Хартиените сметки заминуваат во историјата


За трговија на државата и јавниот сектор повеќе нема да се испишуваат хартиени сметки и фактури, туку тие ќе се издаваат само во електронски облик.
Како што пренесува хрватски „Дневник“, заради побрза постапката и државата и претприемачите се надеваат на значајни заштеди.
Сметките нема повеќе да се испраќаат по пошта, па нема да има ни трошок за поштарина, но ќе се плаќаат информациски посредници преку кои ќе се разменуваат е-сметките.
Сепак, даночните стручњаци истакнуваат дека потешко ќе се контролираат електронските сметки, како и дека самата дигитализација нема да ги спречи малверзациите во јавната набавка.
Државата смета дека поради некористењето хартија во јавните набавки ќе заштеди повеќе од две милијарди куни (270.000.000 евра).
Европската Унија проценува дека со потполно воведување е-сметки ќе оствари заштеда од  423 милијарди евра.