Битиќи: Вонинституционално најавеното задолжување ќе го зголеми јавниот долг на 66% од БДП


 „Стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ вели дека јавниот долг ќе се зголеми над 60% од БДП. Контрадикторно е дека ова никаде не е споменато во нивната програма Платформа 1198 , но со најавеното задолжува од една милијарда евра јавниот долг ќе биде 66% од вредноста на БДП“, рече пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи во неговото гостување во …

Битиќи: Вонинституционално најавеното задолжување ќе го зголеми јавниот долг на 66% од БДП Read More »

Македонска берза и УСАИД работат на развој на секундарниот пазар на хартии од вредност


Законските измени со кои се олеснува постапката на транформација на друштвата со ограничена одговорност во акционерски друштва, постапката за првично издавање на хартии од вредност и воведувањето на нов т.н. Растечки пазар (Growth Market) се претставени на работилница во Македонска берза, со учество на финансиски консултанти кои се дел од Платформата за пристап до финансии …

Македонска берза и УСАИД работат на развој на секундарниот пазар на хартии од вредност Read More »

Од ноември Скопје останува без директен лет до Женева


Од ноември, со почетокот на зимската сезона, Скопје останува без директна авиоврска со Женева. Авиокомпанијата „Изи џет“ го закажа својот последен лет меѓу двата града за 1 ноември. Продажбата на билетите е запрена и, како што пишува „Екс ЈУ авиејшн“, нејасно е дали ќе ги обнови операциите кон Скопје во текот на летото 2025 година. …

Од ноември Скопје останува без директен лет до Женева Read More »

Седмо издание на Македонскиот енергетски форум


Седмо издание на Македонскиот енергетски форум (МЕФ) ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Делегацијата на Европската унија во државава и ЗИП Институтот, во партнерство со Фондации Отворено општество – Западен Балкан. На отворањето на форумот се најавени обраќања на мандатарот за состав на нова влада Христијан Мицкоски, евроамбасадорот Дејвид Гир, извршниот директор …

Седмо издание на Македонскиот енергетски форум Read More »

Фискалните дефицити на САД и Кина претставуваат значителни глобални ризици, предупредува ММФ


Гита Гопинат, првиот заменик-управен директор на Меѓународниот монетарен фонд, ги повика САД да го намалат растечкиот фискален долг, нагласувајќи дека силниот раст на нивната економија овозможува помали трошоци и повисоки даноци. Гопинат рече дека сега е време развиените земји да „инвестираат во фискална консолидација“ и да го решат прашањето за намалување на долгот на нивоа …

Фискалните дефицити на САД и Кина претставуваат значителни глобални ризици, предупредува ММФ Read More »

„Виза“ и „Мастеркард“ завршија на суд поради високи надоместоци


Американските компании за кредитни картички „Виза“ и „Мастеркард“ се соочуваат со колективна тужба од трговци во Британија поради надоместоци за обработка на плаќањата по построга регулаторна контрола и спорови во САД. „Виза“ и „Мастеркард“ долго време доминираа на пазарот за платежни картички, што го привлече вниманието на британските пратеници и предизвика бран барања за построг …

„Виза“ и „Мастеркард“ завршија на суд поради високи надоместоци Read More »

Се зголемува бројот на „зомби“ компании во светот


Анализата на Асошиетед прес покажа дека бројот на јавно тргувани „зомби“ компании – оние кои се толку оптоварени со долгови што се борат да ја платат дури и каматата на нивните заеми – се искачи на речиси 7.000 ширум светот. Таканаречените „зомби“ компании наскоро би можеле да се соочат со „ден на пресметување“, со заеми …

Се зголемува бројот на „зомби“ компании во светот Read More »

Тони Стојановски именуван за нов Претседател на УО на НЛБ Банка Скопје, на местото на Бранко Грегановиќ


Тони Стојановски е новиот директор на НЛБ банка АД Скопје, соопштија од банката преку известување до Македонскта берза. Тој на оваа позиција ќе го замени досегашниот директор Бранко Грегановиќ. Во известувањето до берзата, од НЛБ посочуваат дека на 07.06.2024 година, Бранко Грегановиќ, поднесе оставка од функцијата Претседател на Управниот Одбор на НЛБ Банка АД Скопје. …

Тони Стојановски именуван за нов Претседател на УО на НЛБ Банка Скопје, на местото на Бранко Грегановиќ Read More »

ИСОС: Јакнењето на сметководствената професија ќе донесе дополнителни придобивки и за микро, малиот и средниот бизнис


Воведувањето и употребата на меѓународните стандарди за финансиско известување во нашата земја ќе обезбеди усогласеност на финансиските извештаи на домашните компании, вклучувајќи ги и малите и средни фирми, со оние што се изготвуваат на глобално ниво, што секако ќе донесе низа придобивки за нашиот бизнис сектор, бидејќи со тоа се зголемува неговата конкурентност, креирајќи нови …

ИСОС: Јакнењето на сметководствената професија ќе донесе дополнителни придобивки и за микро, малиот и средниот бизнис Read More »

Бошков: На македонската економија и недостига антикоруптивно, етичко и бизнис морално однесување


На македонската економија и недостига антикоруптивно, етичко и бизнис морално однесување. Генерално сите велиме дека се почитува она што е напишано во законот и ставено како корпоративна легислатива, но корупцијата не работи сама, секогаш е потребно некој да ја понуди и да ја прими. Сивата економија за нас е дел од корупцијата, работата „на црно“ …

Бошков: На македонската економија и недостига антикоруптивно, етичко и бизнис морално однесување Read More »

Дизелот поевтинува за 1,50 денари за литар, цените на бензините без промена


Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, соопшти денес Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,734 ден/кг и сега ќе изнесува 42,475 …

Дизелот поевтинува за 1,50 денари за литар, цените на бензините без промена Read More »

Фајнанс тинк: Во првиот квартал од годинава БДП зголемен за 1,2 отсто на годишна основа


Во првиот квартал од 2024, БДП се зголемил за 1,2 отсто на годишна основа, задржувајќи ја потиснатата економска динамика од 2023. Релативно воздржаната економска активност е резултат на две главни тенденции. Од една страна, извозот забележа релативно голем пад од 7.8 отсто, подлабок од тој во 2023. Од друга страна, приватната потрошувачка, која сочинува доминантен …

Фајнанс тинк: Во првиот квартал од годинава БДП зголемен за 1,2 отсто на годишна основа Read More »

Земјоделци и сточари со пари од ЕУ ќе купуваат дронови и роботи за помодерно земјоделство


Во канцеларијата „Европска куќа“ на Делегацијата на Европската Унија денеска во Тетово, беа доделени осум договори за грант со кои земјоделци и сточари од целата државата ќе можат да набават опрема и технологија со кои ќе може да го развиваат нивното земјоделство или сточарство. За модернизацијата Европската унија обезбеди 208.029 евра, што претставува 75 проценти …

Земјоделци и сточари со пари од ЕУ ќе купуваат дронови и роботи за помодерно земјоделство Read More »

Ќе го отвори ли новото Министерство за енергетика патот за спорните „рудници на смртта“


Со реорганизацијата на Министерството за економија, според донесените измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа, неколку клучни сектори ќе се издвојат во ново Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини. Дали ваквата реорганизација ќе овозможи ефикасно спроведување на политиките во делот на енергетиката, како што најавуваат од владејачката коалиција, при …

Ќе го отвори ли новото Министерство за енергетика патот за спорните „рудници на смртта“ Read More »

Бранко Азески: Апсурдите на нашата безидејност – ни претстои ли пресврт?


Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, во колумна објавена на интернет страницата на комората се осврнува на приоритетите кои што ги очекува бизнисот од новата влада и неопходните промени за поголем економски раст и за зголемување на животниот стандард. Азески потенцира дека функционалноста на системот подразбира претходно расчистување со апсурдите на нашата безидејност кои се …

Бранко Азески: Апсурдите на нашата безидејност – ни претстои ли пресврт? Read More »

„Кроација ерлајнс“ откажа дури 12 летови неделно: Откриена и причината


„Кроација ерлајнс“ го намалува бројот на летови на одредени линии. Како што е најавено, „Кроација ерлајнс“ мора да го намали бројот на летови на некои линии поради недостиг на флота. Нивната нова линија меѓу Загреб и Тирана ќе биде отворена на 14 јуни, но поради оваа причина, првиот следен лет нема да биде пред 28 …

„Кроација ерлајнс“ откажа дури 12 летови неделно: Откриена и причината Read More »

Го преместуваат производството од Кина во Белгија, плашејќи се од царините на ЕУ


„Волво“ почна да го преместува производството на електрични возила од Кина во Белгија, во очекување на движењето на Европската унија кое ќе го отежне увозот на возила субвенционирани од Пекинг. „Волво“, кој е во мнозинска сопственост на кинеската Geely, размислуваше да ја запре продажбата на кинески електрични возила во Европа доколку ЕУ воведе дополнителни царини, …

Го преместуваат производството од Кина во Белгија, плашејќи се од царините на ЕУ Read More »

Тесла предупредува: Илон Маск заминува ако не му го одобрат бонусот


Извршниот директор на Тесла, Робин Денхолм, апелираше до акционерите да одобрат огромен пакет компензација од 56 милијарди долари за Илон Маск. Одлуката за исплата на овој бонус ќе биде донесена на 13 јуни, кога акционерите ќе гласаат по втор пат откако првиот обид беше откажан поради процедурални нерегуларности. „Илон не е типичен извршен директор, а …

Тесла предупредува: Илон Маск заминува ако не му го одобрат бонусот Read More »

До златото е се потешко да се дојде, еве зошто


Индустријата за ископување злато се бори да го одржи растот на производството бидејќи залихите на жолтиот метал се потешко се наоѓаат, според Светскиот совет за злато (WGC), пренесува регионалниот бизнис портал СЕЕбиз. „Видовме рекордно производство во првиот квартал од 2024 година, кое беше зголемено за 4 отсто на годишно ниво. Но, поголемата слика, мислам дека …

До златото е се потешко да се дојде, еве зошто Read More »

Девизните резерви на крајот на мај 4,29 милијарди евра


Девизните резерви на крајот на мај годинава изнесувале 4.293,6 милиони евра, соопшти Народна банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (60,1%), по што следуваат валутите и депозитите (28,7%) и монетарното злато (11,2%).