Неефикасното постапување со работните спорови за 5 години предизвикале одлив на 64 милиони евра од државниот буџет, оцени ДЗР


Државниот завод за ревизија изврши ревизија на успешност на тема „Ефектите на судските постапки од работен спор врз буџетот на државата“, со цел да се оцени „дали надлежните институции воспоставиле ефикасни механизми и системи за управување со работните спорови, и дали се преземаат соодветни мерки за намалување на нивните финансиски импликации врз буџетот на државата“. […]

До 2030 година 38 отсто од бруто финалната потрошувачка на енергија ќе биде од обновливи извори


Напредокот на Македонија и исполнувањето на преземените обврски се позитивно оценети во последниот „Извештај за оценка на усвоените национални планови за енергија и клима 2025–2030 и напредокот во 2025 година кон енергетските и климатските цели во Енергетската заедница“, информираат од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) и додаваат дека со тоа навреме ја […]

Клучен саудиски нафтовод разнесен: „Ова е почеток на нова, опасна фаза од конфликтот“


На прагот сме на нова и опасна фаза од конфликтот, предупредува Џозеф Вебстер, експерт за енергија од влијателниот американски тинк-тенк Атлантски совет, во интервју за италијанската „Ла Република“. Нападот врз клучниот саудиски нафтовод Исток-Запад, истакнува Вебстер, значително ги зголемува влоговите на Блискиот Исток. Сателитските снимки покажуваат обемна штета на нафтоводот Исток-Запад на Саудиска Арабија по […]

ФЕД ја зголеми основната каматна стапка


Федералните резерви на САД (ФЕД) денеска ја зголемија основната каматна стапка за 0,25 проценти, првпат по повеќе од три години. Каматната стапка од 3,75 отсто е зголемена на четири проценти, како одговор на постојано високата инфлација. ФЕД ја зголеми основната каматна стапка и покрај барањата на американскиот претседател Доналд Трамп за пониски каматни стапки. Европската […]

Компанијата „Рамбл“ на Крис Павловски склучи договор со „Ентропик“ вреден 13,7 милијарди долари


Повеќе специјализирани медиуми за вести од светот на информатичката техонологија објавија дека компанијата Рамбл на Крис Павловски склучила стратешки договор вреден 13,7 милијарди долари со една од најголемите компании за развој на вештачка интелигенција – Ентропик. Според информациите кои се уште не се потврдени од двете компании, Ентропик ќе ги користи капацитетите на растечкиот дата […]

Криптовалутите потонаа откако законот за дигитални средства не помина во Сенатот


  Вредноста на најголемите криптовалути падна во вторник откако американскиот Сенат не успеа да го усвои Законот за јасност на пазарот на дигитални средства (Digital Asset Market Clarity Act), познат како Clarity Act, кој има за цел да воспостави федерална регулаторна рамка за дигитални средства. На законот се противат некои демократи, кои веруваат дека неговите […]

Рекордни цени на пивото на Октоберфест: Пет пати повисоки отколку во 1985 година


Порастот на цените на светски познатиот германски фестивал на пиво Октоберфест, кој започнува во сабота, е повисок од стапката на инфлација во Германија во последните децении, предупреди Андреас Рис, главен економист во UniCredit Bank во Германија. Цените на пивото сега се пет пати повисоки отколку во 1985 година, изјави Рис, цитиран од германската новинска агенција […]

ФЕД денес се очекува да ги зголеми каматните стапки, прв пат од 2023 година


Се очекува американската централна банка денес да ги зголеми каматните стапки за прв пат од 2023 година, додека се обидува да се справи со обновеното забрзување на инфлацијата предизвикано од високите цени на енергијата и војната на Блискиот Исток. Пазарите очекуваат Федералните резерви да ја зголемат својата клучна каматна стапка за 0,25 процентни поени, од […]

Ефикасната даночна политика е клучна за намалување на неформалната економија и унапредување на даночната правичност


Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, заедно со помошник-директорите учествуваше на меѓународната академска конференција на тема „Даночна политика, нееднаквост и неформална економија“, која во периодот од 11 до 13 септември се одржа во Охрид. Конференцијата се реализира во рамките на проектот „Иновативни научни решенија за намалување на социјалната нееднаквост и неформалната економија во […]

Складирањето енергија, водородот и геотермалниот потенцијал отвораат простор за соработка со австриски компании, вели Божиновска


Батериите, складирањето, водородот и расположливиот геотермален потенцијал, се трите клучни сегменти од енергетиката во кои Македонија може да ја интензивира соработката со австриските компании, оцени денеска ресорната министерка Сања Божиновска на бизнис форумот во Стопанската комора. Како што истакна Божиновска, на земјава и требаат инвестиции во инфраструктурата, посебно изградба на далекуводи. Таа ги информира австриските […]

Колку пари губат Европејците штедејќи во банки


Европејците губат просечно 294 евра куповна моќ за секои 10.000 евра што ги чуваат во банка, според истражувањето на „Револут“, според кое 6,3 милијарди евра се во депозити со низок принос во 20 земји од ЕУ, во време кога Брисел се обидува да ги насочи овие пари кон пазарите на капитал. Минатата недела, „Револут“ го […]

Николоски потврди дека сѐ уште нема решение за превозниците: Осум месеци разговораме, но без сериозен плод


 Веќе осум месеци имаме разговор и дијалог што не вродува со сериозен плод, а тоа е состојбата со македонските превозници. Ние можеме овде да зборуваме што сакаме, но ако нема начин како добро да ја изнесеме стоката од Македонија во Австрија и од Австрија во Македонија, бесполезно разговараме. Кога дојдов на оваа позиција, да ме […]

Зголемен прометот од продажба на услугите


Прометот од продажбата на услугите е зголемен за 1.0 % во второто тримесечје од 2026 година во однос на истото тримесечје лани, објави Државниот завод за статистика. Најголемо зголемување на прометот во услугите од 4.0 % има во секторот Транспорт и складирање, а најголемо намалување од 3.0 % во секторот Други услужни дејности.

Раст на прометот во индустријата


Прометот во индустријата, вкупно, е зголемен за 2.7 % во јули 2026 година во однос на јули лани, објави Државниот завод за статистика. Прометот во индустријата, вкупно, во јули 2026 година во однос на јули 2025 година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.2 % и Нетрајни производи за […]

Николоски: Да се најде решение за превозниците и да се овозможи слободен проток на стоките


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, денеска, на бизнис-форумот во Стопанската комора, упати директна порака дека мора да се реши проблемот со превозниците и да се овозможи слободен проток на стоките, без какви било задржувања, чекања и пречки. Укажа и на нелојалната конкуренција во делот на тендерирањето на инфраструктурните проекти во рамките на ЕУ. […]

Бизнис-форум: Инфраструктурата, извозот и иновативноста – трите „и” кои се клучни за македонската економија


Оперативни и без одлагање за македонската економија мора да бидат инфраструктурата, извозот и иновативноста, тоа се трите „и” кои се клучни за отворање на пазарите и за натамошен развој – порачаа учесниците на денешниот Македонско-австриски бизнис-форум, што се одржува во Стопанската комора. Македонија, беше истакнато, е географски предодредена да биде центар на европските коридори и […]

Саудиска Арабија откажува испораки на нафта за Европа по напад со дрон; Цената на берзите е 122 долари за барел


Саудиска Арабија намали или целосно рпекина испораки на нафта до европските клиенти откакои во напад со дрон е оштетен нејзин клучен нафтоводс Исток-Запад кон Црвеното Море. Ријад ги обвини хутите за нападот и поради тоа откажани се испораки на товари планирани за овој месец додека утоварот на нафта во црвеноморското пристаниште Јанбу е целосно прекинат. […]

Лореал го престигна ЛВМХ и стана највредната француска компанија


Францускиот козметички гигант Лореал го престигна ЛВМХ и стана највредната компанија на француската берза, во период кога производителите на луксузни производи се соочуваат со послаба продажба и намалена побарувачка. Пазарната вредност на Лореал достигна околу 203 милијарди евра, додека ЛВМХ, групацијата во чија сопственост се брендовите Луј Витон и Диор, вреди околу 202 милијарди евра. […]

Само Николоски на добар пат да ги потроши парите за капитални расходи до крајот на годинава – другите штеделе


Седум министерства заклучно со август успеале да потрошат повеќе од половина од парите за јавни инвестиции. Има ресори кои за осум месеци не успеале да реализираат ниту 20% од годишниот план, пишува  Порталб . Министерството за транспорт и Министерството за јавна администрација имаат највисок процент на остварување на капиталните расходи. Рангирање според степенот на реализација на […]

Кинескиот гигант BYD ќе произведува електрични камиони во Европа


Кинескиот производител на електрични возила BYD планира следната година да го лансира својот прв модел на електричен камион на европскиот пазар, а подоцна и да го произведува во Европа – ова го најави Стела Ли, извршен потпретседател на компанијата, на саем во Хановер. „На долг рок, сè што продаваме во Европа ќе го произведуваме токму […]