.

Во првиот квартал од 2024 година, за Украина беше одобрен вкупно 74 отсто од извозот на оружје, вреден 3,8 милијарди евра.

Во истиот период властите во Германија одобриле извоз на оружје во Сингапур во износ од 584 милиони евра, како и 143 милиони евра за Индија, 126 милиони евра за Саудиска Арабија и 97 милиони евра за Катар.

Издадени се дозволи за 3,9 милијарди евра за само извоз на оружје, поточно тенкови, оклопни возила, воени авиони, бродови, артилерија, митралези, муниција и слично.

Издадени се лиценци за уште 1,7 милијарди евра за друга воена стока, вклучувајќи пиштоли и револвери, радио опрема, радари, експлозиви итн.

Во текот на 2023 година, Германија издаде дозволи за извоз на оружје во вкупен износ од 12,2 милијарди евра.