Во Обвинителството оди список со 344 имиња за неисплатената државна помош, 243 газди се спасија


Фото: Б. Грданоски

Владата ќе достави список ддо Јавното обвинителство со 344 газди на фирми кои не им исплатиле по 14.500 денари на нивните вработени за месеците април и мај, иако за тоа ддобиле државна помош како дел од пакет мерките за надминување на последиците од корона кризата.

Тие злоупотребиле 180.000 евра од државниот минималец. Првичниот список е помал за 243 имиња на газди кои во меѓувреме ги исплатиле платите на вработените.

Од Генералниот секретаријат за Телма потврдија дека финалниот список денеска патува кон Обвинителството

Денеска ќе биде пуштен списокот до Обвинителство. На Овинителството останува да утврди дали има основ за покренување на постапка, вели Рашковски за Телма.

Првично УЈП објави дека вкупно 708 газди за два месеци не исплатиле околу 385.000 евра на над 1.700 вработени.