Поскапуваат бензините и дизелот


Цените на нафтените деривати се повисоки за денар до денар и пол, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Цената на еуросупер 95 се зголемува за 1,50 денар за литар, додека цените на еуросупер 98, дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за еден денар.

Согласно најновата одлука на РКЕ, новата цена на еуросупер 95 е 68,50 ден/лит, а еуросупер 98 се продава по цена од 70,50 ден./литар. Малопродажната цена на дизелот е 61,50 ден./лит, а на екстра лесното масло за домаќинство 51 ден./лит. Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 1,612 ден./кг во однос на претходно утврдената цена така што новата цена на мазутот е 34,849 ден./кг.

Покачувањето на цените на бензините се должи на зголемувањето на цената на нафтените деривати на светскиот пазар и на понискиот курс на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период.