Овчарите бараат итно обештетување за угинатите овци од овча сипаница и право да земат субвенции


БИТОЛА – Над 10.000 грла овци угинаа во изминатите месеци поради болеста овчи сипаници. Оваа болст кај ситните преживари го зафати Источниот регион на државата и предзвика значителна штета кај сточарите. Сега сточарите се во грч дали реално ќе бидат обештетни според бројот на грла, расата на овци и дали ќе оставарат право на субвенции со празни бачила поради угинатата стока.

Согласно правилата, на истото место каде е констатирана болеста, треба да поминат најмалку шест месеци за сточарите да можат повторно да чуваат добиток.

Министерот за  земјоделство Борче Серафимовски од Битола најави дека вакцините за овча сипаница ќе стигнат во државата за неколку дена.

Болеста овча сипаница го зафати и стадото на Јаворка и Тони Димови од Свети Николе. После 30 години чување овци, Димови вчера останаа без стока. Оваа ситуација тешко ја поднесе Јаворка Димова (48)  која вели дека од 18 години е со овците.

„Ни уништија 200 грла овци и не оставија со празно бачило“, вели Димова, чија фарма е во близина на Свети Николе. Таа е една од жените сточари позната во јавноста како производител на највкусното овчко сирење.  

Јаворка вели дека вчера ветеринарни инспектори ја констатирале болеста и во нејзината фарма, но остро критикува дека цело лето овчарите чекаа вакција за овчка сипаница и не ги добија за да ја заштитат стоката.

„Од 18 години, цели три децении чувам овци, денес останав без ни една од нив. Стоката ми ја отепаа со пиштол едно, едно по едно грло, не можам да го поднесам ова што се случи. Еве преку ден, останав без стока”, раскажува вознемирена Јаворка. Таа вели дека државата требаше ургентно да делува кога за прв пат се појави болеста во Источна Македонија, а не да дозволи да се прошири во толкави големи размери. Одгледувачите на овци се уште ги чекаат вакцините од Турција, а дотогаш болеста ги затвори фармите.

Оваа ситуација за Јаворка е уништување на сточарството во Македонија, посебно на овчарството.

„Сега ќе ни дадат обештетување, но колку и дали ќе биде реално – е прашање, бидејќи моите овци беа од сортата Праменка – Овчеполка, оваа штета што ми ја направија е околу 50 илјади евра, а проценката на државните служби околу 30 илјади евра. Значи и по втор пат ќе бидеме оштетени?“,  се прашува Јаворка. Според неа отворено виси прашањето дали со уништувањето на целото стадо овци неполн месец пред 1 ноември, ќе ги изгубат и субвенциите за 2026 по грло што е дополнителна штета за нив од 10 илјади евра.

„Условот да земеме субвенции по грло е да ги чуваме овците до 1 ноември, нашето стадо е угинато дваесетина дена порано. Сега прашувам, дали ова значи дека нема да земеме субвенции иако сме ги чувале безмалку една година овците?“, прашува Јаворка.  Според неа со уништувањето на овците се доведува до прашање понатамошната егзистенција на семејствата на сточарите, на одгледувачите на овци, за што државата мора да најде начин да ги обештети праведно за да не останат без егзистенција.

Министерот за земјоделство Борче Серафимовски денеска беше во Битола и запрашан за овие проблеми на одгледувачите на овци вети решенија.

„Процедурите кои се спроведуваат од страна на АХВ, односно инспекторите излегуваат на терен и констатираат кога имаме заболени животни и угинување на животни и се подготвува записник. Со овој записник сточарите ќе имаат можност да се обратат до Платежната агенција  и сите процедури кои што се потребни ќе бидат спроведени за истите сточари да не ги изгубат директните плаќања кои се предвидени“, порача Серафимовски.

Министерот вели дека будно ја следат ситуацијата со болеста овци сипаници. Тој најави средба со Сојузот на одгледувачи на овци и изнаоѓање на решенија во полза на сточарите. Оцени дека состојбата со сипаниците кај овците се стабилизира и дека засега ширењето е ограничено на Источниот Регион, кој е еден од најпогодените. Додава оти сточарите постапуваат согласно сите пропишаните мерки, односно ги изолираат стадата, поради што се намалува бројот на заболени грла.

Според Серафимовски досега од Европската Унија се обезбедени 450.000 вакцини против сипаници кај овците и козите и дека е добиена дозвола за нивна употреба.

Тој вели дека вакцините ќе бидат во државата околу 10-11 октомври.