За осум месеци годинава во Буџетот прибрани 230,6 милијарди денари, а потрошени 268,9 милијарди денари


Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари работна средба со директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова и директорот на Царинската управа Бобан Николовски, на која беше разгледана тековната реализација на Буџетот, со посебен фокус на наплатата на приходите и движењата кај одделните даночни категории. На средбата беше констатирано дека реализацијата на Буџетот се […]

Пругата од Бељаковце до Крива Паланка до сега е со реализација од 40 отсто, до крајот на годинава треба да стигне до 50 проценти


Бележиме засилени градежни активности на изградбата на пругата кон Бугарија, делница од Бељаковце кон Крива Паланка. Оваа делница е во должина од 34 километри. Во моментов засилено се гради најдолгиот мост број 7, во должина од 194 метри, еден од трите неизградени мостови, од вкупно 29 мостови, објави директорот на МЖ „Инфраструктура“, Синиша Ивановски на […]

ТАВ Македонија ја повлече одлуката за ограничен бесплатен пристап на возила во зоната „Hug & Fly“ на скопскиот аеродром


„ТАВ Македонија ја повлече одлуката со која бесплатниот пристап на едно возило беше ограничен на еден влез во зоната „Hug & Fly“ на Меѓународниот Аеродром Скопје, во период од 24 часа. Одлуката на Тав Македонија доаѓа откако Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата  во рамки на анализата на условите и […]

Берни Сандерс предлага 4-дневна работна недела без намалување на платите


Сенаторот Берни Сандерс и конгресменот Марк Такано повторно предложија закон во Конгресот на САД за воведување 32-часовна работна недела. Нивниот предлог предвидува намалување на работното време без намалување на платите и другите права на вработените. Иницијативата се заснова на аргументот дека огромното зголемување на продуктивноста и развојот на нови технологии како што е вештачката интелигенција […]

Влегуваме во нова ера во која купуваат потрошувачите, компаниите и АИ-агентите: Порака од регионалниот форум на Виза во Белград


Иднината на трговијата ја обликуваат тројца чинители: потрошувачите, бизнисите и, сè повеќе, AI-агентите кои дејствуваат во име на корисниците. Ова беше една од клучните теми на Visa Connect SEE, регионалниот форум на „Виза“ (Visa), кој во Белград собра околу 150 лидери од банкарскиот и финансискиот сектор, како и експерти на Visa, за да разговараат за […]

Рекордна цена на дизелот во Германија – 2,5 евра


  Цената на дизелот во Германија достигна нов рекорден максимум. Просечната цена по литар вчера беше 2,471 евра, надминувајќи го рекордот од 2,453 евра поставен само еден ден претходно. Полнењето резервоар од 50 литри сега чини 123,55 евра. Во исто време, бензинот стана малку поевтин, паѓајќи од 2,314 на 2,308 евра за литар. Причината за […]

„Амазон веб сервисис“ ќе го закупи мега дата-центарот што ќе се гради кај Кожани во Грција


Меморандум за разбирање со кој се утврдуваат рамката и главните услови за развој на објект за дата-центар во областа Агиос Димитриос во близина на Кожани во северозападна Грција, што во почетната фаза ќе располага со 300 мегавати влезна електрична моќност, потпишаа грчката национална компанија за електрична енергија (ДЕИ) и  „Амазон веб сервисис“ (Amazon Web Services […]

Македонскиот рубин влегува во нова фаза на заштита, сертификација и промоција


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини в понеделник, 21 септември, ќе ги соопшти натамошните активности за заштита, сертификација и промоција на македонскиот рубин. Ќе бидат презентирани досегашните, но и идните конкретни чекори за воспоставување на системот за заштита и препознатливост на македонскиот рубин – од утврдување и документирање на потеклото, преку сертификација и воспоставување […]

Од 1 јануари минималната плата во Црна Гора ќе биде 1.000 евра


  Од јануари, сите плати во Црна Гора во јавниот и приватниот сектор се зголемуваат според новата владина програма „ЕВРО МОДЕЛ“, пишува РТЦГ. РТЦГ наведува дека 1.000 евра ќе биде минималната нето плата на вработените на работни места со основно и пониско образование, 1.250 евра – за вработените на работни места со средно образование, 1.400 […]

Германските превозници реагираат на високите цени на дизелот


 Германските транспортни компании упатија отворено писмо до сојузниот канцелар, Фридрих Мерц, поради наглиот раст на цените на дизел-горивото, предупредувајќи дека зголемените трошоци сериозно го оптоваруваат транспортниот и логистичкиот сектор. Сојузното здружение за патен транспорт, логистика и рециклирање (БГЛ) завчера соопшти дека малите и средните транспортни компании поради традиционално ниските профитни маржи, сè потешко можат долгорочно […]

Светска банка мобилизираше 112 милијарди долари приватен капитал за земји во развој


Светска банка мобилизираше 112 милијарди долари приватен капитал оваа година, повеќе од која било година во својата историја, и издаде рекорден број гаранции, обезбедувајќи повеќе приватен капитал за поддршка на економии во развој. Со тоа, Светската банка ја постигна целта што нејзините акционери и клиенти ја бараа со години. Количината на приватен капитал мобилизиран од […]

Венецуела е се поблиску до договор за префрлање над 4 милијарди долари резерви на злато во Њујорк


Лондон –   Венецуелската влада и опозицијата во државата се пред постигнување договор за префрлање на златните резерви на централната банка, во вредност од околу 4 милијарди долари, од Банката на Англија до Федералната резервна банка на Њујорк, објави „Фајненшл тајмс“. Договорот предвидува привремената влада предводена од Делсеа Родригез да добие законска контрола врз златото, но […]

Групацијата „Балфин“ ќе гради пет нови ритејл паркови во различни градови низ Македонија


Групацијата „Балфин“ (BALFIN Group) соопшти дека ја продолжува својата инвестициска експанзија во Македонија преку развој на ритејл паркови — формат кој сè повеќе станува дел од современите потрошувачки навики и урбаниот развој во регионот. По позиционирањето на East Gate Mall како еден од најзначајните трговски центри во земјата, групацијата го проширува своето портфолио со најавената […]

„Ефектот Канада“: Кои европски компании би можеле да имаат корист од поблиските врски?


Канада сè повеќе се свртува кон Европската Унија поради трговските тензии со Соединетите Американски Држави, а европските компании веќе почнуваат да ги искористуваат новите можности на канадскиот пазар. Во среда, канадскиот премиер Марк Карни беше пречекан со стоечки овации во Европскиот парламент во Стразбур, што е доста невообичаено за странски премиер. Претседателката на Европската комисија, […]

Пред бербата преспанското јаболко со преполовени цени во однос на лани


  БИТОЛА – Преспанскиот јаболкобер е на самиот праг, а цените на јаболката се разочарувачи за производителите. Преспанските овоштари велат дека цената на индустриското јаболко е повеќе од преполовена во споредба со ланската, додека на сортното здраво јаболко е за најмалку десет денари пониска од лани. Индустриското јаболко денес се откупува за 4 денари од […]

Со арматурни кафези тешки по 30 тони се стабилизира земјиштето на трасата на автопатот Кичево – Охрид кај Ботун


На делницата кај селото Ботун од автопатот Кичево – Охрид се применува специјална техника за стабилизација на земјиштето, со која под земја се создава цврста конструкција што треба да ја обезбеди стабилноста на основата на автопатот – изјави денеска министерот за транспорт и врски и вицепремиер, Александар Николоски. Николоски заедно со директорот на Јавното претпријатие […]

Продолжува соработката со Банката за развој при Советот на Европа, најавена поддршка на нови проекти


Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) е долгогодишен и значаен партнер на земјава во реализацијата на проекти насочени кон подобрување на образованието, социјалната инфраструктура и поддршката на микро, малите и средните претпријатија. Фокусот на соработката е насочен кон реализација на проекти што носат конкретни придобивки за граѓаните и придонесуваат за економскиот развој. Ова […]

Инстант-плаќањата ќе овозможат трансфери за неколку секунди, 24 часа во денот, вели Славески


  Развојот на платните системи е еден од приоритетите на Народната банка, а воведувањето на инстант-плаќањата преку националната платформа, која претставува клон на европскиот систем ТИПС, ќе биде значаен чекор во модернизацијата на домашната платна инфраструктура. Ова го истакна гувернерот на Народната банка Трајко Славески во гостувањето во централниот дневник на „Македонската телевизија“. „ТИПС-клонот е […]

Славески: Монетарната поставеност останува соодветна, девизните резерви над 5 милијарди евра


Монетарната поставеност останува соодветна, а основната каматна стапка е задржана на нивото од 4,25%, при што Народната банка располага со сите потребни инструменти за да реагира доколку условите го наложат тоа. Ова го истакна гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во гостувањето во централниот дневник на „Македонската телевизија“, говорејќи за последната одлука на Извршниот одбор, […]

Националниот дата центар ќе се гради кај Бунарџик, најави министерот Андоновски


Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски очекува до крајот на годината да биде донесена националната стратегија за вештачка интелигенција. Една од активностите на стратегијата ќе биде и носење на закон за употреба на вештачката интелигенција. Утре во Министерството за дигитална трансформација ќе се одржи состанок на работната група по што драфт верзијата ќе биде ставена […]