Заев со апел до банките да ги намалат каматите


Премиерот Зоран Заев ги повика банките да преземат похрабри одлуки и да придонесат повеќе за поддршка на економијата и севкупниот развој. Да преземат похрабри чекори во делот на паѓање на каматите, намалување на провизиите и флексибилност во одобрување на кредитите. – Силно го поздравивме последното намалување на референтната каматна стапка на 2,25 проценти, кое е […]

Триесет и четири проекти на компании ќе се финансираат преку повикот на ФИТР „СтартАПувај“


Триесет и четири компании ќе се финансираат во рамки на последниот повик на Фондот за иновации и технолошки развој „СтартАПувај“, на кој аплицираа 186 компании. Како што изјави директорот на ФИТР Јован Деспотовски, со овие 34 компании е исцрпен целиот буџет иницијално предвиден за самиот повик од еден милион евра. Со првиот циклус од 34 […]

Латас си поднесе оставка од уредничкото место во Сител


Драган Павловиќ Латас поднесе оставка од функцијата Главен и одговорен уредник во ТВ Сител. Во оставката, која ја објави Вечер, се вели: ,,Оставката ја поднесувам со цел – заштита од понатамошни притисоци кон мене како новинар и кон медиумот во кој работам. На оваа функција во ТВ Сител сум од мај 1997 година до денес, […]

Шеќеринска покровител на најуспешните менаџерки за 2018 година


Избор на десетте најуспешни жени менаџерки ќе се одржи вечер во Скопје. Агенцијата„Марили“ 23-ти пат по ред ќе ги додели признанијата на најуспешните менаџерки за 2018 година. Годинава манифестацијата се одржува под покровителство на министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Во годинашниот избор во топ 10-те најуспешни менаџерки, како што информира агенцијата „Марили“  е и првата […]

Сугарески: Реконструкцијата на патот од Гостивар до Кичево ќе заврши до јуни


Околу 8 милиони евра се инвестираат во реконструкција на патниот правец од Гостивар до Кичево, соопшти министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при постата на општина Кичево, каде изврши увид во реконструкција на патниот правец Гостивар – Кичево и додаде дека годишно од тука поминуваат повеќе од четири милиони возила. „Вкупно 8 милиони евра […]

Народна банка: Прво влез во ЕУ, па стратегија за евро


Македонија уште нема стратегија за воведување на еврото како официјална парична единица во државата. Од Народна банка велат дека тоа ќе се прави по влезот на земјата во ЕУ. „Стратегијата е појдовната точка за почнување на процесот на воведување на еврото како официјална парична единица во една држава. Но овој процес е повеќефазен и прво […]

Ангеловска-Бежоска избрана за претставник на шест земји од регионов во Надзорниот одбор на Виенската иницијатива 2


Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, неодамна е избрана за член на Надзорниот одбор на Виенската иницијатива 2, како претставник на шесте земји од регионот на Југоисточна Европа коишто сѐ уште не се членки на Европската Унија (ЕУ). Во рамките на Виенската инцијатива 2, таа има активна улога во застапувањето на интересите на регионот пред […]

Исклучените од парно од април нема да плаќаат фиксен надоместок


Од април исклучените од парно греење повеќе нема да плаќаат фиксен надоместок, предвидуваат новите предлог-правила за снабдување со топлинска енергија што денеска на седница ги разгледа Регулаторната комисија за енергетика. На потрошувачите на топлинска енергија, пак, од 1 август во сметките ќе им биде укината ангажираната можност, но тоа не значи дека ќе добијат помали […]

Најмладиот милионер во земјава има 15 години, најстариот 98


Повеќе од 24 илјади граѓани во земјава годишно заработуваат над еден милион денари, а бројката на оние кои оствариле бруто приходи од 100 илјади до еден милион денари е половина милион. Најмладиот милионер во земјава има само 15 години, а со доход над еден милион денари е и 98-годишно лице. Скопјанец е на листата со […]

Навигаторите од регионот во Скопје се координираат за прелетите во летниот период


Координација на летовите во Југоисточниот регион со цел ефикасно опслужување на воздушниот сообраќај во текот на претстојната летна сезона, е главната тема на прелиминарниот координативен состанок со Sout East Axis 23, кој денеска и утре се одржува во Скопје во организација на М-НАВ, а под покровителство на Евроконтрол. Претседателот на Управниот одбор на Македонската навигација […]

ССК: Нерегистрираните фирми двојно поконкурентни од регистрираните


Оние што избегнуваат плаќање даночни обврски, ги оштетуваат сите граѓани и се неправедни кон сите даночни обврзници кои работат законски. Нивното изигрување на прописите не само што претставува затајување данок, туку е и дестимул за сите што сакаат да работат почитувајќи ги законите, реагира Сојузот на стопански комори (ССК). ССК повторно укажува на потребата од […]

Акционерите од „Топлификација“ до Заев: Оштетени сме за 34 милиони евра


Со отворено писмо до премиерот Зоран Заев и други истражни и судски институции акционерите во Топлификација бараат тој да се заложи и конечно како што велат, да се стави крај на лошата ситуација во друштвото. Тврдат дека со низа одлуки полни со незаконски дејства и неправилности во кои се вклучени судовите, нотари и компанијата Битар […]

Со Арбитража споровите се решаваат за шест месеци


Идентичен соодносот на постапки што се поведуваат со и без меѓународен елемент покажаа статистичките податоци за работењето на Постојаниот избран суд – Арбитража. Во последните две години, 46 отсто од поведените постапки биле спорови што имаат карактер на спор без меѓународен елемент, додека пак 54 отсто биле постапки поведени во спорови со меѓународен елемент. Прилично […]

Квадрат стан во Скопје лани чинел 760 евра, во другите градови 550


Просечната цена на метар квадратен станбена површина во 2018 година изнесувала 43.155 денари, што е за 3,2 отсто повеќе во однос на 2017 година, соопшти Државниот завод за статистика. Во Скопје, метар квадратен лани чинел 46.764 денари, што е за 7 отсто повеќе од 2017 година, додека во останатите населени места во државата цената била […]

Извозот во Русија се одвива непречено и бележи постојан раст


Македонската економија во првите неколку месеци од годинава бележи зголемување на вкупниот извоз на пазарот во Русија за 41 процент, од кои само кај земјоделските и прехранбените производи растот изнесува 90 проценти за месец јануари, споредено со истиот месец минатата година. Ова беше истакнато на денешната свеченост по повод одбележувањето 14 години Македонско-руска стопанска комора […]

Пчеларството во тренд, станува и семеен бизнис


Пчеларството оди во нагорна линија и е важен елемент во сите сфери на современиот човек. Имаме пчелари од сите бранши и од сите старосни структури. Пчеларството станува семеен бизнис. Голем број млади се определуваат да се занимаваат со пчеларство, истакна денеска претседателот на Пчеларската федерација, Јане Марков на отворањето на Пчеларскиот саем на плоштадот „Македонија“ […]

Стапката на невработеност во 2018 била 20,7 отсто


Стапката на невработеност во 2018 година изнесувала 20,7 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Стапката на невработеност во 2017 година, покажуваат податоците на заводот, била 22,4 отсто. Активното население во 2018 година изнесува 957.623 лица, од кои вработени се 759. 054, а 198.569 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е […]

Градежна комора при ССК: Становите ќе поскапуваат поради зголемените трошоци


Повисоки цени на становите во наредниот период поради постојаниот раст на трошоците за градежни материјали и за вработените, очекува Градежната комора  при Сојузот на стопански комори. – Ако сакаме, а мораме да градиме квалитетни станови, факт е дека цената ќе оди во нагорна линија, а колкав ќе биде процентот ќе покаже пазарот и тоа е […]

Просечна плата во јануари 24.517 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2019 година изнесува 24.517 денари, објави Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари годинава во однос на јануари 2018 година, бележи зголемување од два отсто. Растото се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите дејности […]

Заев со бордот на „Македонија 2025“: Да го искористиме огромниот потенцијал за соработка


Премиерот Зоран Заев денеска оствари средба со новата директорка на бордот на директори на „Македонија 2025“ Вера Ставроф и новиот главен извршен директор Никица Мојсоска-Блажевски за можностите на продлабочување на соработката во насока на поддршка на економскиот развој на земјата. На средбата, како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев ја посочил важноста на процесот на зачленувањето […]