Електронски ќе се следат вложувањата во регионалниот развој, точно ќе се знае кој регион колку добил и за што ги потрошил


Вложувањата во регионалниот развој ќе се следат електронски. Точно ќе се знае кој регион колку средства добил од државниот Буџет, за што и како ги потрошил. Во тек е креирањето на електронскиот систем СиРеРа, со швајцарска поддршка, а за неговото воспоставување е задолжен Кабинетот на вицепремиерката Мила Царовска. -Преку мојот Кабинет се воспоставува електронски систем […]

Зеле пари од државата преку мерката плати за работниците, но не им ја исплатиле


Злоупотреби на добиените средства од финансиската поддршка од државата за исплата на плата на вработените откри анализата на Управата за јавни приходи преку која се спроведуваше владината мерка чија основа цел беше да се задржат што повеќе вработени на работните места. Станува збор за 281 работодавач во април кои не ја исполниле обврската за исплата […]

ЕЦБ побара од банките да не исплаќаат дивиденди до 1 јануари следната година


Банките во еврозоната треба да ја одложат исплатата на дивиденди и за откуп на акции до 1 јануари следната година, советува Европската централна банка (ЕЦБ), јави ДПА. Европската Централна банка, чие седиште е во Франкфурт, се надева дека ова ќе ја зајакне способноста на кредиторите да ги „преземат“ загубите за време на пандемијата на коронавирусот, […]

„Новартис“ се откажа од Азија, ќе гради фабрика за пеницилин во Австрија


„Новартис“ ќе инвестира 150 милиони евра во целосно интегрирана фабрика за пеницилин во Австрија, наместо да го премести производството во Азија, објави швајцарската мултинационална компанија. Австриската Влада понуди да помогне во инвестицијата со 50 милиони евра во обид да ја задржи последната таква фабрика во Австрија, изјави австриската министерка за економија Маргарет Шрамбук на прес-конференција во Виена. […]

Антистрес соба, безглутенски тестенини… пет бизнис идеи добија по 4.000 евра грант од ПСМ Фондација


Основачите на најдобрите бизнис идеи кои учествуваа во онлајн акцелераторската програма за почнување бизнис организирана од ПСМ Фондација, добија финансиски средства со вкупен фонд од 20.000 евра, односно пет грантови по 4.000 евра. Беровко Дооел, основач Душица Крстеска – Производство на домашни џемови, сирупи и безглутенски тестенини, Анти стрес соба, основач Горан Бошковски – Специјализирана […]

Уште четири дена аплицирање за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста


Компаниите што инвестирале за време на пандемијата со коронавирусот имаат уште четири дена да аплицираат на јавниот повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во пост-ковид периодот. Со повикот државата предвидува финансиска поддршка од вкупно 20 милиони евра за сите компании кои годинава и покрај пандемијата и економската криза продолжија да […]

Колку ќе чини вакцината против коронавирус


Координаторите на глобалниот сојуз за вакцина против корона вирус поставија широк опсег на цени кога станува збор за индивидуални вакцини против КОВИД-19, при што нивото од 40 долари за доза е највисока цена, дознава Ројтерс. Сет Беркли, извршен директор на алијансата за вакцинира ГАВИ, вели дека тие немаат целна цена за вакцината и дека се […]

НЛБ известува за предвремена исплата на јулските пензии


Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, НЛБ Банка ќе ги исплати пензиите на 28 – ми јули (вторник). Во насока на поголема заштита, подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 28 – ми јули пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на […]

Комерцијална банка известува за предвремена исплата на јулските пензии


Комерцијална банка ги известува своите клиенти – пензионери дека предвремено ќе ја исплати јулската пензија. Со тоа, сите наши клиенти – пензионери кои своите средства ги подигаат преку мрежата на банкомати или плаќаат со картички, со пензијата ќе можат да располагаат веќе од денес (28.7.2020 г.) Сакајќи да ги заштитиме оние пензионери кои не користат […]

Ангеловска: До 25 јули издадени над 300.000 домашни платежни картички


Министерката за финансии Нина Ангеловска на Фејсбук објави дека заклучно со 25 јули се издадени над 300.000 домашни платежни картички. – Сите приговори се обработени. Од 46.000 приговори – 9.200 се прифатени, од кои – 5.800 млади лица од 16 до 29 години, 700 невработени лица со низок доход и околу 2.700 вработени лица со […]

Блумберг: Индиската „Рилајанс“ ја надмина „Ексон мобил“ и стана втора енергетска компанија во светот 


Индиската Relience Industries ја надмина американската ExxonMobil и стана втора енергетска компанија во светот според пазарна капитализација. На прво место е саудискатa Saudi Aramco. Kaко што денеска соопшти агенцијата Блумберг, при затворањето на тргувањата на берзата во Мумбај во петокот, цената на акциите на компанијата контролирана од Мукeш Амбани, најбогатиот човек во Азија, се зголемила за 4,3 проценти. Така, […]

Бундесбанк очекува рекорден пад на БДП во вториот квартал


Германската економија во вториот квартал најверојатно ќе забележи пад без преседан во услови на пандемија, покажува извештајот на германската централна банка, Бундесбанк, објавен во понеделникот. Вториот квартал на 2020 година веројатно ќе резултира во „најголем пад на реалниот бруто-домашен производ (БДП)“ од 1970 година, кога германскиот уред за статистика „Дестатис“ започна да објавува квартална серија […]

Туристичките работници в среда на мирен протест


Со мирен протест пред Владата, в среда, на 29 јули, туристичките работници ќе се обидат уште еднаш да укажат дека без поддршка од државата не можат да ја надминат ситуацијата во која се најдоа поради корона вирусот. Како што соопштија попладнево, за протестот се пријавени повеќе од 700 учесници кои ќе бидат следени од автобуси. […]

Вработените на Гугл ќе работат од дома до следното лето


Компанијата „Гугл“ одлучи нејзините вработени да работат од дома до јули следната година, објави денеска „Вол стрит журнал“. „Извршниот директор Сундар Пичаи лично ја донесе одлуката минатата недела по состанокот на највисоките директори на овој интернет-гигант“, пишува весникот. „Гугл“ претходно планираше работниците да останат да работат од дома до крајот на 2020 година. Новата одлука […]

Трка до дното – државната помош и странските инвестиции во регионот, каде е Македонија


Земјите од Западен Балкан се обидуваат со што поголеми бенефиции да „ловат“ странски инвеститори, притоа занемарувајќи дека е најважна политичката стабилност и безбедност како и деловно-правното и регулаторно опкружување   Обемот на државната помош што им била одобрена на странските инвеститори во изминатите десетина години во Македонија е меѓу пониските во регионот, покажуваат резултатите од […]

Кои компании во Европа ги намалуваат работните места заради КОВИД-19?


Невработеноста во цела Европа се зголеми како резултат на пандемијата на коронавирус при што авиокомпаниите и автомобилскиот сектор направија некои од најголемите кратења на работните места   Околу 397.000 луѓе во Европската унија ги загубија работните места во април, според податоците на агенцијата за статистика на ЕУ, објавени во јуни. Стапката на невработеност во ЕУ […]

Пад на цената на нафтата


САД– Цените на нафтата денеска забележаа пад, бидејќи инвеститорите вложуваат во сигурен имот поради растот на новозаболени со Ковид-19 во светот и поради тензиите помеѓу САД и Кина. Цената на северноамериканската нафта брент се намали за 20 центи или за 0,5 проценти и се тргуваше за 43,14 долари за барел, додека американската ВТИ (WTI) нафта […]

Дојче Банк: Од 2025 година нема да има повеќе кредити за рудници за јаглен


Германија – Дојче Банк денеска соопшти дека најдоцна до 2025 година ќе престане да ги финансира деловните активности поврзани со копање на јаглен низ целиот свет. Германскиот кредитор исто така објави дека ќе престане да финансира нови проекти на Арктикот и проекти поврзани со нафтени песоци.

Бензините поевтини за половина денар по литар


Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивото останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,26 отсто. Новата малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 59,5 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 […]

Од утре предвремена и етапна исплата на пензиите за јули


Исплатата на пензии за јули почнува од утре, информираат од Министерството за труд и социјална политика, од каде додаваат и дека со предвремена и етапна исплата на пензиите, што се реализира последниве четири месеци, се овозможува поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот. -Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките […]