Заев ветува битка за секое работно место


Една од првите грижи на Владата е да се спречи отпуштањето на вработените од страна на работдавачите по завршувањето на мерката што ја нудеше државата за зачувување на работните места. Веднаш ќе работиме на мерки за да може државата да помогне за да се заштити секое работно место во нашата земја, тоа ќе ни биде […]

Владиниот економски тим во ССК: Бизнисот очекува нови мерки за поддршка од Владата


Соодветна финансиска поддршка за компаниите во четвртиот пакет мерки за да се надмине кризата предизвика од пандемијата со Ковид-19, значително намалување на парафискалните давачки и заедничка борба против корупцијата и сивата економија, побара денеска Сојузот на стопански комори на Македонија од новата Влада, а премиерот Зоран Заев вети стабилност и предвидливост во следниот период и […]

Заев ќе им нуди работа на поранешните пратеници за да не земаат апанажа


 Апанажата секогаш е актуелна после парламентарните избори и е законско право што го користат пратениците и другите функционери. Дури и да донесеме сега измена во Законот за апанажа, може да важи отсега па натаму, не може да важи ретроактивно, одговори премиерот Зоран Заев по денешната прва официјална средба во Сојузот на стопански комори на Македонија […]

Средба во ССК со премиерот и економскиот тим на новата Влада


Сојузот на стопански комори на Македонија, денеска организира официјална средба со премиерот и економскиот тим по формирањето на новата Влада. Како што информираат од ССК во фокусот на средбата ќе бидат најважните економски приоритети за потребите на реалното стопанството кои треба итно да се преземат. На средбата присутни ќе бидат и вицепремиерот за економски прашања, ресорните […]

Од наредниот месец редовна отплата на кредитите на оние на кои не им е потребно одложување, новото продолжување само за погодените од кризата


Одложена отплата на кредитите  за нови шест месеци, заклучно со март 2021 година овозможуваат банките, но тоа ќе важи само за оние  кои имаат реална неопходна потреба за одложување. Ваквата одлука ја соопшти Народната банка вчера, а следеше по неколкуте одржани состаноци со Македонската банкарска асоцијација со цел да им се помогне на клиентите погодени […]

Индустриското производство во Хрватска паѓа девет месеци по ред


Индустриското производство во Хрватска опадна во јули, деветти месец по ред на годишно ниво, иако со малку пониска стапка од јуни. Државниот завод за статистика (ДЗС) денеска објави дека индустриското производство паднало за 1,6 проценти на годишно ниво во јули, додека се зголемило за 5,6 проценти во споредба со претходниот месец, пренесува порталот Seebiz. Хрватската […]

Железницата во Македонија не е безбедна


Независниот синдикат на градежни работници, инженери и трговци во градежништвото (НСГРИТ) бара детална анализа од стручни лица за состојбата на железничката мрежа врз основа на којашто, како што вели претседателот на овој Синдикат Атанас Трајковски, ќе се подобри состојбата на терен која долги години се запоставувала, а како резултат на тоа на терен има одрони […]

Советот на НБ: Финансискиот сектор е отпорен на ковид-кризата


Советот на Народната банка одржа редовна седница на која го разгледа и го усвои Извештајот за финансиската стабилност во 2019 година. На седницата се заклучи дека во текот на минатата година, во услови на стабилен амбиент, домашниот финансиски сектор остана здрав и стабилен, а ризиците за финансиската стабилност се задржаа во умерени рамки. Анализите презентирани […]

Вработените со бенeфициран стаж до 30 септември да изберат во кој пензиски фонд ќе продолжат


Членовите на задолжителните капитално финасирани пензиски фондови кои имаат бенeфициран стаж најдоцна до 30 септември треба да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителен пензиски фонд. Ако не достават изјава со која ќе го направат изборот, членството во задолжителниот пензиски фонд ќе им престане на 1 октомври годинава. По престанување на членството пензиското друштво […]

До неодамна предизвик им беше канабисот, а сега волшебни лековити печурки


Откако акциите на канабис предизвикаа вистински возбуда на финансиските пазари во 2017/2018 година, берзите би можело да ги освои ново опојно средство во 2020 година. Наместо марихуана, сега тоа се волшебни лековити печурки Иницијалнаата јавна понуда (ИПО) на канадската компанија за печурки Шампињон-Брендс (Champignon-Brands) може да ги доведе инвеститорите до ново лудило. За разлика од […]

Нема одложување на кредитите за сите – банките ќе оценуваат кому е тоа неопходно


Само граѓаните кои имаат реална, неопходна потреба ќе добијат можност уште шест месеци да ја одложат отплатата на кредитите кон банките, соопшти Македонската банкарска асоцијација. Под тоа се подразбира ако на пример некој останал без работа, има намалени месечни примања, високи трошоци за лекување и сл. Тоа значи дека вториот период на одложена отплата нема […]

Италија: По четири месеци пад, зголемена стапката на вработеност


Стапката на вработеност во Италија се зголеми за 0,2 проценти во јули, првпат откако опаѓаше четири месеци по ред за време на пандемијата на Ковид-19. Растот на вработеноста ги опфаќа скоро сите возрасни групи, освен категоријата од 25 до 34 години, објави Италијанскиот институт за статистика (Истат). Како што е наведено, стапката на вработеност се […]

Кампања на НЛБ банка со VISA картичките за поддршка на најпогодените бизниси од Ковид-19


НЛБ Банка во периодот од 1.9.2020 до 30.9.2020 година спроведува промотивна кампања за НЛБ Visa картичките за физички лица. Преку оваа кампања, Банката, од една страна обезбедува низа поволности за своите клиенти – корисници на НЛБ Visa картичките, а од друга страна овозможува помош за бизнисите кои се најпогодени од кризата и на кои во […]

Народна банка даде зелено светло за одложување на отплата на кредитите за уште шест месеци


Народната банка им даде зелено светло на банките за уште едно одложување на кредитните обврски на граѓаните кон банките за дополнителни шест месеци, односно до крајот на март идната година. Банките ќе треба самите да ги определат критериумите под кои ќе го овозможат ова одложување. Го пренесуваме соопштението од Народната банка во целост: Имајќи ги […]

Рударот на годината и менаџментот на САСА кај Пендаровски – пандемијата не го сопре производството на олово и цинк


Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација на Рудникот САСА од Македонска Каменица, предводена од генералниот директор Олег Телној. Покрај менаџментот на компанијата, на средбата беше присутен и Звонко Стоименовски, најдобар рудар за 2020 година во Рудникот САСА. На средбата, како што соопштија од неговиот кабинет, претседателот Пендаровски му упатил честитки на Звонко Стоименовски за признанието […]

Невработеноста во Еврозоната се зголеми на 7,9 проценти


И покрај олеснувањето на мерките за борба против Ковид-19, невработеноста во земјите од еврозоната се искачи на 7,9 проценти во јули, во споредба со 7,7 проценти во јуни, покажуваат податоците од последниот извештај на Евростат. Заводот за статистика на Европската унија проценува дека 15.184 милиони мажи и жени во ЕУ, од кои 12.793 милиони во […]

ОКТА ќе додели стипендии за втор циклус студии на студенти на УКИМ


„Окта“ четврта година по ред ќе додели целосни стипендии за постдипломски студии на студентите на УКИМ. Компанијата потпиша Меморандум за соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, со кој се продолжува повеќегодишната поддршка на најстариот државен универзитет. Како дел од својата корпоративна општествено одговорна стратегија, целта на „Окта“ е да се поттикнат студентите да вложуваат […]

Во време на корона граѓаните се насочија кон плаќање со картички


Плаќањето со платежни картички во трговијата е зголемено во услови на пандемија, покажуваат податоците на Народната банка од платежната статистика за вториот квартал од годинава. Оттаму денеска информираа дека плаќањето со платежни картички забележува годишен раст кај бројот и вредноста на остварените трансакции од 7,4 проценти и 17,6 проценти.  Висок е годишниот раст на бројот на […]

Приходите на аликацијата „Зум“ зголемени 3,5 пати


Популарната апликација за видеоврски, „Зум“ забележа скок на приходите и повеќе од двојно зголемена заработка во второто тримесчје. Проценките говорат дека тоа е поради корона-кризата што ја зголемила побарувачката за овој вид услуга. Приходите на компанијата се зголемени за 355 отсто, на 663,5 милиони американски долари. Акциите на „Зум“ вчера достигнаа рекордно високо ниво, затворајќи […]

Заработи повеќе од Безос, побогат е од Закерберг


  Елон Маск по богатство го престигна сопственикот на „Фејсбук“ Марк Закерберг и стана третиот најбогат човек на планетата. Маск, кој стои зад компанијата „Тесла“ и „Спејс икс“, сега има 115 милијарди долари, додека Закерберг има четири милијарди помалку. Она што е интересно е што Маск го престигна Џеф Безос по растот на богатството во […]