Новите BMW X5 и BMW Серија 7 Седан премиерно претставени во Македонија


М Кар денеска ги претстави новите генерации на BMW X5 и BMW Серија 7 Седан кои беа претставени како два препознатливи модели, со различен карактер и различна намена, но со нови беспрекорни решенија во дизајнот, технологијата и начинот на кој го доживуваат возењето.

Ова е петтата генерација на моделот со кој BMW го постави темелот на X семејството уште во 1999 година. Од првиот BMW X5 до денес, моделот постојано се развиваше, а сега доаѓа со нешто што досега го немаше – пет различни типови погонски системи.

„Новиот BMW X5 влегува во својата петта генерација со посамоуверен изглед, повеќе простор и ентериер кој ја комбинира елеганцијата со модерниот карактер на моделот. Со речиси пет метри должина, X5 е уште попростран, а вниманието кон деталите се забележува во секој дел од кабината“, изјави Борис Јаневски, сениор консултант за BMW автомобили во М Кар.

Погонската понуда на новиот BMW X5 е разновидна, со mild-hybrid бензинска и mild-hybrid дизел верзија, а од јануари 2027 година и со plug-in хибридните X5 50e и X5 M60e, како и со целосно електричната верзија iX5.

default

BMW Серија 7 Седан е приказна за луксузот. Седмата генерација на моделот пристигнува со уште пософистициран изглед, богати можности за персонализација и ентериер создаден подеднакво за возење и за уживање во патувањето.

На задните седишта, BMW Theatre Screen од импресивни 31,3 инчи со 8K резолуција го претвора патувањето во приватно кино искуство, додека новиот BMW Panoramic Vision и Panoramic iDrive внесуваат ново ниво на дигитална интуитивност во кабината.

BMW Серија 7 Седан стартува со една mild-hybrid бензинска и три целосно електрични изведби, додека од ноември понудата ќе биде дополнета со mild-hybrid дизел и plug-in хибридни верзии.

„Новите BMW X5 и BMW Серија 7 Седан покажуваат дека автомобилот може да биде многу повеќе од средство за движење – може да биде личен избор што ги одразува карактерот, потребите и индивидуалноста на својот сопственик. За нас во М Кар, суштината не е само во разновидноста на понудата, туку во уникатноста на секој автомобил и начинот на кој тој се поврзува со човекот за кого е создаден“, изјави Билјана Колемишевска, одговорна за маркетинг комуникации и ПР во М Кар.