Ковачевски: Ниски страсти од ВМРО-ДПМНЕ

Васко Ковачевски реагираше на серијалот обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ за состојбите по поплавите во  РЕК Битола, повикувајќи го Христијан Мицкоски да дојде, да ги засука ракавите и да помогне да се нормализира работата место да ги демотивира луѓето што работат на тоа.

-Вработените во рудниците ги вложуваат најмаксималните напори да се средат состојбите и да се врати нормалното функциорање во рудникот Суводол, а потоа и во рудникот Брод  во Неготино.Меѓутоа мотивацијата нивна е голема од нивна страна  но крајно се разочарани од политичките изјави на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицкоски  којшто во овој период наместо да помогне само одмага и затоа топло препорачувам најдобро е во овој момент тие да молчат и ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

До колку нешто не му е јасно посебно на професорот Мицкоски којшто во одреден период бил и директор во компанијата  нека го соблече удобното салонско одело  и лакованите чевли,  нека облече  работнички алишта како нас и  нека дојде во рудникот Суводол да види со каква елементарна непогода се справуваме сите  во комбинатот и во нашата  компанија.

И да види и да се сретне со работниците во рудникот  и во  очи да им каже дека тие работници не треба   да добиваат пет проценти повисока плата,  не треба  да добиваат К-15,  не треба  да добиваат ладен оброк,  дури не треба да добиваат ниту вода за пиење. Само така  професорот Мицкоски ќе ја знае реалната состојба  како  е на терен во овој момент, како е во рудникот Суводол.Крајно неетички и неморално ниските  страсти ВМРО ДПМНЕ  да ги изразува на  прес конференеции на нивните портпаролчиња

Меѓутоа нас тоа нема да не обесхрабри, ние сме силни, храбри, мотивирани, сите заедно во компанијата  со наш  ангажман ќе ја надминеме оваа криза и за многу  брзо комбинатот РЕК Битола ќе биде ставен во полна  функција, а исто така  и компанијата која впорчем не се темели само на  РЕК Битола, него тука работимме на производство на енерија од хидроелектраните, на ветерниците  ставена е во функција   и гасната централа Когел,  а подготвена за функција и   РЕК Осломеј во Кичево. стои во реакцијата на Ковачевски.