Невработеноста во Еврозоната се зголеми на 7,9 проценти

И покрај олеснувањето на мерките за борба против Ковид-19, невработеноста во земјите од еврозоната се искачи на 7,9 проценти во јули, во споредба со 7,7 проценти во јуни, покажуваат податоците од последниот извештај на Евростат.

Заводот за статистика на Европската унија проценува дека 15.184 милиони мажи и жени во ЕУ, од кои 12.793 милиони во еврозоната, биле невработени во јули оваа година.

Во споредба со јуни, бројот на невработени се зголеми за 336.000 во ЕУ и за 344.000 во еврозоната.

Кога станува збор за млади луѓе, на возраст под 25 години, во јули 2020 година, 2.906 милиони од нив биле невработени во ЕУ, од кои 2.338 милиони во еврозоната.