Нацевска: Рамката на раководење и транспарентноста клучни за одржување на кредибилитетот на централните банки
Вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, учествуваше на регионалната конференција на високо ниво на којашто зедоа учество извршни и неизвршни членови на органите на раководење на централните банки на Југоисточна Европа. На конференцијата се зборуваше за клучните предизвици во раководењето, управувањето со ризиците и транспарентноста на централните банки, во денешното окружување подложно на брзи промени. …