Извозот од БиХ помал за една милијарда КМ во првите шест месеци годинава


Од јануари до јули 2020 година, Босна и Херцеговина извезе вкупно стоки во вредност од пет милијарди и 96 милиони конвертибилни марки (КМ), што е за една милијарда КМ помалку отколку во истиот период минатата година. Во исто време, увезела стока во вредност од вкупно осум милијарди и 192 милиони КМ, според Комората за надворешна […]

Месечните примања на работниците во Германија намалени за 2,2 отсто


Германија– Бруто месечната заработка на работниците со полно работно време или скратено работно време во Германија во просек е 2,2 проценти пониска во вториот квартал во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Федералното биро за статистика. Падот на приходите најмногу се должи на скратено работно време за време на ограничувањата воведени поради пандемијата […]

За финансиите во Ватикан ќе се грижат жени


Папата Франциско назначи дури шест жени експерти во новиот состав на Економскиот совет, меѓу кои и поранешен благајник на принцот Чарлс и поранешен министер во владата на Тони Блер. Поранешниот благајник на принцот Чарлс и поранешен министер за образование и транспорт во британската влада на Тони Блер, се меѓу шесте жени избрани од папата Франциско […]

Тим Кук се приклучи на клубот на милијардери


САД-Извршниот директор на „Епл“, Тим Кук влезе во клубот на милијардери, откако вредноста на акциите на таа технолошка компанија продолжува да „цвета“. Пазарната вредност на „Епл“ е во пораст по силните деловни резултати и оптимистичките прогнози за тој технолошки гигант. Кук директно поседува 847.969 акции и заработи повеќе од 125 милиони американски долари минатата година […]

СДСМ: Преку 200 милиони евра влегоа кај граѓаните и во домашното стопанство


До овој момент, Владата предводена од СДСМ осигура да се влеат преку 200 милиони евра кај граѓаните и домашното стопанство. Помошта за граѓаните и економијата ќе продолжи и во следните месеци и веднаш по формирањето на новата Влада, реагираа денес од СДСМ на прес конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски која обвини владата за […]

Мицкоски: Нерационалните трошења ја доведоа економијата во колапс


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја обвини Владата дека веднаш по изборите економијата ја довела во колапс и тоа, како што вели, како последица на серијата погрешни одлуки, на нерационалното трошење на еврообврзницата „насочена кон досега најголемиот институционален поткуп за време на изборен процес“. „Цената се плаќа денес. Бизнисот тоне. Банкарскиот и финансискиот сектор е […]

За Македонија 160 милиони евра од ЕУ во рамките на поддршката за осум програми за макрофинансиска помош


Европската Комисија (ЕК), во име на ЕУ, од денеска договори Меморандуми за разбирање (МзР) за програми за макрофинансиска помош (МФП) со осум партнери. Договорите се дел од Пакетот за МФП од три милијарди евра за десет земји кои се во процесот на проширување и земји од соседството, со цел да им се помогне да го […]

Мицкоски: За да не поскапи струјата треба да се намали маржата на универзалниот снабдувач


За да не поскапи цената на електричната енергија потребно е само да се намали маржата на универзалниот снабдувач која изнесува 11,5 отсто, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој потсети дека и укажаал во повеќе наврати на Владата дека цената на електричната енергија со либералиацијата на пазарот ќе се покачува и ја појасни постапката […]

Најголема загуба на работни места во Британија од 2009 година


Бројот на вработени во Велика Британија за три месеци, заклучно со јуни, падна најмногу од 2009 година затоа што кризата со коронавирус силно го погоди пазарот на трудот, иако владината програма за субвенционирање плати сè уште е во сила со цел зачувување на работните места. Националното биро за статистика (ОНС) денеска објави дека бројот на […]

Пандемијата и натаму носи ризици за економијата


Последните макроекономски показатели укажуваат на силни ефекти на пандемијата на КОВИД-19 врз глобалната и домашната економија. Иако економските основи на среден рок се оценуваат како здрави, сепак, амбиентот во кој се спроведува монетарната политика е променлив, со исклучително висока неизвесност, оценува Народната банка во августовскиот Квартален извештај. Во однос на изворите на ризици, тие и […]

Шумското производство помало за пет отсто


Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во второто тримесечје од 2020 година, во однос на второто тримесечје од 2019 година, е намалено за 5.0 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови, рудничкото дрво од листопадни видови, друго обло дрво од иглолисни видови, просторното […]

Италија и Франција го намалуваат производството на вино заради помалата побарувачка


Водечките италијански и француски винари сакаат да го намалат производството на врвните вина, откако пандемијата со коронавирус ги испразни хотелите и баровите и визбите ги остави полни со милиони непродадени шишиња. Во Италија, домашната побарувачка за вино се очекува да падне за речиси една третина откако хотелите, рестораните и винските барови беа затворени со месеци […]

Пасоши за инвестиции – како елитите патуваат за време на пандемијата


Барањата за пасоши во елитниот свет на миграција не се темелат толку на државјанството, колку на богатството и на спремноста да се движите слободно низ целата планета За повеќето луѓе, пандемијата на коронавирус значи помалку опции за патување. Но, не толку за супербогатите семејства кои сè повеќе ги користат своите пари за да ги поминуваат […]

Генералниот директор на Њујорк тајмс заминува од весникот со пакет на акции од 40 милиони долари


Пакетот акции во сопственост на генералниот директор на американскиот весник Њујорк тајмс, Марк Томпсон, кој треба да замине од функција во септември, чини 37 милиони долари. Сумата на уделот на Томпсон во весникот изданието ја пресмета повикувајќи се на годишниот книговодствен извештај на Њујорк тајмс. Според тие податоци, тој поседува 788 илјади акции, при што […]

Во Обвинителството оди список со 344 имиња за неисплатената државна помош, 243 газди се спасија


Владата ќе достави список ддо Јавното обвинителство со 344 газди на фирми кои не им исплатиле по 14.500 денари на нивните вработени за месеците април и мај, иако за тоа ддобиле државна помош како дел од пакет мерките за надминување на последиците од корона кризата. Тие злоупотребиле 180.000 евра од државниот минималец. Првичниот список е […]

Цената на златото може да достигне 4.000 долари, прогнозираат експерти


Цената на златото на почетокот од месецот го помина прагот од 2.000 долари за унца, ниво што не е забележано од септември 2011 година. Според аналитичарите цената на златото ќе продолжи да расте. – Многу лесно цената на златото може да достигне 4.000 долари, изјави главниот извршен директор на инвестициската компанија „Американски глобални инвеститори“ (US […]

Во црногорските банки странците имаат 747 милиони евра депозити


На крајот на јуни годинава, нерезиденти и странци имале 747 милиони евра депозити во банките во Црна Гора. Во исто време, вкупните депозити на граѓаните и фирмите изнесуваа 33 милијарди евра. Централната банка на Црна Гора соопшти дека нема податоци за тоа колку странци имаат трансакциски сметки во Црна Гора. „Засега Централната банка на Црна […]

ЕСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Безидејни сте, се залагате за двојно повисока цена на струјата


Продолжи допишувањето на енергетските компании со ВМРО-ДПМНЕ околу цената на струјата во земјата. -Опозициската партија ВМРО ДПМНЕ се залага АД ЕСМ да не му ја продава на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум целата електрична енергија која му е потребна за снабдување на граѓаните, туку само 75%, додека остатокот ЕСМ да го продава на слободниот пазар и […]

Ковачевски: Ниски страсти од ВМРО-ДПМНЕ


Васко Ковачевски реагираше на серијалот обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ за состојбите по поплавите во  РЕК Битола, повикувајќи го Христијан Мицкоски да дојде, да ги засука ракавите и да помогне да се нормализира работата место да ги демотивира луѓето што работат на тоа. -Вработените во рудниците ги вложуваат најмаксималните напори да се средат состојбите и да се […]

Ковачевски му порачува на Мицкоски да го соблече „салонското одело“ и да дојде во „Суводол“


Првиот човек на акционерското друштво ЕСМ, Васко Ковачевски денес ги повика ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на таа партија, Христијан Мицкоски, да не одмагаат во врска со состојбите во РЕК „Битола“ и поплавените рудници „Суводол“ и „Брод Гнеотино“. Ковачевски во видео изјава, очигледно изнервиран од постојаните напади од ВМРО-ДПМНЕ, им порача „да молчат“, а на Мицкоски „да […]