Јунската плата за вработените во градинките повисока за 16 отсто


Со измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата за 16 отсто се зголемуваат платите на воспитувачите/ките, негователите/ките, стручните работници/чки и соработници/чки. Се зголемуваат и платите на помошно-техничкиот пероснал со Колективен договор потпишан со синдикатот. Исплатата на зголемените плати започнува со исплатата на јунската плата во текот на месец јули, информираат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

– Градинката е место каде започнува развојот на детето. Тука децата го осознаваат светот, тука ги градат темелите на нивниот понатамошен развој и напредок. Токму затоа, ние продолжуаме да инвестираме во нови објекти, но и во кадрите кои се грижат за нашите најмлади и целокупниот квалитет на предучилишното образование, се наведува во соопштението од МТСП.